Дали паралелата со Љубе Бошкоски треба да ја сфатам како закана?, праша на Твитер пратеничката Радмила Шеќеринска, по реакцијата на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков на нејзиното пратеничко прашање за тоа како заработил 1, 6 милиони евра за пет години?
Во својот одговор до јавноста, Мијалков вели дека наводите на пратеничката Шеќеринска се целосна лага и измислица, додавајќи дека поради недостаток на идеи и проекти СДСМ ја продолжува практиката на изнесување лаги и манипулации во јавноста, со цел извртување на фактите во насока на дискредитирање на личности. Во својата реакција, меѓудругото Мијалков потсетува дека со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски, па оттука е испровоциран и последниот твит на пратеничката Шеќеринска.
Инаку вчера на пратенички прашања потпретседателката на Социјалдемократите праша како е можно шефот на тајната полиција да го дуплира своето богатство за само пет години, споредувајќи ги притоа податоците од анкетниот лист на Мијалков во 2008 година и во 2013.
„Како е возможно денеска тој да тврди дека земал не цел милион евра за продажба на удел во две фирми, а во исто време во денешниов анкетен лист да пријавува дека е се уште сопственик не на една, не на две, туку на четири фирми. Две домашни и две странски“, вели Шеќеринска.
Во својот писмен одговор до јавноста Мијалков вели дека неговиот удел од 50% во фирмата регистрирана во 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, односно во две одвоени трансакции по 25% кои вределе по 500.000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист.
“Од таму се тие милион евра кои тогаш ги наведуваше Бошковски, а сега Шекеринска, споредувајќи ги со оснивачкиот влог во фирмата“, наведува директорот на УБК.
Правните експерти велат дека пратеникот има право да постави прашање до кој било државен функционер и тука нема елементи на клевета и навреда, а доколку се утврдат појавите за кој поставуваат прашање да се иницира постапка за конкретна одговорност.
Професорот Осман Кадриу вели дека доколку постојат индикации за противзаконско работење, случајот прво треба да го испитаат Комисијата за спречување корупција и Министерството за финансии, односно Управата за јавни приходи. Органите за прогон постапуваат дури ако се утврди дека збогатувањето е резултат за кривично дело.
„Трето ако збогатувањето ви е резултат на конкретни кривични дела во тој случај и органите за прогон се надлежни да иницираат постапка“, вели Кадриу.
Спомнувањето на името на Љубе Бошковски во одговорот на Мијалков според Кадриу не значи директна закана за Шеќеринска.
„Јас мислам дека нема тука елементи за никаква закана, вели Кадриу.
Мијалков ја повика Шеќеринска доколку поседува барем еден доказ во корист на кажаното, да ги приложи на Јавниот обвинител. Во спротивно ја повика јавно да му се извини, бидејќи како што пишува собраниската говорница не смее да служи како параван и заштита од судската одговорност за сторените клевети и навреди.
Како е возможно денеска тој да тврди дека земал не цел милион евра за продажба на удел во две фирми, а во исто време во денешниов анкетен лист да пријавува дека е се уште сопственик не на една, не на две, туку на четири фирми.Радмила Шеќеринска, потпретседател на СДСМ.
Во својот одговор до јавноста, Мијалков вели дека наводите на пратеничката Шеќеринска се целосна лага и измислица, додавајќи дека поради недостаток на идеи и проекти СДСМ ја продолжува практиката на изнесување лаги и манипулации во јавноста, со цел извртување на фактите во насока на дискредитирање на личности. Во својата реакција, меѓудругото Мијалков потсетува дека со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски, па оттука е испровоциран и последниот твит на пратеничката Шеќеринска.
Инаку вчера на пратенички прашања потпретседателката на Социјалдемократите праша како е можно шефот на тајната полиција да го дуплира своето богатство за само пет години, споредувајќи ги притоа податоците од анкетниот лист на Мијалков во 2008 година и во 2013.
Јас мислам дека нема тука елементи за никаква закана.Осман Кадриу, универзитетски професор