„Морбидизам“ е насловена збирката на кратки хорор стории на писателот, филмски, музички и книжевен критичар Златко Ѓелески. Станува збор за објава за која се вели дека е „манифест на македонскиот фантастичен расказ“, а нејзината промоција збогатена со аудио запис и со изложбата на слики и цртежи на Игор Аврамовски – „Креатури на смртта“, се случи во изминативе два дена во Младинскиот културен центар во Скопје.
„Морбидизам“ е манифест на македонскиот фантастичен расказ, а неговиот автор е борец за литературата на имагинарното, истражувач на најтемните простори на човечкото постоење, смело откривајќи ги домените на натприродното, необјаснливото, непознатото и забранетото знаење. Хорор преданија раскажани на македонски начин. Педесет кратки и смели литературни бодежи кои никој читател нема да го остават рамнодушен.
Ова ќе биде забележано во рецензијата за „Морбидизам“ - деби книжевната објава на Златко Ѓелески, млад македонски писател, филмски, музички и литературен критичар. Говорејќи за делото тој вели дека заложбата му била „да се отвори нова страница во современата македонска литература“.
„Поентата ми беше да се отвори нова страница во македонската литература , односно да се модернизира македонскиот краток расказ со сите стремежи и тенденции кои неколку децении наназад се присутни во светски рамки. Значи, со помош на постмодернистичките техники на пишување и се разбира од творештвото на Едгар Алан По и Шарл Бодлер, па се до денешните автори Клајв Баркер и Стивен Кинг, сето тоа што го нуди жанровската литература да може да се преточи на македонско тло со ликови кои што би биле инспирирани и би можеле да делуваат во нашата држава, на пример.“
Авторот дополнува дека Македонија е плодна почва за овој вид творештво и дека сето ова го прави со должна почит кон народните преданијата и приказни.
„Ова беше обид да се земат тие теми кои веќе се обработени, но да се постават во модерен тек и во модерното доба, нормално со проблематиката која што ги тематизира луѓето денес. Да се урбанизираат. Фолклорниот елемент да се задржи, но да се покаже дека ова е еден исчекор напред кон доближување на тоа што претставува хорор жанрот и воопшто трилер жанрот во литературата и научната фантастика сега.“
Роден на 9 февруари 1986 година во Битола, Златко Ѓелески основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Коневски“ во Скопје.
Во изминативе пет години тој е автор и издавач на хорор списанието „Кошмар“, оваа култура ја промовира и како соработник во радиоемисија „Danse Macabre“ која се емитува на Канал 103, уредник е на веб страната „филмови.мк“, потписник на голем број филмски и музички рецензии и еден од организаторите на ревијата филмови „Мрак фест“.
Во подготовка е и неговата втора книга „Колекционер на страв“ за која писателот вели дека ќе биде во две целини од кои првата е во форма на новела.
„Одам во темниот романтизам, односно периодот кога Мери Шели го создава Франкештајн. Значи во готски стил, но сепак поставено во едно македонско наречје. Се обидувам да дадам слика за тоа како би изгледала македонската готика. А, другиот дел, пак, се продолженија и други видувања на одредени раскази кои биле зачнати во „Морбидизам“, но сега бараат да си добијат своја епизода.“
Инаку, промоцијата на книгата на Ѓелески беше следена од изложбата на слики и цртежи „Креатури на смртта“ на Игор Аврамовски, а обете културни случувања заеднички беа насловени „Заробувачи на смртта“.
„Со Игор долго време се познаваме и соработуваме и ова беше наше официјално излегување на виделина. И двајцата експериментираме не само во она што го твориме, туку и во разработката на ваквите промотивни концепти. Тој е илустраторот што ги направи сликите за „Морбидизам“ и мојата наредна книга. Е, сега зашто се решивме за таков настап? Затоа што и форматот на книгата е таков, поразличен, а и Игор користи техники што не се својствени за сликарството и материјали што тие ги избегнуваат. Едноставно се обидуваме да излеземе од стегите. Ако се создава уметност и ако се твори, тогаш како би се одело напред ако не се скршат сите правила и табуа што се поставени од претходните генерации?! Од таму и потребата за дополнителен аудио запис каде што самиот автор има можност да ги прочита расказите и кој би го натерал читателот да посегне по книгата.“
По претставувањето во Скопје, Ѓелески и Аврамовски промотивните активности ги продолжуваат на 21 септември во Кичево, градот од каде што потекнуваат, а расположени се да одговорат на сите покани за гостување од културните центри во земјава.
