Домашниот турист сака да оди на море, на класичен летен одмор, каде ќе одмара, ќе ја користи плажата и ништо друго не го интересира. Ние не можеме да ги одвратиме. Секој сака да отиде на море, вели потпретседателката на Туристичката комора на Македонија Татјана Перовиќ-Митрова во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Госпоѓо Перовиќ-Митрова, зошто оваа година имаме катастрофална туристичка сезона?
Јас не би се согласила дека е баш така, дека имаме катастрофална туристичка сезона, но точно е дека е намалена, дека имаме намален број на туристи. Има неколку елементи што може да се наведат што би требало да се подобри за да имаме поголем број на странски туристи. На почетокот би нагласила, ако зборуваме за туристичките места, во Охрид и охридскиот регион, оваа сезона не му беа наклонети временските услови, но во таа насока показателите, пак, покажуваат дека има зголемен број на странски туристи. Имаме проблем можеби со домашните туристи, повторно ќе нагласам кои елементи направија, да речам, грда слика во смисла во топ сезона имавме неприфатливи чекања со часови на патарините, кои ги дестимулираат туристите. Тие работи, инфраструктурата дефинитивно мора, а и ресорните министерства и сите како земја мора да бидат на услуга на туристот, не само како добри домаќини, туку да се грижат и за нивната безбедност. И сами знаете како би се чувствувале на граничен премин да поминете за 15-20 минути, а на патарина да губите 4 часа. Во иднина апелирам да не се доведуваме до ситуација да имаме такви проблеми, бидејќи се појавува една непријатна и грда слика, а секој турист е наш промотор за туризмот во Македонија.
Колку, високите цени на услугите во Охрид, кои и градоначалникот призна дека го нарушиле имиџот на градот, ги бркаат туристите?
Тоа е во делот на услугите, тоа е политика практично на секој угостителски објект, точно е дека Општина Охрид како туристичко место, може да поразговара, да види во која насока и зошто се толку високи цените. Иако, ние како бизнис заедница, или јас лично, морам да кажам дека споредбените цени кои се прават меѓу Охрид (услугата, сместувачките капацитети) и оние дестинации во Грција каде одат нашите домашни туристи, тие се неспоредливи. Една поговорка би кажала – баби и жаби не се сметаат. Дестинација Охрид со дестинација на северниот дел на Грција, услугата која ја нудат, цените, тоа е навистина неспоредливо. Охрид веројатно треба да се споредува со друг тип на дестинација. Треба подобрување, инфраструктурата апсолутно треба да се подобри и треба да се додадат дополнителни содржини. Во Охрид не доаѓаат луѓето за масовен туризам, за плажа, доаѓаат да го посетат Охрид и да имаат еден активен одмор во Македонија.
И покрај тоа што некои медиуми редовно броеја колку автомобили на Македонци биле оштетени во Грција, таа дестинација пак е попривлечна за Македонците од Охрид? Мислите ли дека со негативна кампања се менуваат работите?
Мислам дека не можат. Сметам дека нашиот, домашниот турист, сака да оди на море, на класичен, летен одмор, каде ќе одмара, ќе ја користи плажата и ништо друго не го интересира. Ние не можеме да ги одвратиме. Секој сака да отиде на море.
Колку рекламите за ендемскиот вид и за добри домаќини кои повторно се вртат по медиумите влијаат на промена на услугата?
Сметам дека има некое поместување. Ние како граѓани на Република Македонија, во Скопје, и на туристичките места, навистина треба да бидеме на услуга на туристот без разлика дали е домашен или странски, бидејќи на тој начин како прво Македонија како дестинација ќе биде интересна, второ кога веќе имаме зголемен број на странски туристи, со нивно пријатно сместување ќе се зголеми на тој начин и бројот на туристите. Кампањата, знаете, можеби, како би рекла, е пренагласена, меѓутоа има случаи.
Македонија плати многу пари за реклами во странски медиуми - тој потег и тогаш беше критикуван. Дали сега тој потег носи резултати?
Мислам дека носи, зависно прво каде се рекламите. Имаше доста и оваа година, колку што знам јас и колку што се сеќавам, во програмата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, буџетот беше некаде околу 2,5 милиони евра кои беа за субвенциите, останатото беше токму за промоција и поддршка, но имаше и дополнителни средства директно од Владата и кампањите кои ги водеше за промовирање на Република Македонија како туристичка дестинација. Тој тип на рекламирање мислам дека е потребно, бидејќи не можеме да очекуваме рекламите од минатата година веднаш да имаат некаков ефект. Очигледно дека ефектите се случуваат, но не може толку брзо. Ние треба да изнајдеме начин на кој начин да ги задржиме туристите или да ги привлечеме, зборувам за странските туристи, зошто да дојдат токму во Република Македонија, а не во регионот каде што исто имаме земји кои имаат културно наследство, имаат исто природни богатства, немаат море, значи која би била разликата зошто би дошле кај нас. Тоа воопшто не е едноставно да се направи и затоа треба ние сите заедно, бизнис заедницата со Агенцијата за промоција и поддршка и со Владата, со заеднички настап да привлекуваме туристи и секојдневно да бараме начини и извори како да ги привлечеме странските туристи.
