Достапни линкови

Мал чекор за човекот - голем за човештвото


Членовите на Аполо 11
Членовите на Аполо 11
Денеска се навршуваат точно 40 години од историскиот прв чекор на Месечината на американскиот астроунаут Нил Армстронг. На 20 јули 1969 година 600 милиони луѓе седеа пред телевизорите и денеска на мисијата на Аполо 11 се гледа како на еден од клучните настани на 20 век. Како дух во црно бело издание Нил Армстронг излезе од капсулата Орел во вселената следен од Едвин Баз Одрин во она што и денеска е голем чекор за човештвото. Тоа беше и голема победа за Соединетите држави во однос на тогашниот Советски Сојуз. Москва претходно го испрати првиот сателит и првиот човек во вселената Јуриј Гагарин.

,,Тоа беше интензивно и им дозволи на двете страни да тргнат по високи цели во науката и истражувањето,.

изјави Нил Армстронг. Тој и Олдрин на Месечината ја тестираа гравитацијата, собраа примероци на камења, останаа 21 час, ги поставија американското знаме и украсната плоча со порака ,,Доагаме во мир за целото човештво,, и се вратија на шатлот Колумбија од каде третиот астронаут Мајкл Колинс ги врати безбедно на земјата. Сега сето тоа е историја.

,,Најдобар начин да се одаде почест и да се запаметат сите кои беа дел од Аполо 11 е да се следат нашите чекори и да се преземе нова истражувачка мисија. Ако нашите лидери денеска се мудри како што беше Претседателот Кенеди силна и визионерска програма може да се превземе повторно.

изјави Астронаутот Олдрин, со напомена дека во иднина НАСА треба да се фокусира на нови цели како што е Марс, објаснувајќи дека на Марс постојат поповолни услови за живот отколку на Месечината.Со него се согласи и членот на Аполо 11 астронаутот Мајкл Колинс.

,,Некогаш мислам дека летав на погрешно место. Марс ми беше омилен и како дете и се уште ми е омилен. Месечината не е посебно интересно место, но Марс е,,.

Армстронг и Олдрин беа првите од 12 американски астронаути кои одеа по Месечината. Последниот Јуџин Кеман ја напушти месечината во Декември 1972 година. Неговата позната стапка од чизма е последната трага од човекот на Месечината.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG