Семејство Пешевски од кумановско Бељаковце живее во услови како во минатиот век, во селото нема пат, нема лекар, нема училиште. Но и покрај тоа тие велат дека тоа им е дом и нема каде да одат.
До многудетното семејство Пешевски во кумановското село Бељаковце по тешко прооден пат може да се пристигне пеш или со теренско возило. Три-четири од асфалтот, а помалку од 30-ина километри од Куманово го запреле времето во почетокот на минатиот век.
Селото со 50-ина жители, главно заборавени старци, нема пат, а нема ниту лекар. Струја имаат, а со вода се снабдуваат природно од изворите кои за среќа се издашни. Таква е и природата, богата со зеленило, а широките крошни на дрвјата блескаат под сончевите зраци и ги нудат своите плодови и дебели сенки. Животот во селото е непримерен за 21-от век.
Весна и Вучиано Пешевски се уште немаат 40 години, а имаат пет деца. Весна е од светиниколско и е потежок инвалид од раѓање, а нејзиниот сопруг е полесен инвалид по повреда на работа. Во премногу скромната куќа со три соби во кои доминираат кревети и еден телевизор друго и нема што да се види. Драган, Снежа, Филип,
Наталија и Кате, на возраст од две до 16 години, љубопитно гледаат во непознатите луѓе кои им донеле по нешто за облека, за јадење. Воздржано се насмевнуваат. Срамежливи се и само на прашања одговараат.
Животот во селото е тежок. Го чувствуваат на своите плеќи, но искрено или не, сите до еден, како и дедото Круне велат дека тоа им е дом и нема каде да одат.
„Од што живееме, од добиток, од тоа што ќе продадеме. Примаме социјална помош, а сопругата зема инвалиднина, инвалид е со нозете.“
РСЕ: Задоволни ли сте од животот овде?
„Многу сум задоволна, само немаме пат, лекари нема, школо за децата нема, ги носиме во Драгоманце со автобус, од понеделник до петок.“
РСЕ: Зиме кога има снег?
„Кога се разболат не може да излезе ниту брза помош, мора на раце да ги носиме.“
Весна вели дека се труди да го одржува домаќинството. За сега и помага Снеже. Вучиано вели без оглед на се тој не го остава куќниот праг.
„Тука ќе скапам, децата може да одат, ама јас нема каде да одам. На село ќе живеам.“
Пешевски имаат доволно храна, имаат добиток, крави,овци, кози, магаре, по нешто сработуваат, а и можат да си купат. Скромни се. Она што бараат децата Весна вели:
„Компјутер бара најголемото машко дете. Има 16 години.“
РСЕ: Снеже како е да се живее во Бељаковце? Задоволна ли си?
„Да.“
РСЕ:Што најмногу помагаш?
„Мама ми кажува јас работам. Перам, мијам садови, ручек.“
РСЕ: Што би сакала да имаш?
„Компјутер.“
РСЕ: Има ли интернет овде?
„Не.“
РСЕ: Зошто ти е компјутерот?
„Да играм игри.“
Дедото Круне поранешен градежен работник очекува пензија.
„Тешко е да се живее овдека, а во град треба повеќе пари. Напорно е, ама тука си се родил и нема каде да одиш. Тука ќе вртиш, ќе сукаш, ќе крпиш.“
Нашиот водич Тони Стојановски вели дека животот на село е тежок, но има разлика меѓу нив. За ова семејство тој смета дека:
„Ова семејство живее во тешки услови. Родителите се инвалиди.“
А донаторите на хуманитарна помош кои сакаат да останат анонимни забележуваат дека на ова како и на многу семејства кои поради неизградената инфраструктура живеат во супстандардни услови им недостасува обука како да си го подобрат животот.
Многу сум задоволна, само немаме пат, лекари нема, школо за децата нема, ги носиме во Драгоманце со автобус, од понеделник до петок.Весна Пљешевска од кумнаовското село Бељаковце.
Селото со 50-ина жители, главно заборавени старци, нема пат, а нема ниту лекар. Струја имаат, а со вода се снабдуваат природно од изворите кои за среќа се издашни. Таква е и природата, богата со зеленило, а широките крошни на дрвјата блескаат под сончевите зраци и ги нудат своите плодови и дебели сенки. Животот во селото е непримерен за 21-от век.
Весна и Вучиано Пешевски се уште немаат 40 години, а имаат пет деца. Весна е од светиниколско и е потежок инвалид од раѓање, а нејзиниот сопруг е полесен инвалид по повреда на работа. Во премногу скромната куќа со три соби во кои доминираат кревети и еден телевизор друго и нема што да се види. Драган, Снежа, Филип,
Тука ќе скапам, децата може да одат, ама јас нема каде да одам. На село ќе живеам.Вучиано Пешевски.
Животот во селото е тежок. Го чувствуваат на своите плеќи, но искрено или не, сите до еден, како и дедото Круне велат дека тоа им е дом и нема каде да одат.
„Од што живееме, од добиток, од тоа што ќе продадеме. Примаме социјална помош, а сопругата зема инвалиднина, инвалид е со нозете.“
Тешко е да се живее овдека, а во град треба повеќе пари. Напорно е, ама тука си се родил и нема каде да одиш. Тука ќе вртиш, ќе сукаш, ќе крпиш.Круне Пешевски.