Постојат сомневања дека станува збор за 22 лица инволвирани во случајот од кои приведени се 17 лица , по три лица се трага, а две се веќе на издржување затворска казна.
Сè уште се во тек претресите и обавувањето на службените разговори со приведените осомничени за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама во рамките полициската акција „Шпион“, која МВР соопшти дека тече во изминативе две години.
Постојат сомневања дека станува збор за 22 лица инволвирани во случајот од кои приведени се 17 лица , по три лица се трага, а две се веќе на издржување затворска казна. Како што соопшти портпаролот на МВР, Иво Котевски, при претресот пронајдени се голем број компјутери, лап-топи, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови.
„Според сознанијата со коишто располага МВР, лицата коишто се товарат за шпионажа подолг период наназад соработувале со претставници на странски безбедносни служби и им оддавале класифицирани документи, државни тајни и други информации кои ниту тие смееле да ги имаат, ниту, пак, смееле да ги споделуваат со странските безбедносни служби. Освен кривичното дело шпионажа кое што им се става на товар на лицата, како што веќе кажав, истите се товарат и за кривични дела уцена и измама“, вели Котевски.
Осомничените лица се сомничат дека во изминативе неколку години обезбедувале на незаконит начин информации за лица од јавниот живот или бизнис заедницата со кои би можеле да им нанесат штета на нивниот углед или на угледот на нивните семејства и им изнудувале пари под уцена дека ќе ги објават информациите на интернет сајтови или во медиумите. Оддавале информации со назнака доверливо, строго доверливо, или државна тајна.
„Освен оддавањето на овие класифицирани информации, лицата имале контакти и со поранешни високи функционери, односно политичари од врвот, така што им оддавале информации коишто се однесувале на општата безбедносна, но и политичка состојба во Република Македонија“, вели Котевски.
Меѓу притворените, потврдуваат од МВР, има двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, актуелни и поранешни вработени во МВР и во Министерството за одбрана, Државниот архив, Управата за финансиско разузнавање, во Собранието и во приватни фирми.
Според Котевски, ова е прва ваква акција за случај на шпионажа, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.
СДСМ реагираше - расте бројот на политички затвореници во Македонија. Очигледно власта е подготвена да ги преполни затворите со луѓето што и се спротивставуваат. Апсењето мора да биде на начин да се втера страв во коските на граѓаните, рекоа од СДСМ.
Лицата коишто се товарат за шпионажа подолг период наназад соработувале со претставници на странски безбедносни служби и им оддавале класифицирани документи, државни тајни и други информации кои ниту тие смееле да ги имаат, ниту, пак, смееле да ги споделуваат со странските безбедносни служби. Освен кривичното дело шпионажа кое што им се става на товар на лицата, како што веќе кажав, истите се товарат и за кривични дела уцена и измама.Иво Котевски, портпарол на МВР.
Постојат сомневања дека станува збор за 22 лица инволвирани во случајот од кои приведени се 17 лица , по три лица се трага, а две се веќе на издржување затворска казна. Како што соопшти портпаролот на МВР, Иво Котевски, при претресот пронајдени се голем број компјутери, лап-топи, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови.
„Според сознанијата со коишто располага МВР, лицата коишто се товарат за шпионажа подолг период наназад соработувале со претставници на странски безбедносни служби и им оддавале класифицирани документи, државни тајни и други информации кои ниту тие смееле да ги имаат, ниту, пак, смееле да ги споделуваат со странските безбедносни служби. Освен кривичното дело шпионажа кое што им се става на товар на лицата, како што веќе кажав, истите се товарат и за кривични дела уцена и измама“, вели Котевски.
Лицата имале контакти и со поранешни високи функционери, односно политичари од врвот, така што им оддавале информации коишто се однесувале на општата безбедносна, но и политичка состојба во Македонија.Иво Котевски, портпарол на МВР.