Достапни линкови

Комисија 24/12 - Договор денеска, потпис утре?


Претседателот на Комисијата за 24 декември Борче Давитковски рече дека има поместување на позициите меѓу двете страни, но не исклучи секакво можно сценарио. Тој вели дека се прави се работата да биде завршена денеска, за утре да остане само потпишувањето.

Правиме се работата да биде завршена денеска, за утре да остане само потпишувањето, изјави на паузата од денешниот состанок претседателот на Комисјата за 24 декември Борче Давитковски.
Ќе правиме пауза од еден час и најверојатно јас ќе треба да направам уште некои дополнителни политички консултации, највероjатно на највисоко ниво со цел да ја привршиме работата.
Борче Давитковски, претседател на Комисијата за 24 декември.

„Ќе правиме пауза од еден час и најверојатно јас ќе треба да направам уште некои дополнителни политички консултации, највероjатно на највисоко ниво со цел да ја привршиме работата.“

Давитковски рече дека има поместување на позициите меѓу двете страни, но не исклучи секакво можно сценарио.
Борче Давитковски.
Борче Давитковски.

„Па видете, сите сценарија се можни, јас се уште се надевам дека ќе ја завршиме работата.“

Иако претседателот на комисијата во оставка, Борче Давитковски со своите изјави ја подготвува јавноста на одврзување на долгомесечниот јазол меѓу власта и експертите не можат да видат на што се темели овој оптимизам од
Во конкретнава ситуација кога и едната и другата страна стојат на свои позиции, тешко е да се најде компромис, а решение е можно, решението е во тоа владејачката гарнитура си ја признае својата грешка, се работи за тоа, тука нема дилема, се работи за грубо кршење на Уставот.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.
причини што двете страни се на две непомирливи стојалишта околу формулациите кои треба да станат дел заедничкиот извештај. Она за што се едногласни е дека прекршување на Уставот на 24 декември имало и од тоа не може да се избега па оттука проценката е дека копјата се кршат околу прашањето на одговорноста каде што власта и опозицијата ќе треба да постигнат некво усогласување.

„Во конкретнава ситуација кога и едната и другата страна стојат на свои позиции, тешко е да се најде компромис, а решение е можно, решението е во тоа владејачката гарнитура си ја признае својата грешка, се работи за тоа, тука нема дилема, се работи за грубо кршење на Уставот“, изјави професорот Темелко Ристевски.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека не може да се бара компромис околу тоа зошто прекршувањето на Уставот или законот е прекршување и не може да биде помало или поголемо. Но тој гледа можност за компрмис во делот на одговорноста која зависи од одредбата која регулира одредена ситуација.
Зибери е на мислење дека владејачката партија нема да отстапи од ова прашање и ќе се спротивставува до крај во делот на утврдување на одговорноста меѓу другото и затоа што тоа би значело целосно преземање на вината на нејзина страна. Но можност за компрмис гледа и тоа во евентуалната согласност да се солидаризира одговорноста меѓу учесниците.

„Доколку се решени да има еден извештај, каков таков, тогаш може да има квалификација дека се прекршени прописите, но дека тука учеството и на двете страни придонело со тоа. Во смисла, пратениците на СДСМ ја попречиле работата на Собраенито, што е спротивно на одредбите од Деловникот, Законот за Собрание и тн.и тука во делот на одговорноста да се солидаризира одговорноста меѓу учесниците“, посочува Зибери.

Давитковски најави дека очекува потпис на заедничкиот извештај до утре. Повеќе детали не се изнесуваат јавно. Познато е дека СДСМ инсистира во извештајот да биде констатирано дека на 24 декември е прекршен Уставот и законите во Собранието.
XS
SM
MD
LG