Младите иселениците од дебарско доаѓаат да се женат и мажат во родниот крај, но поради различниот менталитет и карактер, дел од нив многу брзо завршуваат со развод.
Повеќе млади од општините Дебар и Центар Жупа во последно време со цел да мигрираат во странство стапуваат во брак со млади иселеници и печалбари, како во САД, така и во западноевропските земји. Претежно станува збор за млади до 20-годишна возраст, кои под влијание на родителите, но и други кругови на поширокото семејството, се обидуваат да заминат во странство и да дојдат побрзо до заработувачка која ќе им овозможи подобро утре на нив, но и нивните родители. Но нивниот различен менталитет и карактер многу брзо ги доведува повеќето од нив до проблеми во семејниот живот, кои потоа завршуваат со развод.
Во основниот суд во Дебар наведуваат дека токму овој проблем е еден од главните елементи кој го зголемува бројот на разводите. Овој вид на разводи навистина има голем процент во бројот на разводите во двете најзападни општини во Република Македонија.
„Во нашиот суд во 2012 година се регистрирани 36 предмети од семејното право, односно разводи, додека оваа година во првите шест месеци има уште 19. Навистина имаме пораст на разводите“, вели претседателот на основниот суд во Дебар Мерсим Марку.
Според него, нагласена е појавата на разводи на младите кои живеат овде и оние млади генерации кои се родени или, пак, растеле како деца на иселеници и печалбари во странство.
„Официјални анализи немаме, но факт е дека паѓа во очи проблемот во разводите поради различниот менталитет. Наши млади кои живеат овде стапуваат во брак со млади на наши иселеници во САД и земјите на Европската унија. Започнува бракот меѓу различни менталитети, така во првата втората или третата година се јавува барањето за развод“, вели Мерку.
Треба да се нагласи дека изминатите години имаше појава на фиктивни разводи на бракови и тоа со цел повозрасни македонски државјани кои се на работа во странство да дојдат побрзо до документи преку стапување во брак со странски државјанки. Но, сега овој начин на разводи на брак е намален видно и има пораст на бракови меѓу многу млади машки и женски деца од Дебар и Жупа со иселеници и печалбари во странски држави.
Кога сме кај судските институции во Дебар, треба да се нагласи дека последните години, по промените на законот за судови во 2006 година, има постепено барања за враќање на надлежностите на основниот суд во Дебар, кои со промената на законот ги нема. Имено, до основниот суд на неколку пати се стигнати барања за преземање на активности за нови промени во законот со цел основниот суд во Дебар да ги има повторно надлежностите кои ги имаше пред последните промени. Особено се бара враќање на компетенциите за малолетничкиот криминал, односно делата да се судат во Дебар, но барања има и за враќање на територијалните компетенции.
„Тоа е одредено со закон за судовите и сега сме суд без проширени надлежности. Има барања од граѓаните да се измени законот и да се вратат компетенциите на основниот суд во Дебар, оние исти надлежности кои ги имаше судот во Дебар до 2006 година. Овде во нашиот суд не се судат ниту споровите за малолетничка деликвенција, што секако дека треба да се прави, поради многу витални причини во Дебар, во градот од каде се малолетниците“, вели Мерку.
Кога сме кај судскиот систем, да нагласиме дека во судот во Дебар велат дека Дебар е еден од ретките градови во земјава каде што нема извршители и тоа пред сè поради немањето интерес на правниците да ја извршуваат оваа активност. Велат, проблем е малиот град каде што сите се знаат едно со други.
Официјални анализи немаме, но факт е дека паѓа во очи проблемот во разводите поради различниот менталитет. Наши млади кои живеат овде стапуваат во брак со млади на наши иселеници во САД и земјите на Европската унија. Започнува бракот меѓу различни менталитети, така во првата втората или третата година се јавува барањето за развод.Мерсим Марку, претседател на Основниот суд во Дебар.
Во основниот суд во Дебар наведуваат дека токму овој проблем е еден од главните елементи кој го зголемува бројот на разводите. Овој вид на разводи навистина има голем процент во бројот на разводите во двете најзападни општини во Република Македонија.
„Во нашиот суд во 2012 година се регистрирани 36 предмети од семејното право, односно разводи, додека оваа година во првите шест месеци има уште 19. Навистина имаме пораст на разводите“, вели претседателот на основниот суд во Дебар Мерсим Марку.
Според него, нагласена е појавата на разводи на младите кои живеат овде и оние млади генерации кои се родени или, пак, растеле како деца на иселеници и печалбари во странство.
Тоа е одредено со закон за судовите и сега сме суд без проширени надлежности. Има барања од граѓаните да се измени законот и да се вратат компетенциите на основниот суд во Дебар, оние исти надлежности кои ги имаше судот во Дебар до 2006 година. Овде во нашиот суд не се судат ниту споровите за малолетничка деликвенција, што секако дека треба да се прави, поради многу витални причини во Дебар, во градот од каде се малолетниците.Мерсим Марку, претседател на Основниот суд во Дебар.