Америка сè уште живее со духот на Џон Кенеди

Претседателот Џон Кенеди во Белата куќа, 23.10.1962.

Соединетите Држави в петок ќе ја одбележат 50 годишнината од атентатот врз претседателот Џон Кенеди. Неговото убиство често пати се означува и како смрт на американската невиност.
Џон Кенеди беше четвртиот американски претседател кој е убиен за време на извршувањето на претседателската функција, но прв чија смрт беше снимена на лента која потоа постојано и беше повторувана на шокираната нација.

Одличен оратор и прв претседател на телевизиската ера, неговата смрт уште за време на неговиот прв мандат на 46-годишна возраст го замрзна како голем симбол на нереализираните ветувања.

Претседателот Џон Кенеди во Далас пред да биде убиен, 22.11.1963.


И половина век од атентатот врз претседателот Џон кенеди, американците се уште је немаат целата приказна, главно поради тоа што голем дел од владините документи остануваат строго доверливи.
Официјалните резултати, базирани врз четири детални истраги покажуваат дека тој бил убиен од истрели од проблематичниот 26-годишен маринец ветеран кој се вратил од бегство во Советскиот Сојуз, Ли Харви Освалд.

Но, до денес, многумина не се волни да прифатат дека тоа било чин на осамен човек. Повеќето веруваат дека Освалд работел во поширока заговорничка мрежа, идеја која потоа беше наголемо подгревана и од огромната индустрија на книги и филмови на таа тема.

Иако Американците остануваат поделени околу причината за смртта на Кенеди, тие се единствени во оценката дека станува збор за маркантен претседател и покрај неговиот краток рок во Белата куќа.

Анкетата на Галуп по повод годишнинатата покажува дека три четвртини од гласачите го оценуваат позитивно и покрај тоа што Кенеди умре кога Соединетите Држави беа пред нуклеарна војна и во вселенска трка со Советскиот Сојуз, како и заглавени во војната во Виетнам.

Неговата сопруга Џеки Кенеди по денот на атентатот, 22 ноември 1963 година, ќе стане своевидна икона, а сите други членови на неговото семејство водечки ликови во американската драма.

Многумина од неговиот богат бостонски католички клан ќе бидат вовлечени во скандали, а неговиот брат Роберт Кенеди кој беше главен јавен обвинител ќе биде убиен исто така во атентат во 1968 година.

Годинашните комеморации за Џон Кенеди, јавни или приватни, со почит или полни со теории на заговор, ќе се одвиваат во три градови Бостон, каде што е неговото семејство, Вашингтон, каде што претседателствуваше и Далас, каде што беше убиен.

Џон Кенеди и неговиот брат Роберт Кенеди


Како и да е, и половина век од тој момент, Американците сè уште је немаат целата приказна, главно поради тоа што голем дел од владините документи остануваат строго доверливи.

Реномирани групи и поединци проценуваат дека имало над 1170 необјавени документи и еден милион скриени белешки на ЦИА во врска со атентатот.

Во законот што во 1992 година го потпиша тогашниот претседател Џорџ Буш се предвидува сите преостанати документи за убиството на Џон Кенеди да не се објавуваат пред 26 октомври 2017 година.

Значи, идниот американски претседател ќе решава дали тие ќе бидат објавени или и натаму ќе се чуваат во тајност.

Во меѓувреме, за Џон Кенеди веќе се објавени 40 илјади книги и десетици филмови. За оваа недела се најеви уште десетици нови книги и две телевизиски серии.