Кумановци генерално се задоволни од работата на комуналните служби, но не се задоволни од однесувањето на некои нивни сограѓани.
Редовно одржување на комуналната хигиена од локалното Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и организирање акции за почисто и попријатно место за живеење, не се доволни сè додека свеста кај граѓаните на Куманово не се издигне на повисоко ниво, сметаат кумановци. Тие генерално се задоволни од работата на надлежните, но не се задоволни од однесувањето на некои нивни сограѓани.
„Имаме проблеми на неколку локации во Куманово каде што свеста навистина не работи. Генерално „Чистота и зеленило“ ја извршува работата, тоа е факт. За граѓаните можеби треба едукација или поголема медиумска кампања.“
„Мислам дека во Куманово има недостаток на садови за смет. Свеста на граѓаните е на толку ниско ниво бидејќи не сакаат подалеку од својот двор или од својот стан ако се во колективна станбена зграда, да излезат и да го фрлат сметот на местата одредени за тоа, туку само да фрлат, да го отарасат од својот дом, а не им е битно дали е на улица или на јавна зелена површина“, велат анкетираните граѓани.
РСЕ: Задоволни ли сте од комуналната хигиена во градот?
„Делумно, не целосно. Задоволен сум од вработените од ЈП „Чистота и зеленило“, но не сум задоволен од самите граѓани. Бидејќи тие колку и да чистат, свеста на граѓаните треба да биде на повисоко ниво. Проблемот е во граѓаните“, вели анкетиран кумановец.
Сашо Петрушевски, директор на „Чистота и зеленило“, вели дека претпријатието работи успешно. Освен што редовно се извршуваат активностите за одржување на комуналната хигиена, изминатите три години со поддршка на иницијативата на одредени здруженија на граѓани организирани се и изведени 45 акции за чистење на градот. Тој додава дека таа пракса ќе продолжи и во иднина. Претпријатието во изминатиот квартал покажало позитивни резултати, вработените редовно примаат плата, меѓутоа проблемот со кој се соочува и претпријатието и граѓаните се пред една година изменетите Закони за гробишта и за погребални услуги. Според нив, со гробиштата стопанисува јавно претпријатие, а погребалните услуги се дадени на приватни претпријатија. Петрушевски објаснува:
„Пред една година, според Законот за гробишта, управување со гробиштата е на ЈП „Чистота и зеленило“, а законските одредби за погребални услуги се либерализирани, така што се дадени на приватни претпријатија кои вршат услуги на тие гробишта“, вели тој.
Граѓаните кои имаат потреба од погребални услуги често пати се неинформирани за оваа измена, како од православната, така и од муслиманската вероисповест. За ова Петрушевски информира:
„Имав состанок со секретарот на Исламската верска заедница (ИВЗ) бидејќи се доведени во прашање муслиманските гробишта. Заеднички реагиравме до сите релевантни структури, поведена е иницијатива за враќање на овој Закон по старо бидејќи се доаѓа во колизија со управување и извршување. Имено, ние управуваме, а друг извршува погребални услуги и луѓето не знаат каде да се обратат. Цените беа утврдени според законот за јавни претпријатија, сега сите во државава сме дојдени шаховски кажано во пат позиција, и на инсистирање на сите општини во државава мислам дека по поминување во собраниска процедура законот ќе се врати по старо“, вели Петрушевски.
Генерално „Чистота и зеленило“ ја извршува работата, тоа е факт. За граѓаните можеби треба едукација или поголема медиумска кампања.Анкетиран граѓанин на Куманово.
„Имаме проблеми на неколку локации во Куманово каде што свеста навистина не работи. Генерално „Чистота и зеленило“ ја извршува работата, тоа е факт. За граѓаните можеби треба едукација или поголема медиумска кампања.“
„Мислам дека во Куманово има недостаток на садови за смет. Свеста на граѓаните е на толку ниско ниво бидејќи не сакаат подалеку од својот двор или од својот стан ако се во колективна станбена зграда, да излезат и да го фрлат сметот на местата одредени за тоа, туку само да фрлат, да го отарасат од својот дом, а не им е битно дали е на улица или на јавна зелена површина“, велат анкетираните граѓани.
Пред една година, според Законот за гробишта, управување со гробиштата е на ЈП „Чистота и зеленило“, а законските одредби за погребални услуги се либерализирани, така што се дадени на приватни претпријатија кои вршат услуги на тие гробишта.Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.