Додека некои објекти се реновираат и добиваат нови спортски сали и компјутери, други немаат простор ниту каде да ја одржуваат наставата.
Новата школска година започна, но некои од основните и средните училишта низ земјава и натаму се мачат со старите проблеми. Додека некои објекти се реновираат и добиваат нови спортски сали и компјутери, други немаат простор каде да ја одржуваат наставата.
Таков е примерот со училиштето во пелагониското село Долно Српци, каде наместо децата на први септември да седнат во училишните клупи, тие излегоа на протести. Училиштето кое изгоре во пожар во февруари годинава сè уште не е реновирано. Во меѓувреме, учениците се принудени да учат во селска заграда во импровизирани школски услови. Родителите и децата се жалат на лошите услови.
„Нема никакви услови, нема ни тоалет, ни вода, штиците се дотраени и пред кршење“, рече ученичката Сара Ристовска.
„Толку месеци од кога е запалено училиштето, никој нема дојдено. Кога можело во едно мариовско село за две деца школо направија, а кај нас остана запаленото училиште“, изјави родителот Трајче Вељанчевски.
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски изјави дека Владата ќе го исполни ветувањето за повторна изградба на училиштето во Српци, но дека е потребно време, за да се увиди состојбата.
Додека некои од учениците немаат каде да посетуваат настава, други учат во мизерни услови. Таков е случајот со училиштето во битолското село Крклино. Децата се принудени да учат во објект стар 70 години, кој има глувци, мириса на мувла и има покрив што прокиснува и ѕидови пред распаѓање. Родителите велат дека условите во училиштето се катастрофални.
„Штиците на подот се премачкани со прегорено масло, внатре мириса на мувла, а детето ми вели дека глувци има во шкафчињата каде што ги чуваат книгите. Децата се плашат да влезат во училница.“
„Овде учат 20 деца, а нема никакви услови. Наоколу е змијарник, а можеби и внатре има змии“, велат родителите.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески изјави дека Министерството за образование било во потрага по фирма која ќе го гради училиштето, затоа што претходната лошо ги изведувала работите.
Во медиумите имаше и други примери. Дел од учениците во основното училиште „Братство Миѓени“ се принудени наставата да ја следат и во подрумски простории. Во тетовската гимназија „Кирил Пејчинович“ исто така нема соодветни услови за средношколците. Во основното училиште во велешко Башино Село децата одат во тоалет кој се наоѓаат во дворот на објектот. Министерот Ристовски на почетокот на школската година изјави дека биле завршени најголем дел од активностите предвидени за нормално функционирање на наставата во училиштата низ земјата.
„Согласно динамиката и планот сметам дека во најголем дел, над 90 проценти од сите подготвителни активности, санации и реновирања се готови, но и редовната подготовка е во завршна фаза. Обезбедени се комплетно нови учебници од прво до трето одделение и корекциите на учебниците кои се пријавени како уништени“, изјави Ристовски.
Беа отворени и неколку нови училишта. Во населбите Аеродром, Хром и Илинден, како и во општина Дебарца и во Вевчани. Но, за некои од веќе постоечките, експертите потврдуваат дека имаат проблем со застарената инфраструктура.
Поранешниот министер за образование Ненад Новковски потврдува дека подолго време состојбата на поголем дел училишта во поглед на инфраструктурата е неповолна, бидејќи биле запоставувани во одредени периоди. Според него, биле започнати активности за реновирање и модернизација на инфраструктурата на училиштата во 1996 година со цел објектите да бидат пример за почитување на основните технички и хигиенски норми, но не се продолжило со истото темпо.
„Имаше некои определени пренасочувања на главните приоритети, се очекуваше некаде во 2008 овие состојби да бидат целосно санирани, таму каде што има постари објекти, каде што не се соодветни техничките и хигиенските норми, каде што не се запазени на соодветен начин. Но, имаше одредени работи кои стапуваа во друга насока, едно од тие работи беше набавката на изразено поголем број на компјутери од она што беше потребно, сега голем број од тие компјутери се застарени, не постои начин тие систематски да бидат обновувани“, вели Новковски.
Тој додава дека постојано се преземаат мерки за развој на инфраструктурата, но не колку што е потребно.
„Сметам дека отприлика можеби 70 отсто од тој обем и со тоа се прави пак заостанување. Кога би се работело во целиот обем со сите тие инвестиции кои се потребни за да се доведе инфраструктурата во соодветна состојба, за кратко време тоа би станало тековна активност, односно таа би била доведена во состојба да има тековно одржување, да се поправа она што во текот на претходната година било оштетено“, вели Новковски.
