Кој има повеќе имот Шеќеринска или Мијалков е новата тема за коментирање. Коментари привлекува и „името“, но и ставот на СРД за порталите.
Граѓаните имаат ново колаче за јадење: дуелот Шеќеринска-Мијалков во врска со нивните имотни состојби. Шеќеринска упати само пратеничко прашање, а потоа следуваше лавина соопштенија од Мијалков и пресови на владејачката партија.
Перо пишува дека настапот на Шеќеринска е храбар, но дека империјата ќе го возврати ударот и тоа жестоко. Том коментира дека „мажот ѝ на Шекеринска е газдата на Дајнерс и дека не продава семки, а Мијалков го стекнал богатството со преземање на фирми,Топлификација, Жито
Полог, ЗИК Пелагонија и други“, па, вели, „мафијаш си е мафијаш и тоа ќе остане“. Незабеган предлага посетителите на сајтов, особено, како што пишува, оние неколкумина патриотски загрижени, „да донираат прилози за овој социјален случај кој живее во изнајмен стан“ и потсетува дека извесна Нада Груева има дури 4
стана во Прага под тоа име и дека некоја Нада Груевска честопати патува заедно во Прага со Мијалков. Пиле прашува на кого ќе приложува докази Шеќеринска по оценката за селективна правда на македонските институции од страна на Стејт департментот и Европската комисија и дека политиката на власта го парализира целиот правен и демократски систем во
државава.
Коментарите по текстот „Кој ја кажува вистината за името?“ и најновите изјави на Ахмети дека преговорите не задираат во идентитетот и јазикот, се свртеле, наместо на поентата за дведеценискиот проблем на тоа каква власт има државава: „една со двоглав орел, друга со лавче како симболи“, како што пишува Незабеган, дека сме „единствен пример на држава со две влади“, како што коментира Перо, а, пак, Јас со иронија ги коментира зборовите на Пендаровски:„Смешки... ако не сме го решеле проблемот ќе сме земеле пасоши од други држави и ќе заминеме. Хахаха, кај му текна само овој бисер?“
За најавите на СРД дека ќе ги забранува порталите наводно „илегално“ финансирани од странски пари, а се чини сите знаат дека се мисли на Фондацијата Отворено општество - Сорос, Мене објаснува дека можеле да се блокираат АјПи адресите кон серверот, „ама тоа е цензура како во Иран или во Кина, а тоа како ќе помине, не знам“, пишува Мене. Перо потсетува дека „секој поупатен во информатичка технологија знае колку тежи еден портал, а изборите и милионите што ги спомнува СРД се само увод во тотален мрак“. Коле вели: „Со други зборови Трајчевски сака да каже дека треба да се затворат порталите кои ја критикуваат власта“.
Настапот на Шеќеринска е храбар, но дека империјата ќе го возврати ударот и тоа жестоко.Коментар на читател.
Перо пишува дека настапот на Шеќеринска е храбар, но дека империјата ќе го возврати ударот и тоа жестоко. Том коментира дека „мажот ѝ на Шекеринска е газдата на Дајнерс и дека не продава семки, а Мијалков го стекнал богатството со преземање на фирми,Топлификација, Жито
Секој поупатен во информатичка технологија знае колку тежи еден портал, а изборите и милионите што ги спомнува СРД се само увод во тотален мрак.Коментар на читател.