Нимиц на средби со Попоски и со Груевски
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Медијаторот на ОН Метју Нимиц претпладнето во македонското МНР се сретна со шефот на дипломатијата Никола Попоски. По едночасовните разговори, Нимиц не даде изјава за медиумите и замина на средба во Владата со премиерот Никола Груевски. Посредникот на ОН вчера по пристигнувањето во Скопје се сретна со претседателот Ѓорге Иванов при што размениле мислења поврзани со идеите и размислувањата на специјалниот пратеник, како и за исходот од неговата посета на Атина. Нимиц дојде во Скопје од Атина каде што се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. По средбата, медијаторот изјави дека му биле разјаснети ставовите на грчката страна, без да соопшти повеќе детали.