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков со спротивен став. Тој вели дека во изминатите десет години интензивно се вложува во инфраструктурата на училиштата, преку разни грантови и проекти.
„Училиштата во целост се реновираа, значи огромен број на училишта, сега во проценти не би можел да кажам, меѓутоа од тоалети за учениците и вработените, од врати и прозорци, до кровна конструкција, фасаден дел комплетно, огромен број училишта се реновирани, така што сметам дека во тој поглед наставниците имаат добри услови за работа, а секако и учениците во попријатен амбиент да ги усвојуваат новите знаења“, вели тој.
Според Неделков, единствено во минатата година имало проблеми со содржините во учебниците, но сега, според него, проблемот е решен.
„Па имаше такви кажувања мината година. По објавата на тендери за учебници, нели имаше автори кои правеа учебници одобрени преку разни комисии формирани преку Министерството за образование, коишто отпосле се утврди дека има недостатоци во тие учебници. Тие учебници се повлечени колку што сум информиран и мислам дека овие учебници кои се сега во оптек се коректни“, вели Неделков.
Со претседателот на Цивил, Џабир Дерала, разговаравме за проектот „Сите бои на мојата земја“ преку кој невладината имала можност да се запознае со состојбата на училиштата низ земјата.
РСЕ: Господине Дерала, со кои проблеми се соочуваат училиштата во Македонија?
Училиштата во Македонија, освен тоа што се во многу лоша состојба, барем дел од нив, во многу лоша состојбата се во поглед на финансии, во поглед на училници и воопшто на зградите, во поглед на опремата и работните материјали, со греењето во претстојната сезона се разбира, тоа ќе бидат уште поголеми проблеми. Образованието во Македонија има уште поголем проблем од овие, да кажам, материјални проблеми, а тоа е дека системот на образование не е соодветен на реалноста во Македонија. Има учебници кои изобилуваат со грешки, меѓутоа исто така имате учебници кои промовираат омраза, промовираат дискриминација и национализам. Имате учебници кои не можат да влезат во чекор до модерните текови во образованието во светот, па дури во регионот, имаме многу ретроградна образовна пракса и воопшто политика. А што се однесува до наставниот кадар, вие имате или наставен кадар кој што е претворен во партиски војници кои мора да промовираат некаква партиска политика или, пак, имате наставници кои се исплашени да направат што било за бенефит на учениците, кои, пак, страдаат поради тоа што нивните наставници се или уплашени или се под некаков партиски притисок, а сите заедно се крајно оптоварени со административни и други процедури и задолженија кои само го обременуваат наставникот и не може да се посвети на учениците и ученичките.
РСЕ: Како може да се надминат овие проблеми, односно да се подобри квалитетот на училиштата во земјата?
Најдобро е да се даде работата на професионалци, најдобро е образовниот систем да се рекреира, односно да се реформира во насока која ќе ја дадат луѓе кои добро ја познаваат и образовната материја и потребите на еден образовен процес и секако добро ја познаваат реалноста во Македонија, која е таква каква што е, во политичка, во етничка, во социјална и во културна смисла на зборот. Не зборувам само за мултиетничноста, туку и за мултикултуралноста, тоа исто така може да се поправи со знаењето и со експертизата која ја поседуваат невладините организации. Има неколку навистина многу битни невладини организации во Македонија кои спроведуваат или можат да спроведат сериозни политики и да понудат сериозни решенија, кои нема да чинат многу во смисла на средства, на финансии, меѓутоа ќе има долгорочна добивка од таквото нешто. Се разбира, мора да се работи и на малку пошироко ниво, односно да се работи со општата јавност, во неа да бидат таргетирани токму родителите кои се секако еден од поважните чинители во еден воспитно-образовен процес кај децата и кај младите.
РСЕ: Господине Дерала, колку владата и надлежните институции преземаат мерки за решавање на проблемите?
Од тоа што го кажав, можете да заклучите дека всушност овие проблеми произлегуваат од погрешните политики токму на надлежните, оние што ги имаат инструментите оваа состојба да ја санираат, токму тие се одговорни за ваквата состојба на образованието и образовниот процес во Македонија, значи не само во физичка смила, туку и во содржинска смисла на зборот, образованието падна на многу ниски гранки токму поради погрешните политики, завршува Џабир Дерала од невладината организација Цивил.
Неделков смета дека како синдикат вложуваат напори што побезболно да ги спроведат реформите на Министерството за образование, како што е проектот електронски дневник, екстерното оценување, како и другите за унапредување на воспитно-образовниот процес. Сето тоа се новини за кои треба време да се вклопат во образованието, вели тој.
