Зголемен број на разводи и нарушени брачни односи во Куманово

Годинава во Центарот за социјални работи во Куманово се регистрирани 120 бракоразводи по основ на писма од судот, со што во однос на лани бројот е зголемен.
Годинава во Центарот за социјални работи во Куманово се регистрирани 120 бракоразводи по основ на писма од судот, со што во однос на лани бројот е зголемен. Особено, ако се земе предвид и фактот што се регистрирани и 60-70 нарушени брачни или вонбрачни односи, за чие надминување работи стручен тим, вели Сузана Митровска психолог во Центарот. Според неа дел од нарушените односи помеѓу партнерите можеби ќе се подобри, но најчесто поголемиот дел завршува со растурање на заедницата.
Стручниот тим советодавно работи со брачните и вонбрачните партнери за да бидат порелаксирани, поеластични, да ги сфатат нивните права, должности и обврски, да сфатат дека нивните партнерски односи се прекинати, но родителските остануваат и понатаму.
Сузана Митровска психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

Според Митровска, специфично и загрижувачко за овој период е максимално нарушената комуникација помеѓу партнерите што негативно се рефлектира врз нивните деца. Завојуваните партнери забораваат на своите деца, кои без оглед каков партнер е нивниот родител, тој ним сепак им е родител и тие го сакаат таков каков што е.

Сузана Митровска, психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.


„Често пати имаме големи проблеми, стручниот тим советодавно работи со брачните и вонбрачните партнери за да бидат порелаксирани, поеластични, да ги сфатат нивните права, должности и обврски, да сфатат дека нивните партнерски односи се прекинати, но родителските остануваат и понатаму“, вели Митровска и додава дека поголеми проблеми имаат интелектуалците кои се добро информирани за нивните права, но забораваат на нивните должности и обврски кон децата.
Прељуба, паѓање на степенот на толеранција, повеќе ситуирани почесто се разведуваат, тука и моќта на парите си го прави своето. Печалбарите исто така имаат проблем, без оглед дали се во Германија или во Авганистан. Оддалеченоста на партнерите си го прави своето.
Сузана Митровска психолог во Центарот за социјални работи во Куманово.

„Нивното его е посилно во однос на правата и обврските што ги имаат. Тие се забораваат и повеќе се оптоварени со конфликтот меѓу себе и да му се реваншираат на другиот партнер и се препукуваат преку грбот на децата. Сето тоа се рефлектира на децата, зашто нив не ги интересира дали другиот родител е морален или не и слично, тие сакаат да контактираат со него. А родителите се реваншираат преку децата за она што партнерот им го направил во бракот“, вели Митровска.

Различни се причините за бракоразводите, а се почесто се растураат поимотните семејств, вели таа.

„Прељуба, паѓање на степенот на толеранција, повеќе ситуирани почесто се разведуваат, тука и моќта на парите си го прави своето. Печалбарите исто така имаат проблем, без оглед дали се во Германија или во Авганистан, иако сега се враќаат од таму и бараат други дестинации. Оддалеченоста на партнерите си го прави своето, бидејќи тие веќе се навикнале на друг, на нов начин на живеење, се губи степенот на толеранција. Парите тука не се споменуваат, туку се споменува слободниот живот и на едниот и на другиот партнер, а парите индиректно влијаат врз нарушените брачни односи. Оддалеченоста си го прави своето, една година-две ако се одделени ти почнуваат да си пречат еден на друг. Не можат да се навикнат“, вели Митровска.

За надминување на овие проблеми, вели таа, ресорното Министерство и во Куманово ќе отвори советувалиште во кое ќе работи стручен тим.