Влезот во ОН значеше добивање на меѓународна легитимација, оти дотогаш секоја од шестте републики на поранешна Југославија, меѓу кои и Македонија, беше некаква недефинирана територија, вели поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малески.
Полноправното членство на Македонија во Обединетите нации значи да се биде дел од светското општество на држави, вели поранешниот шеф на дипломатијата и амбасадор во ОН, Денко Малески. Влезот во оваа организација значеше добивање на меѓународна легитимација, оти дотогаш секоја од шестте републики на поранешна Југославија, меѓу кои и Македонија, беше некаква недефинирана територија, вели Малески.
„Влезот во 1993 година и даде легитимација на Македонија дека е суверена држава и дека од тука натаму може да се зачленува во сите меѓународни организации, можеше да оди во меѓународната банка, во други меѓународни организации да бара пари за поддршка за својот развој“, вели Малески.
Грција го пренесе своето влијание и во оваа организација од Европската заедница каде што нè блокираше и успеа да го прикаже проблемот со името како многу голема закана за безбедноста, па токму затоа Македонија беше примена под привремената референца ПЈРМ, вели Малески - еден од значителните моменти кои ја одбележаа нашата дваесетгодишна историја со ОН е и потпишувањето на привремената спогодба со Грција.
„Времената спогодба беше издејствувана под притисок на американската администрација која виде дека резолуцијата на ОН при нашиот прием за барање решение не вроди со плод, дека грчката влада наметна ембарго“, вели Малески.
Членството во големата фамилија на привилегираните дава можност за нормално функционирање на државата, вели поранешниот дипломат Алајдин Демири. Секако дека најважно од сè е членството, но во изминатите дваесет години, Македонија, како млада држава, беше исправена пред многу предизвици кои ги решаваше со меѓународна помош, вели тој.
„Иако се гледа дека проблемот со името е нерешлив, залагањето на ОН е веќе важно, именувањето на медијатор е важно, што од една страна укажува на таа добра волја тој проблем да се реши“, вели Демири.
Доаѓањето на мировните сили на УНПРЕДЕП беше исто така една од точките на соработка. Оваа идеја за превентивна акција на ОН беше донесена од страна на македонското раководство, во време кога потребата за барање меѓународни набљудувачи на границите се правдало со повлекувањето на ЈНА и стравот дека нашата територија е неодбранета, вели Малески.
„Се најде заедничко решение дека заедно сме посилни, дека ако тие дојдат тука, а се случи инвазија врз Македонија, дека владата на нашата држава, заедно со набљудувачите на границата, се посилна гаранција“, вели тој.
Во последните неколку години пред говорницата на ОН, се обраќаат наизменично претседателот и премиерот. Во минатогодишниот говор пред Генералното собрание на ОН, претседателот на државата Ѓорге Иванов истакна дека во 21 век е апсурдно некој да биде ословуван како поранешна држава или поранешна колонија и побара засилен ангажман од ОН за решавање на спорот со името. Македонскиот претседател ја повика Грција да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата и да ги почитува меѓународно преземените обврски.
Времената спогодба беше издејствувана под притисок на американската администрација која виде дека резолуцијата на ОН при нашиот прием за барање решение не вроди со плод, дека грчката влада наметна ембарго.Денко Малески, поранешен шеф на дипломатијата и амбасадор во ОН.
„Влезот во 1993 година и даде легитимација на Македонија дека е суверена држава и дека од тука натаму може да се зачленува во сите меѓународни организации, можеше да оди во меѓународната банка, во други меѓународни организации да бара пари за поддршка за својот развој“, вели Малески.
Грција го пренесе своето влијание и во оваа организација од Европската заедница каде што нè блокираше и успеа да го прикаже проблемот со името како многу голема закана за безбедноста, па токму затоа Македонија беше примена под привремената референца ПЈРМ, вели Малески - еден од значителните моменти кои ја одбележаа нашата дваесетгодишна историја со ОН е и потпишувањето на привремената спогодба со Грција.
Иако се гледа дека проблемот со името е нерешлив, залагањето на ОН е веќе важно, именувањето на медијатор е важно, што од една страна укажува на таа добра волја тој проблем да се реши.Алајдин Демири, поранешен дипломат.