Колку Македонија може да ги користи и ги користи своите потенцијали, како другите земји што не излегуваат на море, а сепак се успешна туристичка приказна?
Да, апсолутно имате право, но тоа се земји коишто одамна се наметнале. Да речеме Австрија, Швајцарија, тоа се топ туристички дестинации коишто не знам колку милиони туристи годишно ги посетуваат, а точно, не се на море. На почетокот, од осамостојувањето, Охрид практично беше дестинација која е препознатлива за овој регион. Работите се менуваат, во секој случај не е едноставно. Јас како пример дека работите се менуваат би го споменала Скопје, како една дестинација која во последниве три години веќе има бројни туристи кои се задржуваат барем една вечер и ноќеваат во Скопје, затоа што се дополнува со содржини, но тоа мора секојдневно да се промовира.
Имаме ли некаква стратегија или програма за наметнување на таквиот вид на туризам кој е поинаков, но интересен за туристите?
Националната стратегија за туризам е донесена во 2011 година и треба да се ревидира токму во овие насоки. Во Македонија не зборуваме за мас туризам. Имаме пет елементи за кои во делот на стратегијата се размислува и се разговара – тоа е културниот туризам, планинскиот туризам, винскиот туризам, кој е многу интересен, тој е да речеме еден високо вносен туристички производ. Еве за пример, Шпанија, како туристичка дестинација која има море, во 2011 година најголемиот профит го има точно од винскиот туризам. Апсолутно, бањскиот или спа туризам и нормално етно или еко или селскиот туризам, но, велам, треба да се работи дополнително.
Државата троши средства и за настап на разни саеми за туризам во светот. Дали мислите дека настапот и понудата на овие саеми е добро осмислена?
Па знаете како, по мислењето на нашите членки во Стопанската комора за туризам, кои се во најголем број од бизнис заедницата, мислиме дека треба малку поинаку да бидат организирани саемите, кои дестинации и начинот на презентација, зашто многу е значајно да се презентира на онаа целна група за која ние како Република Македонија можеме да очекуваме странски туристи и нормално интерес.
Премиерот Никола Груевски изјави дека вложувањата на владата во развојот на туризмот даваат резултати. Кои, според вас, се тие резултати?
Точно е дека во последниве неколку години, особено откога е формиран и комитетот за туризам, каде што и бизнис заедницата учествува и дава свои сугестии кои во одреден сегмент се прифаќаат. Вистина дава резултати затоа што веќе имаме ситуација кога се појавуваат одредени инвестиции токму во туризмот. Многу земји се заинтересирани да инвестираат во туризмот, во смисла на угостителски објекти. Не можеме ние да очекуваме преку ноќ. Навистина има многу, многу работа за да може ефектите да се почувствуваат, но во бројки апсолутно се чувствуваат. Постепено бројот на туристи расте, зборувам за странски туристи секогаш, бидејќи бројот на домашните туристи нам ни опаѓа во туристичките места, но тоа се првите параметри. Треба уште работа. Дали ние како бизнис заедница треба да се задоволиме со овие подобрувања на квалитетот? Апсолутно не. Треба да работиме, да опстојуваме и да го регулираме пазарот да биде еднаков за сите, бидејќи одредени параметри коишто ги гледаме согласно статистичките податоци, можам да ви кажам дека можеби се и подобри од оние што ги имаме. Но, во туризмот за жал за појавува таа една сива економија. Тоа не е организирано, не престојува странски турист во соодветен капацитет каде што е пријавен. Значи, имаме одредени аномалии, треба таа сива економија горе-долу да ја сузбиеме и нелојалната конкуренција, бидејќи некако ние сме, па и не само ние, веројатно и секаде во светот, кога зборуваме за туризмот, секој знае нели да го работи туризмот, секој е експерт, но не е тоа така. Треба навистина да се залагаме максимално, бидејќи во делот на услугите, услугата е еден од најтешките сектори за трговија.
Споменавте дека опаѓа бројката на домашните туристи. Зошто е тоа така?
Тука малку се појавува таа да речам нелојална конкуренција во делот на цената на одредени аранжмани во Република Грција каде што имате енормно ниски цени, но сметам дека тоа е еден елемент од многуте. Да речеме Берово како туристичка дестинација сега полека, полека станува многу интересно место. Тоа не се нуди или се нуди со еднаква цена за којашто практично вие како потрошувач можете да отидете во Грција во некој апартман. Тоа е втор елемент каде што можеби треба дополнително да се стимулира домашниот турист и секако економската состојба влијае на патувањата воопшто.
Колку Македонија како квалитет на туристичка понуда и воопшто според заработката од туризмот заостанува и зад соседите?
Во Македонија во изминатиот период се вртиме некаде околу 2 отсто од БДП, што е апсолутно ниска бројка. Останатите земји во регионот доаѓаат некаде над 10 отсто. Ние постепено се стремиме да ја зголемиме таа вредност, но, велам, за да ја зголемиме таа вредност треба одредени ефекти да се почувствуваат во регулирање на пазарот воопшто, генерално и на намалување на таа сива, за жал, сива економија. Морам да ја напоменам бидејќи таа практично го намалува бројот. До 2020 година беше предвидено во Националната стратегија, ако се сеќавам добро, да дојдеме некаде на 6 до 8 отсто од БДП-то.