Власта се надева дека меморандумот за поддршка на евроинтеграциите ќе го подобри политичкиот дијалог и меѓупартиските односи. Опозицијата, пак, се сомнева во тоа.
Политичките партии од власта се надеваат и очекуваат меморандумот за поддршка на евроинтеграциите да го подобри политичкиот дијалог и меѓупартиските односи. Опозицијата, пак, се сомнева дека тоа ќе се случи.
Секоја јавна манифестација на согласност меѓу сите политички чинители во Македонија околу остварувањето на клучните приоритети, претставува добар чекор за јакнење на соработката меѓу политичките фактори, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Најголемиот придонес, доколку, се разбира, сите политички партии со искрена волја пристапуваат кон потпишувањето на овој документ ќе има Република Македонија, особено во светло на остварувањето на нејзините надворешно-политички приоритети и предизвиците со коишто се соочува на тој пат“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ очекуваат, како што велат, европско однесување од сите политички актери во периодот пред добивањето на извештајот за напредок од Европската комисија.
„Очекувам дека политичката клима или политичкиот амбиент и односите меѓу политичките партии ќе доживеат определено подобрување, особено сега кога влегуваме во онаа последна фаза пред објавувањето на извештајот за напредокот на Република Македонија“, изјави Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
Од опозицискиот СДСМ, пак, потсетуваат дека потпишувањето на меморандумот е обврска на политичките субјекти согласно првомартовскиот договор. Среќни сме што се потпишува еден таков документ, но од друга страна, тој не е ништо друго освен декларативна заложба за исполнување на определени норми и стандарди, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Политичкиот дијалог, имајќи ги заложбите на политичките партии, ќе продолжи, меѓутоа каков квалитет истиот ќе донесе имајќи го предвид досегашното поведение на актуелната власт дека всушност сите можни позиции ги користи за изградба на фасади, не верувам дека ќе донесе определен квалитет“, вели Шилегов.
Меморандумот, кој неодамна го иницираше ВМРО-ДПМНЕ, ги обврзува партиите на континуирано спроведување на сите активности и реформи потребни за исполнување на критериумите за членство во Европската унија. Истите треба да се воздржат од дејствија и активности кои може да го попречат или негативно да влијаат на пристапниот процес, а несогласувањата или различните мислења ќе се надминуваат со меѓусебен дијалог.
Наспроти сето ова, викендов помина во знакот на партиските препукувања и анти-кампањи во медиумите. Владејачката партија го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев за непотизам при доделување на јавните набавки во Струмица. Тој, пак, одговори дека ако нешто не било во ред со набавките, власта веќе ќе апсела и немало да се занимава со пропаганда преку партиски прес-конференции.
Најголемиот придонес, доколку, се разбира, сите политички партии со искрена волја пристапуваат кон потпишувањето на овој документ ќе има Република Македонија, особено во светло на остварувањето на нејзините надворешно-политички приоритети и предизвиците со коишто се соочува на тој пат.Александар Спасеновски, ВМРО-ДПМНЕ.
Секоја јавна манифестација на согласност меѓу сите политички чинители во Македонија околу остварувањето на клучните приоритети, претставува добар чекор за јакнење на соработката меѓу политичките фактори, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Најголемиот придонес, доколку, се разбира, сите политички партии со искрена волја пристапуваат кон потпишувањето на овој документ ќе има Република Македонија, особено во светло на остварувањето на нејзините надворешно-политички приоритети и предизвиците со коишто се соочува на тој пат“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДУИ очекуваат, како што велат, европско однесување од сите политички актери во периодот пред добивањето на извештајот за напредок од Европската комисија.
Политичкиот дијалог, имајќи ги заложбите на политичките партии, ќе продолжи, меѓутоа каков квалитет истиот ќе донесе имајќи го предвид досегашното поведение на актуелната власт дека всушност сите можни позиции ги користи за изградба на фасади, не верувам дека ќе донесе определен квалитет.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.