„Веројатно ќе треба време додека сите заедно се вклопиме во тие новини, значи правиме максимум напори во корелација со Министерството, им обрнуваме внимание на сите оние недостатоци кои практично се јавуваат во училиштата. Значи за реформи ДА, добро е да се следи трендот на развиените западно-европски или светски држави, меѓутоа велиме малку да успориме, за да тоа оде што побезболно, значи оние тековни проблеми кои се јавуваат чекор по чекор да се отстрануваат и да оди побезболно“, вели Неделков.
Новковски смета дека не се проблем парите, бидејќи доколку не можат да се издвојат средства за училиштата на локално ниво, тогаш може на државно. Според него, за оние општини кои се посиромашни може да се најдат дополнителни средства од буџетот.
„Тоа не треба да биде сериозен проблем од тој аспект, покрај тоа ова исто така е поддршка за стопанството во определени региони, таму каде што ќе се инвестира во одржувањето на објектите тоа значи и вработувања, приходи за населението, односно поддршка и за другата економија, едновремено подобрување на условите за работа на учениците и поддршка на локалната економија“, вели Новковски.
Неделков вели дека е потребно и зголемување на платите, затоа што последната корекција е направена пред три години, а оттогаш се зголемени животните трошоци.
„Основната плата во средното и основното образование е нешто пониска од просечната плата на национално ниво додека, пак, градинките уште полошо стојат. Да речеме негувателките во градинките земаат околу 12 илјади денари плата, додека воспитувачите земаат 16 до 17 илјади денари плата“, рече Неделков.
Новковски порачува дека мора да се променат приоритетите во образованието, бидејќи имало активности кои биле предимензионирани во друга насока, а ресурсите не се соодветно применети и не даваат резултат и затоа заостануваме.
„Не даваат соодветен резултат, а ги трошат овие значајни ресурси и затоа е тоа заостанување, едноставно се работи за голем систем и ако оптимално не се планира, ако оптимално не се искористат ресурсите, тогаш не може да се постигнат најдобри резултати. А, несоодветниот однос исто така ги одбива и странските донатори кои се многу значајни, ако тие видат дека правилно се постапува, правилно се насочуваат ресурсите, тие соодветно ќе дадат поддршка и уште побрзо ќе се решаваат овие проблеми“, вели Новковски.
Вкупниот број на ученици кои ќе ја посетуваат наставата во оваа година во 457 училишта низ земјава, од кои 99 средни и 357 основни, изнесува речиси 300 илјади. Според податоците на Министерството за образование и наука, 90 илјади се ученици во средните училишта, а 210 илјади се ученици во основните училишта. За изградба на училиштето во Долно Српци, како и за другите училишта, надлежните институции ветија пари во наредната година. И додека министерот Ристовски на првиот школски ден се врати назад во училишните клупи во средното училиште Васил Антевски Дрен и се потсети на убавите денови, децата од Долно Српци и другите училишта ќе треба да почекаат до наредната година да видат дали ќе биде исполнето ветувањето и дали ќе добијат нормални услови за посетување на настава. И тие како и Ристовски да можат да имаат убави спомени за времето поминато во училишните клупи.
Нема никакви услови, нема ни тоалет, ни вода, штиците се дотраени и пред кршење.Сара Ристовска, ученичка во село Долно Српци.
Толку месеци од кога е запалено училиштето, никој нема дојдено. Кога можело во едно мариовско село за две деца школо направија, а кај нас остана запаленото училиште.Трајче Вељанчевски, родител на дете во Долно Српци.
„Нема никакви услови, нема ни тоалет, ни вода, штиците се дотраени и пред кршење“, рече ученичката Сара Ристовска.
„Толку месеци од кога е запалено училиштето, никој нема дојдено. Кога можело во едно мариовско село за две деца школо направија, а кај нас остана запаленото училиште“, изјави родителот Трајче Вељанчевски.
Штиците на подот се премачкани со прегорено масло, внатре мириса на мувла, а детето ми вели дека глувци има во шкафчињата каде што ги чуваат книгите. Децата се плашат да влезат во училница.Родител на дете од село Крклино.
„Штиците на подот се премачкани со прегорено масло, внатре мириса на мувла, а детето ми вели дека глувци има во шкафчињата каде што ги чуваат книгите. Децата се плашат да влезат во училница.“
„Овде учат 20 деца, а нема никакви услови. Наоколу е змијарник, а можеби и внатре има змии“, велат родителите.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески изјави дека Министерството за образование било во потрага по фирма која ќе го гради училиштето, затоа што претходната лошо ги изведувала работите.
Согласно динамиката и планот сметам дека во најголем дел, над 90 проценти од сите подготвителни активности, санации и реновирања се готови, но и редовната подготовка е во завршна фаза. Обезбедени се комплетно нови учебници од прво до трето одделение и корекциите на учебниците кои се пријавени како уништени,Спиро Ристовски, министер за образование.
