Достапни линкови

Форсирани анкети можат негитивно да влијаат врз избирачкото тело


Анкетите за рејтингот на политичарите и политичките партии влијаат врз потенцијалните гласачи, тврдат комуниколозите. Агенциите што ги изработуваат тврдат дека работат по утврдени методи

Анкетите за рејтингот на политичарите и политичките партии влијаат врз потенцијалните гласачи, тврдат комуниколозите. Од Советот за радиодифузија велат дека доколку истражувањата се издржани и презентирани во согласност со нормите на законот, тогаш нивното емитување во етерот не е забрането. Од една од агенциите која ги спроведува истражувањата, пак, велат дека анкетите се издржани, имено валидни, бидејки се изработуваат по утврдени методи. Комуникологот Живко Андревски вели дека презентацијата на резултатите од анкетите влијае врз публиката.

„Односно почесто се верува дека кога некој е во некаква предност, значи има повисок рејтинг во однос на политичкиот противник или во однос на друга некаква ситуација, дека за него повеќе луѓе би се определиле, под верувањето дека луѓето би се определиле за победникот.“

Андревски, додава дека од друга страна, публиката не секогаш се идентификува со оние кои имаат поголем рејтинг во анкетите:
Форсирани анкети можат негативно да влијаат врз изборачкото тело


„Форсирани анкети можат негативно да влијаат врз изборачкото тело, посебно поради тоа што во реалноста работите можеби не изгледаат многу поинаку, но секако во извесен степен поразлично од тоа што го покажуваат анкетите.“

Еден од од центрите кои ги изработува анкетите за рејтинг на политичките партии и кандидатите е „Брима Галуп“. Од таму велат дека анкетите се валидни. Според Тања Кимова, раководител на проект во Брима, резултатите од анкетите презентираат релативно реална слика на состојбите.

„Тоа што припаѓаме на две познати реномирани светски истражувачки куќи не обврзува да почитуваме одредени истражувачки стандарди и да применуваме одредени истражувачки методологии. методологијата која ја имаме превземено е од нив. Тоа е методологија која се користи веќе шест децении.“
Многу е важно да се почитува изборниот законик каде што е наведено конкретно кога се објавуваат испитувања на јавни мислења за кандидатите

Од Советот за радиодифузија, надлежен за надгледување на медиумите пред и за време на мартовските избори, велат дека презентацијата на анкети е дозволена. Претседателот на советот Зоран Стефаноски вели дека битно е како ќе се презентираат анкетите

„Во суштина се работи за испитување на јавно мислење. Не е забрането но многу е важно да се почитува изборниот законик каде што е наведено конкретно дека кога се објавуваат испитувања на јавни мислења за кандидатите, политичките партии и групи избирачи во изборната кампања, се наведува името на институцијата.“

Во овој период најактуелни се анкетите за рејтингот на претседателските кандидати.
XS
SM
MD
LG