Стечајците доставуваат сметки до Владата

Протест на стечјаците во Куманово.

Стечајците од денеска доставуваат неплатени сметки и извршни решенија до Владата, за да ги платат политичарите кои не го решаваат нивниот статус.
Стечајците од денеска доставуваат неплатени сметки и извршни решенија до Владата, тврдејќи дека немаат за леб, а сметките може да ги платат политичарите кои се уште се немаат договорено за предлог законот со кои се решава нивниот статус. Стечајката Љиљана Георгиевска вели дека на комисијата на која се расправало законското решение биле сведоци на нечовечност.
И покрај нашите укажувања за тоа како живеат стечајците верувајте дека немаше ниту трошка почит или сожалување од нивна страна.
Љиљана Георгиевска, стечајка.

„И покрај нашите укажувања за тоа како живеат стечајците, како се справуваат со болести, до кој степен се дојдени со наплатување на сметки, со долговите кон државата, верувајте дека немаше ниту трошка почит или сожалување од нивна страна, зборувам за пратениците од владејачката партија.“

Стечајци во Куманово.


Георгиевска смета дека политичарите ги користат стечајците за да приберат гласови.

„Тоа беше на почеток, првин ВМРО-ДПМНЕ си играше со нашите судбини, потоа СДСМ, тоа да, меѓутоа и ние имавме корист затоа што предлог законите одеа во процедура, така што и двете партии гледаат во нас како на производ од гласови.“
Ова што сега се случува со предлог законот на опозицијата е на некој начин обид да се направи една социјална правда.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Социјално ранливите групи отсекогаш биле тема на интерес на политичките партии, вели политикологот Соња Стојадиновиќ.

„Ова што сега се случува со предлог законот на опозицијата е на некој начин обид да се направи една социјална правда, да се реши еден социјален проблем поради кој и тие имаат вина, но и владејачката партија има вина во сите години од своето владеење.“

Колку и да е добар предлог законот на опозицијата, власта ќе го отфрли, вели Стојадиновиќ.

„Веднаш бидејќи е дојден од страна на опозицијата, а и од финансиски аспект, аранжманите со ММФ и со Светска банка нема да дозволат такво решение на еден социјален проблем кој се провлекува повеќе од 15 години.“

Има пари за споменици а за нас нема, забележува Георгиевска

„Ако кажеме дека 16 милиони евра чини само една фасада на зградата на владата, а ние бараме замислете 6 милиони евра на годишно ниво да се обештетат стечајните работници, така што јас мислам дека е крајно време оваа голгота да престане и да се најде решение. Ако господата од власта мислат дека ова не е добар предлог законот, тие нека понудат закон, да се седне да се отвори социјален дијалог.“