Телефонските анкети на јавното мислење имаат низа слабости и сето тоа создава сомнеж во нивната веродостојност, велат и дел од граѓаните и познавачите.
Телефонските анкети на јавното мислење кои во јавноста се презентираат како анонимни, кај граѓаните раѓаат чувство на сомнеж, па оттука не им веруваат на резултатите до кои дошле. Повеќето граѓани велат дека одбиваат да одговараат на прашања по телефон, најчесто затоа што немаат доверба кон оној од другата страна. Повеќето од они кои ги прашавме велат дека имаат искрен однос кога ќе прифатат да бидат дел од анкета, но дека не се убедени дека останатите испитаници постапуваат на истиот начин.
„Јас за себе одговарам како што е, а за другите не знам.“
„Зависи од прашањето.“
„Луѓето многу малку сакаат да одговараат на анкетни прашања во сегашно време. Не знам зошто е така, но така е.“
„Нема што да се плашиме, политика си е политика.“
„Ништо тоа, само го лажат народот.“
„Тоа што јас го кажувам го верувам, меѓутоа дали луѓето тоа што го кажуваат навистина го мислат, тоа не сум сигурен.“
Упатените во оваа област посочуваат дека телефонската анкета не може да биде анонимна како тип, зошто некој треба да го знае вашето име за да дојде до телефонскиот број. Оттука не може да сметаме дека луѓето се искрени кога учествуваат во ваквите истражувања, вели комуникологот Александар Цветкоски и додава уште две причини поради кои луѓето немаат искрен однос кон анкетите.
„Страв и калкуланство, значи луѓето не се плашат толку многу, колку што се Македонците калкуланти. Знаете колку се тесно поврзани со политичките партии во секојдневниот живот и сите замислуваат дека ако кажат, тоа ќе им се одрази на нивното котирање во општеството или дали може да имаат нешто со власта, некој договор или може да им се одрази ако бидат искрени, особено ако зборуваат нешто против властите.“
Цветковски е убеден дека резултатите до кои се доаѓа по спроведувањето на овие анкети не се веродостојни. Постои степен на корекција во таквите анкети кои кај нас многу малку се применува, посочува Цветкоски кој меѓудругото е активист во невладиниот сектор и има искуство со ваквите истражувања.
„Прво кој контролира, кој, како одговорил. Воопшто немаме снимање на одговорите на лента за да потоа бидат проверливи и понатаму прашањето е кој плаќа за таквата анкета, анкетите не се така евтини како што мислат луѓето и секогаш тој што плаќа сака секогаш да има инклинација на една страна, или дури задаваат и однапред проценти, а тие ја одработуваат анкетата само да се знае дека ете некаде се јавиле.“
Уште една слабост која се посочува во телефонските анкети е тоа што луѓето ги мешаат мислењата на групата со оние индивидуалните, искуствени мислења, а исто така не постои тест кој ќе покаже дали прашањата кои ги содржи конкретната анкета се точни и вистинските за она што е предмет на истражување. Сите тие фактори според стручната јавност, доведуваат до тоа да се спроведуваат погрешни анкети и погрешни резултати.
Луѓето многу малку сакаат да одговараат на анкетни прашања во сегашно време. Не знам зошто е така, но така е.Анкетиран граѓанин.
„Јас за себе одговарам како што е, а за другите не знам.“
„Зависи од прашањето.“
„Луѓето многу малку сакаат да одговараат на анкетни прашања во сегашно време. Не знам зошто е така, но така е.“
„Нема што да се плашиме, политика си е политика.“
„Ништо тоа, само го лажат народот.“
„Тоа што јас го кажувам го верувам, меѓутоа дали луѓето тоа што го кажуваат навистина го мислат, тоа не сум сигурен.“
Прво кој контролира, кој, како одговорил. Воопшто немаме снимање на одговорите на лента за да потоа бидат проверливи и понатаму прашањето е кој плаќа за таквата анкета.Александар Цветкоски, комуниколог.