Костов и Вршкова со рецитал во КИЦ

Виолинистот Владимир Костов и пијанистката Марија Вршкова

Со програма составена од дела на Паволек, Коџабашија, Месијан и Комитас на 19 ноември, во 20 часот, во Салон 19.19 на Културно-информативниот културен центар во Скопје, рецитал ќе одржат врвните македонски репродуктивни уметници - Владимир Костов и Марија Вршкова. Овој настап доаѓа не многу по нивното успешно претставување во Виена.
Виолинистот Владимир Костов и пијанистката Марија Вршкова стамено го продолжуваат својот заеднички од по концертните подиуми. По Виена еве ги во Салон 19.19 на Културно-информативниот центар од Скопје со програма во која се дела кои по прв пат ќе прозвучат пред македонската публика. Ќе свират композиции од Паволек – истакнат композитор од помладата генерација австриски творци, нашиот Никола Коџабашија, а тука е и последниот став од легендарниот квартет на Оливие Месијан (возвишена музика за величењето на бесмртноста на Исус Христос) и уште една композиција во четири става од холандскиот автор Александар Комитас, чија изведба своевремено кај нас, како што вели Костов, „поминала незабележано“.
Со финансиската помош што ја добиваат, на репродуктивните уметници во Австрија им е многу лесно да организираат концертни настапи, додека овде кај нас ние самите се трудиме да се справиме со сите проблеми.
Владимир Костов, виолинист.

„Се работи за композиции кои што се тонални. Значи не се оној класичен тип на подоцнежни композиции на 20 и почеток на 21 век каде што тоналноста е во втор план, туку за дела кои во себе содржат доста неоромантични и неокласични елементи. “

Виолинистот Владимир Костов.


Говорејќи за неодамнешното искуство од настапот во Австрија, земјата која е основоположник на европската музичка култура, Костов потенцира дека наспроти задоволството што ја имале таа можност да се искачат на еден од тамошните подиуми од таму се враќаат и со едно горко сознание.

„Со финансиската помош што ја добиваат, на репродуктивните уметници во Австрија, им е многу лесно да организираат концертни настапи, додека овде кај нас ние самите се трудиме да се справиме
А, кај нас, пак, немаме основни елементарни услови за воведување на еден таков вид на концертрирање затоа што едноставно нема агенција.
со сите проблеми. Значи кај нас, генерално фали менаџерска куќа која врз себе би ги презела таквите организациони обврски. “

Виолинистот дополнува дека за успех, особено надвор од земјава, веќе не е доволен талентот туку дека покрај виртуозноста е неопходно потребна една голема машинерија која треба да застане зад неговото име и да произведе „ѕвезда“.

„Сè се оди генерално на многу голем маркетинг, една многу голема машинерија која што ќе работи на популаризација на музичарите. Се разбира дека тие треба да бидат добри, меѓутоа толку многу ги има што навистина е многу тешко човек да се пробие на пазарот а некогаш и не така фер игри се играат за да се добие место на таа сцена. А, кај нас, пак, немаме основни елементарни услови за воведување на еден таков вид на концертрирање затоа што едноставно нема агенција. “

Роден 1975 година во Битола, Владимир Костов дипломирал и магистрирал на ФМУ во Скопје, во класата на професор Михајло Куфојанакис. Тој е единствен музички уметник од Македонија кој повеќе пати е биран за член на реномираниот Светски младински оркестар со кој што настапувал на турнеи во Европа, Америка и Азија, притоа соработувајќи со врвни светски диригенти. Во периодот 2000 – 2004 година бил еден од предавачите по виолина во Меѓународниот симфониски оркестар за млади при ЦЕИ, а негов особен интерес е камерната музика. Водач е на повеќе камерни оркестри и ансамбли ( АЛЕА, камерното студио за барокна музика БАХУС, квартетот БРЕВИС, клавирското трио ВАМ...), редовен член на Камерниот оркестар при Македонската филхармонија и Камерниот оркестар на МММ. Сем во Македонија настапувал на повеќе фестивали и музички манифестации во Украина, Германија, Велика Британија, Полска и во земјите од регионов.
Костов е концерт-мајстор на Македонската филхармонија и доцент на ФМУ во Скопје.

Од друга страна, Марија Вршкова дипломирала со највисока оценка CUM LAUDE на ФМУ во класата на професор Тодор Светиев кај кого ги завршила и постдипломските студии. Пијанистката е добитничка на повеќе државни и меѓународни награди, а како солист и камерен музичар со афинитет кон современото творештво, со успех настапувала на бројни музички манифестации и фестивали во земјава и во странство. Таа зад себе има неколку албумски објави со повеќемина истакнати македонски уметници, а заради нејзината виртуозна изведба и несекојдневното чувство за кооперативност на сцена е веројатно една од најпожелуваните наши музички уметници за соработка.

„Уште кога бевме во нижо музичко училиште во Битола имавме состав каде што за прв пат со Марија засвиревме заедно и оттогаш некако сама по себе се наметна таа соработка за заедничко музицирање и во средното училиште и на Академија. Ова особено дојде до израз по завршувањето на студиите кога се создава еден пат за насочување на кариерата на секој еден музичар. Самата блискост и пријателството со Марија ни овозможува програмата со леснотија да ја бираме. За соработник треба да се има некој човек што е голем професионалец и со кој што сте на иста бранова должина.“