Проблемите околу зголемените трошоци, поскапувањата и ниски плати се засенуваат со политички препукувања. Медиумите наместо за секојдневните проблеми известуваат за висока политика.
Медиумите играат на музиката од партиите, накратко резимираат упатените на прашањето зошто секојдневните проблеми се засенуваат со политички препукувања? Предвремените избори се во фокус на јавното внимание, засенувајќи ги проблемите околу зголемени трошоци, поскапувања и ниски плати во текот на септември – познат меѓу народот како еден од најскапите месеци во годината.
Комуникологот Климе Бабунски вели дека во односот меѓу медиумите и политичките партии работите се цврсто поставени.
„Картите се лошо поделени десетици години наназад, истражувањата покажуваат дека медиумите, хиерархијата на настани дневни или она што го покриваат го прават врз основа на дневните редови што ги создаваат институциите“, вели комуникологот Климе Бабунски.
Граѓаните се информираат за прес конференции или соопштенија, додава Бабунски
„Тие повеќе известуваат за политичките институции и претставувањето на интересите отколку директно непосредно за проблемите и интересите на граѓаните, па има јаз меѓу она што го гледаме на екраните или што го читаме во весниците и она што се наши непосредни проблеми.“
Политикологот Исмет Рамадани смета дека нема заговор за оттргнување на вниманието на јавноста од секојдневието и го согледува проблемот во начинот на кој се информира јавноста.
„Се помалку најосновните проблеми излегуваат на виделина туку претежно доминираат поочигледните теми како што е политиката.“
Во општество каде нема многу настани политиката станува главна тема, вели Рамадани.
„Многу малку има социјални теми и изнесување на реалните проблем во јавноста. Тогаш нормално е да стане тема комисија.“
Граѓаните исто така забележуваат дека политиката доминира во јавните гласила.
„Всушност народот не ни треба да се занимава со политика, но цел народ само се занимава со политика. Нема дебати. Ние немаме емисија од други области, на пример за култура освен за политика“, вели еден граѓанин.
Картите се лошо поделени десетици години наназад, истражувањата покажуваат дека медиумите, хиерархијата на настани дневни или она што го покриваат го прават врз основа на дневните редови што ги создаваат институциите.Климе Бабунски, комуниколог.
Комуникологот Климе Бабунски вели дека во односот меѓу медиумите и политичките партии работите се цврсто поставени.
„Картите се лошо поделени десетици години наназад, истражувањата покажуваат дека медиумите, хиерархијата на настани дневни или она што го покриваат го прават врз основа на дневните редови што ги создаваат институциите“, вели комуникологот Климе Бабунски.
Граѓаните се информираат за прес конференции или соопштенија, додава Бабунски
„Тие повеќе известуваат за политичките институции и претставувањето на интересите отколку директно непосредно за проблемите и интересите на граѓаните, па има јаз меѓу она што го гледаме на екраните или што го читаме во весниците и она што се наши непосредни проблеми.“
Се помалку најосновните проблеми излегуваат на виделина туку претежно доминираат поочигледните теми како што е политиката.Исмет Рамадани, политиколог.