Извештајот за декемвриските настани, заорување на првата бразда во комбинатот „Џумајлија“ и по некоја друга „ситна“ вест си најдоа свое место во дневните весници.
Да не беше потпишувањето на извештајот за 24 декември, настанот кој, според голем дел од јавноста, „ја уби парламентарната демократија во Македонија“, печатените медиуми навистина ќе немаше што да информираат во овие августовски денови.
Па главната вест во изминатава недела ќе беше дека Дејвид Бекам ќе добие уште една тетоважа, подарок од сопругата за неговиот роденден или дека Шон Конери боледувал од Алцхајмерова болест. Тука некаде се протна и помпезното заорување на првата бразда во комбинатот „Џумајлија“, што во наредните 15 години бесплатно ќе го стопанисува „Сахара“ на Субрата Рој.
Дневник, на пример, напиша дека со „индиски и православни обичаи за бериќетна работа официјално почна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот, инвестиција вредна 200 милиони евра“. ТВ Телма објави интересен разговор со градоначалникот на Лозово кој тврди дека „Сахара“ сè уште нема документи за користење на земјиштето.
Исто така Дневник ги објави податоците на Државниот завод за статистика дека индустријата во овој јули забележала пораст од 3,9 насто во однос на ланскиот јули.
И, значи, за „главниот“ настан: „Заклучоци има, одговорност нема“, наслови Утрински. Нова Македонија го цитира претседателот во оставка Борче Давитковски кој изјави дека „компромисот е аванс за европската иднина на земјава“. Дневник во наслов, меѓутоа, го цитира членот на Комисијата од владејачката партија, Илија Димовски, кој изјави дека „Потпишавме извештај што за нас нема тежина“. Во исто време, Дневник го цитира и Груевски кој, пак, изјави дека „ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во интерес на државата“. Вечер, во свој стил, ја развива изјавата на Димовски, кој рече дека „извештајот е како палома марамче“, па насловува: „СДСМ си обезбеди хартија за хигиенска употреба“. Весникот ја пренесува и информацијата на ТВ Алфа која открила дека покрај потписите на Димовски и на Благородна Дулиќ стои своерачно напишано нивно оградување од правните квалификации во извештајот.
Утрински го објавува обраќањето на новиот опозициски лидер, Заев, кој на прес конференција изнесе многубројни критики до премиерот Груевски посочувајќи дека за седумте години владеење „нема ниту трага од ветувањата што ги даде во 2006 година“. Пак само Утрински објави дека на новинарот Кежаровски судот му определил уште еден месец притвор. И како за крај, она веќе докажаното за Македонците: „Црквата ги подели православните и Македонците муслимани во Октиси“, објави Утрински.
Со индиски и православни обичаи за бериќетна работа официјално почна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот Џумајлиј, инвестиција вредна 200 милиони евра.Дневник.
Па главната вест во изминатава недела ќе беше дека Дејвид Бекам ќе добие уште една тетоважа, подарок од сопругата за неговиот роденден или дека Шон Конери боледувал од Алцхајмерова болест. Тука некаде се протна и помпезното заорување на првата бразда во комбинатот „Џумајлија“, што во наредните 15 години бесплатно ќе го стопанисува „Сахара“ на Субрата Рој.
Дневник, на пример, напиша дека со „индиски и православни обичаи за бериќетна работа официјално почна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот, инвестиција вредна 200 милиони евра“. ТВ Телма објави интересен разговор со градоначалникот на Лозово кој тврди дека „Сахара“ сè уште нема документи за користење на земјиштето.
Заклучоци има, одговорност нема.Утрински.