„Согласно динамиката и планот сметам дека во најголем дел, над 90 проценти од сите подготвителни активности, санации и реновирања се готови, но и редовната подготовка е во завршна фаза. Обезбедени се комплетно нови учебници од прво до трето одделение и корекциите на учебниците кои се пријавени како уништени“, изјави Ристовски.
Беа отворени и неколку нови училишта. Во населбите Аеродром, Хром и Илинден, како и во општина Дебарца и во Вевчани. Но, за некои од веќе постоечките, експертите потврдуваат дека имаат проблем со застарената инфраструктура.
Имаше некои определени пренасочувања на главните приоритети, се очекуваше некаде во 2008 овие состојби да бидат целосно санирани, таму каде што има постари објекти, каде што не се соодветни техничките и хигиенските норми, каде што не се запазени на соодветен начин. Но, имаше одредени работи кои стапуваа во друга насока, едно од тие работи беше набавката на изразено поголем број на компјутери од она што беше потребно, сега голем број од тие компјутери се застарени, не постои начин тие систематски да бидат обновувани.Ненад Новковски, поранешен министер за образование.
Поранешниот министер за образование Ненад Новковски потврдува дека подолго време состојбата на поголем дел училишта во поглед на инфраструктурата е неповолна, бидејќи биле запоставувани во одредени периоди. Според него, биле започнати активности за реновирање и модернизација на инфраструктурата на училиштата во 1996 година со цел објектите да бидат пример за почитување на основните технички и хигиенски норми, но не се продолжило со истото темпо.
„Имаше некои определени пренасочувања на главните приоритети, се очекуваше некаде во 2008 овие состојби да бидат целосно санирани, таму каде што има постари објекти, каде што не се соодветни техничките и хигиенските норми, каде што не се запазени на соодветен начин. Но, имаше одредени работи кои стапуваа во друга насока, едно од тие работи беше набавката на изразено поголем број на компјутери од она што беше потребно, сега голем број од тие компјутери се застарени, не постои начин тие систематски да бидат обновувани“, вели Новковски.
Тој додава дека постојано се преземаат мерки за развој на инфраструктурата, но не колку што е потребно.
„Сметам дека отприлика можеби 70 отсто од тој обем и со тоа се прави пак заостанување. Кога би се работело во целиот обем со сите тие инвестиции кои се потребни за да се доведе инфраструктурата во соодветна состојба, за кратко време тоа би станало тековна активност, односно таа би била доведена во состојба да има тековно одржување, да се поправа она што во текот на претходната година било оштетено“, вели Новковски.
Па имаше такви кажувања мината година. По објавата на тендери за учебници, нели имаше автори кои правеа учебници одобрени преку разни комисии формирани преку Министерството за образование, коишто отпосле се утврди дека има недостатоци во тие учебници. Тие учебници се повлечени колку што сум информиран и мислам дека овие учебници кои се сега во оптек се коректни.Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура.
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков со спротивен став. Тој вели дека во изминатите десет години интензивно се вложува во инфраструктурата на училиштата, преку разни грантови и проекти.
„Училиштата во целост се реновираа, значи огромен број на училишта, сега во проценти не би можел да кажам, меѓутоа од тоалети за учениците и вработените, од врати и прозорци, до кровна конструкција, фасаден дел комплетно, огромен број училишта се реновирани, така што сметам дека во тој поглед наставниците имаат добри услови за работа, а секако и учениците во попријатен амбиент да ги усвојуваат новите знаења“, вели тој.
Според Неделков, единствено во минатата година имало проблеми со содржините во учебниците, но сега, според него, проблемот е решен.
„Па имаше такви кажувања мината година. По објавата на тендери за учебници, нели имаше автори кои правеа учебници одобрени преку разни комисии формирани преку Министерството за образование, коишто отпосле се утврди дека има недостатоци во тие учебници. Тие учебници се повлечени колку што сум информиран и мислам дека овие учебници кои се сега во оптек се коректни“, вели Неделков.
Училиштата во Македонија, освен тоа што се во многу лоша состојба, барем дел од нив, во многу лоша состојбата се во поглед на финансии, во поглед на училници и воопшто на зградите, во поглед на опремата и работните материјали, со греењето во претстојната сезона се разбира, тоа ќе бидат уште поголеми проблеми. Образованието во Македонија има уште поголем проблем од овие, да кажам, материјални проблеми, а тоа е дека системот на образование не е соодветен на реалноста во Македонија.Џабир Дерала, невладина организација Цивил.