Достапни линкови

Извештај има, но дијалог нема


Колку и да изгледа парадоксално, последниот развој на настаните значи придвижување напред, односно можно откочување на политичкиот дијалог, велат аналитичарите.

По синоќешното обраќање на премиерот Никола Груевски во кое соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе потпише извештај на ад-хок комисијата каков што сака СДСМ, од најголемата опозициска партија потврдуваат дека денеска потпретседателката Радмила Шеќеринска, заедно со Мартин Протуѓер од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на комисијата во оставка Борче Давитковски, ќе ги усогласат ставовите за последната од седумте точки во извештајот, по што се очекува него да го потпишат сите членови на комисијата.
Колку и да изгледа парадоксално, последните настани викендов и претходната недела можат да ги откочат работите и да ги подмрднат од мртва точка, без разлика што доста конфронтирачки делуваат изјавите и од двете страни, така што можеме да бидеме некакви благи оптимисти во врска со разрешувањето на политичката криза околу настаните на 24 декември.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Од СДСМ велат дека препораките усвоени во претходните шест точки остануваат, а се очекува да биде вметнат и предлогот на СДСМ за седмата точка, а со кој се констатира противуставност при отстранувањето на новинарите од собраниската сала. Од оваа партија додаваат дека вчерашното обраќање на премиерот Никола Груевски само потврдило оти ја прифаќа последната точка од извештајот, односно значело признание дека имало уставни прекршувања на критичниот 24 декември.

За експертите, пак, колку и да изгледа парадоксално, последниот развој на настаните значи придвижување напред, односно можно откочување на политичкиот дијалог.
Галамата и буката околу тој заеднички прифатен дијалог беа толку големи, што не се добива чувството дека компромисот бил водечката сила за донесување на тој заеднички заклучок. Тоа е нешто што постојано се случува кај нас, зашто политичарите, кога се во прашање државните интереси, сепак повеќе се грижат за партиските рејтинзи.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Колку и да изгледа парадоксално, последните настани викендов и претходната недела можат да ги откочат работите и да ги подмрднат од мртва точка, без разлика што доста конфронтирачки делуваат изјавите и од двете страни, така што можеме да бидеме некакви благи оптимисти во врска со разрешувањето на политичката криза околу настаните на 24 декември“, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, пак, се сомнева дека потпишувањето на извештајот ќе значи подобрување на политичкиот дијалог, оти, како што вели, на македонските политичари најважни им се партиските рејтинзи, а не државните интереси.

„Никако да се надминат себеси и компромисите да ги прават како дел од политичкиот живот, а не како дел од притисокот од разни страни. Галамата и буката околу тој заеднички прифатен дијалог беа толку големи, што не се добива чувството дека компромисот бил водечката сила за донесување на тој заеднички заклучок. Тоа е нешто што постојано се случува кај нас, зашто политичарите, кога се во прашање државните интереси, сепак повеќе се грижат за партиските рејтинзи“, вели Муслиу.

До потпишување на извештајот следува по меѓу партиските обвинувања што се случуваа викендов, откако во петокот вечерта партиите не успеаја да постигнат договор и да изготват извештај. По неуспехот на комисијата, Груевски ѝ понуди на опозицијата или да изгласа извештај каков што сака СДСМ или да одат на предвремени парламентарни избори. СДСМ ги одби овие предлози и побара Комисијата да констатира прекршување на Уставот при отстранување на новинарите од собраниската галерија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG