Целосна институционална контрола на власта врз сите видови медиуми на чело со идната семоќна Агенција за медиуми. Тоа, според Здружението на новинари, МИМ и Синдикатот на медиумски работници е причината зошто медиумските закони се туркаат од власта низ собраниските комисии, кои продолжуваат и денеска. Од МАН пак, се на поинакво мислење.
Да се стави целосна контрола врз сите видови медиуми во земјава! Ова според Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е намерата на власта која и покрај противењето на мнозинството новинари и организации е упорна да ги донесе медиумските закони.
„Сета оваа фарса со јавни расправи, дебати, експертизи од ОБСЕ и од Совет на Европа, беше само замајување на експертската и професионална јавност, декор којшто треба да симулира отвореност и инклузивност на еден во основа малициозен процес за ставање под контрола или, ако сакате, озаконување на веќе присутната контрола на јавниот збор и на јавното мислење“, вели претседателката на Синдикатот, Тамара Чаусидис.
Власта не сака да ги подобри медиумските состојби туку сака институционализирана и озаконета контрола врз сите типови на медиуми. Тоа е одлука на власта и владејачките партии и очигледно е дека никој не може да го сопре тоа, вели директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска. Меѓу повеќето спорни елементи во двата предложени закони, од МИМ ја истакнуваат онаа со која се дава исклучително голема моќ на Агенцијата за медиуми.
„Од самиот почеток предупредуваме дека концентрација на таква моќ во само едно тело ќе биде многу опасно и жално е сега да се констатира дека и самата власт којашто го нуди овој закон не ги гледа замките на едно такво решение на подолг рок, па дури и по сопствените интереси како политички фактор“, вели Петковска
Здружението на новинари укажуваат на неколку спорни моменти во законите.
Не смее да има ценкање со забелешките, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани според кој доволно е да не се прифати една сериозна забелешка за да го наруши целиот концепт на предложениот закон.
„Со тој пристап на ценкање, на купи-продај политика ние не се согласуваме. Остануваат уште многу точки коишто не загрижуваат, околу Агенцијата, МРТВ, казнените одредби итн.“
Од Македонската асоцијација на новинари со став дека законот за аудиовизуелни услуги е обврска на Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија.
Законот за аудиовизуелни услуги е обврска на Македонија на патот кон Европската унија, значи ако некој го погледнал законот може да види дека има европско знаменце и тоа е обврска за Македонија, што не е случај со законот за медиуми, изјави претседателката на МАН, Слаѓана Димишкова, додавајќи дека како и другите медиумски асоцијации така и МАН има забелешки, од кои повеќето се однесуваат за законот за аудиовизуелни медиумски услуги.
„Она за што надлежните мора да имаат слух во текот на постапката на носењето на законите, затоа што мислам дека се уште не е доцна да се интервенира е во делот на казните, односно казните мора да имаат степенување, од писмена преку јавна опомена до забрана за реклами еден, три или седум дена, односно финансиските казни никако не можат да се врзат со процент од промет“, изјави Димишкова.
Расправата за двата закони, едниот за аудиовизуелни услуги и другиот за медиуми продолжува и денеска во собраниската комисија за транспорт и врски.
Сета оваа фарса со јавни расправи, дебати, експертизи од ОБСЕ и од Совет на Европа, беше само замајување на експертската и професионална јавност.Тамара Чаусидис, Синдикат на новинари и медиумски работници.
„Сета оваа фарса со јавни расправи, дебати, експертизи од ОБСЕ и од Совет на Европа, беше само замајување на експертската и професионална јавност, декор којшто треба да симулира отвореност и инклузивност на еден во основа малициозен процес за ставање под контрола или, ако сакате, озаконување на веќе присутната контрола на јавниот збор и на јавното мислење“, вели претседателката на Синдикатот, Тамара Чаусидис.
Од самиот почеток предупредуваме дека концентрација на таква моќ во само едно тело ќе биде многу опасно и жално е сега да се констатира дека и самата власт којашто го нуди овој закон не ги гледа замките на едно такво решение на подолг рок.Билјана Петковска, Македонски институт за медиуми.
„Од самиот почеток предупредуваме дека концентрација на таква моќ во само едно тело ќе биде многу опасно и жално е сега да се констатира дека и самата власт којашто го нуди овој закон не ги гледа замките на едно такво решение на подолг рок, па дури и по сопствените интереси како политички фактор“, вели Петковска
Здружението на новинари укажуваат на неколку спорни моменти во законите.
Не смее да има ценкање со забелешките, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани според кој доволно е да не се прифати една сериозна забелешка за да го наруши целиот концепт на предложениот закон.
„Со тој пристап на ценкање, на купи-продај политика ние не се согласуваме. Остануваат уште многу точки коишто не загрижуваат, околу Агенцијата, МРТВ, казнените одредби итн.“
Со тој пристап на ценкање, на купи-продај политика ние не се согласуваме. Остануваат уште многу точки коишто не загрижуваат, околу Агенцијата, МРТВ, казнените одредби итн.Насер Селмани, ЗНМ.