Јордан Костов, македонскиот уметник и член на групите „Ансамбл модерна“, „Старовски“ и „Свирци из Кавадарци“, во изминативе четири месеци престојуваше во Шангај каде, во рамките на проектот „Своч арт мировен хотел“, напиша комплетно нова музика која со Оркестар на традиционални инструменти ќе биде изведена на големиот концерт во ноември што ќе се одржи во кинескиот мегалополис.
Јордан Костов ѝ припаѓа на генерацијата млади македонски уметници кои поодамна имаат раскрстено со предрасудите и го имаат надминато стравот од нормална творечка комуникација со светот.
Плоден како композитор и поткован како инструменталист на хармоника, тој од родното Кавадарци, преку делувањето со бројни ансамбли како „Ансамбл модерна“ или „Сваровски“, стигна до Кина. Во изминативе четири месеци (25 април – 22 август) престојуваше во космополитскиот Шангај каде беше, не само единствениот Македонец, туку и првиот музичар кој зел учество во проектот „Своч арт мировен хотел“, швајцарско-кинеска програма за иницијатива во културата и уметноста.
Наоѓајќи се во средина чија основна цел е да го стимулира творештвото, тој во студиото што му било на располагање напишал и снимил повеќе од два часа нова авторска музика во која суптилно ги поврзал ритмите што ги однел таму со себе (традиционалната македонска звуковност, џезот, современата светска музика...) со созвучјето на средината во која што се нашол. И, за да не остане сето тоа на хартија се обидел и успеал да формира состав од 14 членови во кој влегле негови истомисленици од Кина, Индија, САД, Јапонија, Велика Британија, Италија... со кои на два пати настапиле пред одбрана публика.
„Компонирав музика која првично некои можат да ја стават во фиоката на светска музика. Во неа има многу македонска ритмичност, а дури потоа и многу влијанија од традиционалната кинеска музика. Се разбира во таквата слика незаобиколна е формата на џезот бидејќи каде и да одам јас сето тоа со себе си го носам. Едноставно таква е мојата музика оти јас кога творам милувам послободен израз. Отсвиревме два концерта и на едниот дојдоа менаџерите од Шангајскиот симфониски оркестар и добив понуда да напишам нови аранжмани и со ансамблот во кој има и традиционални инструменти да ѝ го претставиме на публиката есенва. Тие сметаат дека сум напишал уникатна музика и јас навистина сум среќен со тоа“, вели Костов.
Ваквиот след на настаните, посебно подготовката на ноемврискиот концерт во Шангај, во втор план ќе го стави ангажманот на Костов со проектите како „Ансамбл модерна“, „Сваровски“, „Свирци из Кавадарци“ и други, но уметникот забележува дека тој не само што не се откажува од своите долгогодишни соработници, туку и дека ќе се обиде да ги вклучи во актуелниот проект.
„Размислувам за тоа ако се укаже барем и мала шанса да дојде таму во Шангај некаква нова творечка енергија од Македонија бидејќи за нив тоа е како бајка. Ако малку подетално поразговараш со Кинезите тогаш доаѓаат до констатација дека Македонија и Балканот за нив е чиста егзотика“, вели Костов.
Тој и неговите нови музички собеседници новоформираниот мултикултурен состав во Шангај го именувале како „Нуркачите од Хуан Пу“, а македонскиот композитор и инструменталист истакнува дека би бил среќен по ноемврискиот концерт неговите нови творби да и ги претстави и на публиката во земјава.
„Размислував и таму за таквата солуција, но засега приоритет ми е претстојниот концерт, па потем здравје Боже, се надевам дека таа музика ќе продолжи да си работи не само во Македонија туку некаде низ светот каде ќе биде препознаена како квалитет. Згора на тоа, навистина би ми било драго музичарите со кои настана проектот да ги донесеме овде кај нас затоа што се работи навистина за прекрасни луѓе кои силно се вложуваат во она што го создаваме“, вели Костов.
Компонирав музика која првично некои можат да ја стават во фиоката на светска музика. Во неа има многу македонска ритмичност, а дури потоа и многу влијанија од традиционалната кинеска музика. Се разбира во таквата слика незаобиколна е формата на џезот бидејќи каде и да одам јас сето тоа со себе си го носам. Едноставно таква е мојата музика оти јас кога творам милувам послободен израз. Отсвиревме два концерта и на едниот дојдоа менаџерите од Шангајскиот симфониски оркестар и добив понуда да напишам нови аранжмани и со ансамблот во кој има и традиционални инструменти да ѝ го претставиме на публиката есенва. Тие сметаат дека сум напишал уникатна музика и јас навистина сум среќен со тоа.Јордан Костов, музичар.
Плоден како композитор и поткован како инструменталист на хармоника, тој од родното Кавадарци, преку делувањето со бројни ансамбли како „Ансамбл модерна“ или „Сваровски“, стигна до Кина. Во изминативе четири месеци (25 април – 22 август) престојуваше во космополитскиот Шангај каде беше, не само единствениот Македонец, туку и првиот музичар кој зел учество во проектот „Своч арт мировен хотел“, швајцарско-кинеска програма за иницијатива во културата и уметноста.
Наоѓајќи се во средина чија основна цел е да го стимулира творештвото, тој во студиото што му било на располагање напишал и снимил повеќе од два часа нова авторска музика во која суптилно ги поврзал ритмите што ги однел таму со себе (традиционалната македонска звуковност, џезот, современата светска музика...) со созвучјето на средината во која што се нашол. И, за да не остане сето тоа на хартија се обидел и успеал да формира состав од 14 членови во кој влегле негови истомисленици од Кина, Индија, САД, Јапонија, Велика Британија, Италија... со кои на два пати настапиле пред одбрана публика.
Размислувам за тоа ако се укаже барем и мала шанса да дојде таму во Шангај некаква нова творечка енергија од Македонија бидејќи за нив тоа е како бајка. Ако малку подетално поразговараш со Кинезите тогаш доаѓаат до констатација дека Македонија и Балканот за нив е чиста егзотика.Јордан Костов, музичар.