Конечниот договор меѓу најголемите македонски партии за 24 декември ја смири атмосферата во Парламентот. За само 20 минути, без никаква расправа беа изгласани десетина предлози од владата.
Тензичен старт на денешната седница во Собрание, но само накратко. Тензијата траеше сè додека не се заврши во целост со потпишувањето на извештајот на ад хок комисијата за настаните од 24 декември. Конечниот договор меѓу најголемите македонски партии ја смири атмосферата во Парламентот. За само 20 минути, без никаква расправа беа изгласани десетина предлози од владата и пратениците од владеjачкото мнозинство за измени и дополнувања на 7 закони по скратена постапка.
Претходно, СДСМ најави дека се враќа во Собранието во полн капацитет и состав и дека со потпишувањето на договорот завршува нивното формално учество во работата на Парламентот.
За опозициската СДСМ, потпишувањето на извештајот значи признавање на власта дека ги прекршила законите и уставот, додека за ВМРО-ДПМНЕ извештајот е невалиден и изнуден. И едните и другите на говорница се претставуваат како жртви.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски ја поздрави одлуката на владејачката партија да го потпише извештајот.
„Вистината е како шило, боде, боде, се врти и на крај излегува на виделина. Груевски и власта не успеаја да побегнат од одговорноста. А, што се однесува до веќе видениот трик и блеф наречен предвремени избори, јавноста се сеќава дека Груевски имаше шанса за предвремени парламентарни избори со изменети и фер изборни правила заедно со локалните избори. Тој од таквите избори побегна“, рече Ивановски.
На ваквиот говор, координаторот на пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева ја повика опозицијата на избори, тврдејќи дека секогаш кога се ближи извештајот од ЕК за напредокот на Македонија, опозицијата прави театар и подготвува разни негативни сценарија.
„Ние бевме жртви на вашите тортури затоа што седевме мирно наспроти сите закани, наспроти сите навреди, наспроти физичкото насилство што го манифестиравте. Ние, колеги, сме спремни сè да ви потпишеме, само во интерес на Република Македонија. Тој извештај за нас не е валиден извештај, граѓаните на Македонија кажаа на локалните избори, ќе кажат и сега, а на избори ако сакате ќе одиме веднаш за да се види вашата вистина“, рече Бонева.
Пратеникот од НСДП Горан Мисовски изјави дека очекува дел од министрите да си ја преземат одговорноста за случувањата на 24 декември.
„Кога тогаш одговорност мора да има за Трајко Вељаноски, за Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, кој надвор од неговите ингеренции командуваше со специјалните полициски сили при исфрлувањето на пратениците и новинарите од собраниската сала. Целиот прв ред од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Силвана Бонева и секако Илија Димовски, пратеникот, кој што ја координираше целата акција за исфрлање на новинарите, ако имаат минимум доказ треба да се свртат и да им се извинат на новинарите затоа што аплаудираа кога од галеријата на најбрутален начин со специјални сили истите беа исфрлени“, рече Мисовски.
Седницата беше прекината откако пратеникот на ДПА Беким Фазлиу побара пауза во знак на протест поради, како што вели, непочитувањето на албанскиот јазик и дискриминацијата на пратениците Албанци затоа што нивните говори се повторуваат на македонски јазик.
Вистината е како шило, боде, боде, се врти и на крај излегува на виделина. Груевски и власта не успеаја да побегнат од одговорноста. А, што се однесува до веќе видениот трик и блеф наречен предвремени избори, јавноста се сеќава дека Груевски имаше шанса за предвремени парламентарни избори со изменети и фер изборни правила заедно со локалните избори. Тој од таквите избори побегна.Игор Ивановски, координатор на пратеничката група на СДСМ.
Претходно, СДСМ најави дека се враќа во Собранието во полн капацитет и состав и дека со потпишувањето на договорот завршува нивното формално учество во работата на Парламентот.
За опозициската СДСМ, потпишувањето на извештајот значи признавање на власта дека ги прекршила законите и уставот, додека за ВМРО-ДПМНЕ извештајот е невалиден и изнуден. И едните и другите на говорница се претставуваат како жртви.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Игор Ивановски ја поздрави одлуката на владејачката партија да го потпише извештајот.
Ние бевме жртви на вашите тортури затоа што седевме мирно наспроти сите закани, наспроти сите навреди, наспроти физичкото насилство што го манифестиравте. Ние, колеги, сме спремни сè да ви потпишеме, само во интерес на Република Македонија. Тој извештај за нас не е валиден извештај, граѓаните на Македонија кажаа на локалните избори, ќе кажат и сега, а на избори ако сакате ќе одиме веднаш за да се види вашата вистина.Силвана Бонева, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.