Граѓаните велат дека ова не е ништо ново и дека тие постојано се гушат. Од Град Скопје велат дека имаат мал обем надлежности во врска со проблемот на загадувањето на воздухот.
Неколку дена по ред во Скопје тешко се дише. Граѓаните велат дека ова не е ништо ново и дека тие постојано се гушат. Податоците за зголеменото загадување, на места и по 7- 8 пати над дозволеното, може да се видат и на официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање. Но не само во Скопје, тешко се дише и во Тетово, во Кичево, во Велес.
„Да, сигурно дека е загаден воздухот. Јас никогаш не сум бил пушач, а ми се сушат устите.“
„Повеќе има автомобили отколку пешаци, и тоа се по еден се вози.“
„Тоа се чувствува уште во раните утрински часови, а и попладне е страшно неподносливо.“
„Ние сме навикнати вака и не можеме да почувствуваме промена“, велат анкетираните граѓани.
Малите цврсти честички во воздухот го напагаат белодробниот систем, а можат да предизвикаат и канцерогени заболувања и срцеви проблеми. Законите велат дека не
смее да има дневни надминувања на загаденост на воздухот повеќе од 35 пати во годината. Упатените апелираат луѓето да не движат многу на отворен простор, да не ги проветруваат просториите, да носат заштитни маски, особено хронично болните.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски изјави дека Град Скопје има мал обем надлежности во врска со проблемот на загадувањето на воздухот, кој според мерењето на Министерството за животна средина и просторно планирање во главниот град е неквалитетен и над максимално дозволената граница од 50 микрометри.
„Секaко ќе стапиме во контакт со Министерството за животна средина кое е надлежно за оваа проблематика, ќе ги дискутираме мерките кои треба да се преземат и во консултација со него, доколку е потребно, ќе преземеме соодветни мерки“, изјави скопскиот градоначалник.
Методија Саздов од Македонски зелен центар вели дека локалните власти не можат ништо да преземат против загадувањето, туку со тоа треба да се справи државата. Тој вели дека големите загадувачи се уште немаат интегрирани еколошки дозволи иако тие самите си дале рок тоа да го средат до 2014 година.
„Владата е сега ставена во теснец пред Брисел и пред фирмите, значи пред Брисел ќе треба да се оправда, да каже ќе морам да им дадам на фирмите уште малку да загадуваат, да не инвестираат во животна средина. Ќе треба да се посрамоти во Брисел за да ја задоволи економијата на вработување, да не се затвораат фабриките.“
Според податоци на Светска банка, објавени во анализа минатата година, во Македонија како последица на загаден воздух умираат по 1.350 луѓе, или тоа е по еден смртен случај на секои шест часа. Освен што им штети на луѓето, загадениот воздух ја оштетува и економијата. Во анализата се наведува дека државата за износите за лекување и губитокот на продуктивноста, троши повеќе од 250 милиони евра годишно. Во анализата се вели дека ако Македонија ги намали концентрациите до граничните вредности на ЕУ, би се избегнале над 800 смртни случаи, и би се заштедиле околу 150 милион евра годишно.
Да, сигурно дека е загаден воздухот. Јас никогаш не сум бил пушач, а ми се сушат устите.Анкетиран граѓанин.
„Да, сигурно дека е загаден воздухот. Јас никогаш не сум бил пушач, а ми се сушат устите.“
„Повеќе има автомобили отколку пешаци, и тоа се по еден се вози.“
„Тоа се чувствува уште во раните утрински часови, а и попладне е страшно неподносливо.“
„Ние сме навикнати вака и не можеме да почувствуваме промена“, велат анкетираните граѓани.
Малите цврсти честички во воздухот го напагаат белодробниот систем, а можат да предизвикаат и канцерогени заболувања и срцеви проблеми. Законите велат дека не
Секaко ќе стапиме во контакт со Министерството за животна средина кое е надлежно за оваа проблематика, ќе ги дискутираме мерките кои треба да се преземат и во консултација со него, доколку е потребно, ќе преземеме соодветни мерки.Гоце Трајановски, градоначалник на Град Скопје.