Поентата ми беше да се отвори нова страница во македонската литература, односно да се модернизира македонскиот краток расказ со сите стремежи и тенденции кои неколку децении наназад се присутни во светски рамки. Значи, со помош на постмодернистичките техники на пишување и се разбира од творештвото на Едгар Алан По и Шарл Бодлер, па се до денешните автори Клајв Баркер и Стивен Кинг, сето тоа што го нуди жанровската литература да може да се преточи на македонско тло со ликови кои што би биле инспирирани и би можеле да делуваат во нашата држава, на пример.Златко Ѓелески, писател, филмски, музички и книжевен критичар.
Ова ќе биде забележано во рецензијата за „Морбидизам“ - деби книжевната објава на Златко Ѓелески, млад македонски писател, филмски, музички и литературен критичар. Говорејќи за делото тој вели дека заложбата му била „да се отвори нова страница во современата македонска литература“.
„Поентата ми беше да се отвори нова страница во македонската литература , односно да се модернизира македонскиот краток расказ со сите стремежи и тенденции кои неколку децении наназад се присутни во светски рамки. Значи, со помош на постмодернистичките техники на пишување и се разбира од творештвото на Едгар Алан По и Шарл Бодлер, па се до денешните автори Клајв Баркер и Стивен Кинг, сето тоа што го нуди жанровската литература да може да се преточи на македонско тло со ликови кои што би биле инспирирани и би можеле да делуваат во нашата држава, на пример.“
Авторот дополнува дека Македонија е плодна почва за овој вид творештво и дека сето ова го прави со должна почит кон народните преданијата и приказни.
„Ова беше обид да се земат тие теми кои веќе се обработени, но да се постават во модерен тек и во модерното доба, нормално со проблематиката која што ги тематизира луѓето денес. Да се урбанизираат. Фолклорниот елемент да се задржи, но да се покаже дека ова е еден исчекор напред кон доближување на тоа што претставува хорор жанрот и воопшто трилер жанрот во литературата и научната фантастика сега.“
Роден на 9 февруари 1986 година во Битола, Златко Ѓелески основно и средно образование завршил во Кичево, а дипломирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при факултетот „Блаже Коневски“ во Скопје.
Во изминативе пет години тој е автор и издавач на хорор списанието „Кошмар“, оваа култура ја промовира и како соработник во радиоемисија „Danse Macabre“ која се емитува на Канал 103, уредник е на веб страната „филмови.мк“, потписник на голем број филмски и музички рецензии и еден од организаторите на ревијата филмови „Мрак фест“.
Во подготовка е и неговата втора книга „Колекционер на страв“ за која писателот вели дека ќе биде во две целини од кои првата е во форма на новела.
„Одам во темниот романтизам, односно периодот кога Мери Шели го создава Франкештајн. Значи во готски стил, но сепак поставено во едно македонско наречје. Се обидувам да дадам слика за тоа како би изгледала македонската готика. А, другиот дел, пак, се продолженија и други видувања на одредени раскази кои биле зачнати во „Морбидизам“, но сега бараат да си добијат своја епизода.“
Инаку, промоцијата на книгата на Ѓелески беше следена од изложбата на слики и цртежи „Креатури на смртта“ на Игор Аврамовски, а обете културни случувања заеднички беа насловени „Заробувачи на смртта“.
Одам во темниот романтизам, односно периодот кога Мери Шели го создава Франкештајн. Значи во готски стил, но сепак поставено во едно македонско наречје. Се обидувам да дадам слика за тоа како би изгледала македонската готика.Златко Ѓелески, писател, филмски, музички и книжевен критичар.