Жителите на тетовските населби од повисокиот дел на градот полнат шишиња со вода и ги оставаат да се греат на сонце, за да можат подоцна со топлата вода да се капат. Оваа практика редовно се прави кон крајот на август кога во Тетово почнуваат неколкучасовните прекини во водоснабдувањето, поради намалената издашност на планинските извори со вода.
Во тетовските населби од повисокиот дел на градот, како Колтук, Два Бреста и Поток овој период забележителна слика се десетици пластични шишиња кои се поставени на речиси секој балкон. Мештаните ги полнат шишињата и ги оставаат да се греат на сонце, за да можат подоцна со топлата вода да се капат. Оваа практика редовно се прави кон крајот на август кога во Тетово почнуваат неколкучасовните прекини во водоснабдувањето, поради намалената издашност на планинските извори со вода.
„Па сега веќе почнува водата да ја снемува. И сега од ова време, од март-април, ние сме нон-стоп вака. Само по 2 саати вода има“, вели граѓанин од населбата Колтук.
Тој и неговите соседи раскажуваат за повеќето начини со кои се обидуваат да се снајдат во периодите кога нема вода.
„Ставаме шишиња на сонце, со тие шишиња се бањаме.“
„Два саати ќе потече, па не можеме машина за перење да пуштиме. Два саати требаат машина да работи, ако пере бело. Морам јас да ја дополнам со балони, во машината да ставам,да ја доперам машината. Многу тешка состојба. За капење, во 21 век да палам оган, да ја греам водата, па да се капам. Полниме вода, во фрижидер 2-3 шишиња ставаме, морам зашто ќе се стопли. Морам вода од фрижидер да пиеме, па после грлото боли“, велат тетовци.
Жителите на Тетово со децении чекаат да се догради новиот водоснабдителен систем, како трајно решение со кое во водоводната мрежа ќе доаѓаат дополнителни 250 литри вода во секунда. Градоначалничката Теута Арифи смета дека вода и сега има доволно, а проблемот го создаваат самите граѓани со нерационално трошење.
„И со оваа количина на вода која ја имаме, доколку се троши коректно, ние апсолутно може да поминеме без поголеми проблеми. Значи поради големо трошење во долниот дел на градот, фактички горниот дел има проблеми, но во иднина после и долниот дел би имал проблем“, вели градоначалничката Теута Арифи.
За да се намали зависноста од природните извори, новиот водоснабдителен систем водата ја зема од планинските реки. Проектот предвидува и филтер станица, а потребно е да постават цевки во должина од 5 километри.
Ставаме шишиња на сонце, со тие шишиња се бањаме.Жител на тетовската населба Колтук.
Тој и неговите соседи раскажуваат за повеќето начини со кои се обидуваат да се снајдат во периодите кога нема вода.
И со оваа количина на вода која ја имаме, доколку се троши коректно, ние апсолутно може да поминеме без поголеми проблеми. Значи поради големо трошење во долниот дел на градот, фактички горниот дел има проблеми, но во иднина после и долниот дел би имал проблем.Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.