Достапни линкови

(Не)Моќта на образованието


Училиште
Училиште

Додека власта води повеќе кампањи за моќта на образованието, повеќе училишта и факултети не можат да ги решат ниту основните проблеми - ќе останат без греење.

Компјутер за секое дете, нови учебници, европски програми, по некаде и нова спортска сала... и студени радијатори? Проблемот со високите сметки за парно повторно се актуелизираше, а први реагираа од општина Карпош. Суштината на проблемот ја објаснува градоначалникот Стевчо Јакимовски:
Власта ни е изгубен случај. Од една страна шири, дисперзира, отвара Универзитети во секое село, од друга страна предлага многудетно семејство, а од трета страна нема пари за да се плати парно за училиштата и тоа една обична циркузијада.


„Регулаторната комисија ги стави училиштата во редот на индустриските објекти, како да прават профити, како да се трговски центри, како да се Рамстор, со тоа значи драстично се зголеми цената на топлинската енергија што се испорачува за училиштата, а адекватно на тоа владата не оодговори со издвоени средства од буџетот, со блок дотации со кои се финансираат училиштата.“

Локалната самоуправа само управува со училиштата и не е одговорна да ги покрива режиските трошоци на овие институции, вели Јакимовски додавајки дека државата нема пари за основните трошоци:

„Власта ни е изгубен случај. Од една страна шири, дисперзира, отвара Универзитети во секое село, од друга страна предлага многудетно семејство, а од трета страна нема пари за да се плати парно за училиштата и тоа една обична циркузијада.“

Дали од петок училниците ќе се оладат ако владата не одвои пари од народната каса за сметки?

Од Министерството за образование потврдуваат дека сите училишта во Скопје плаќаат индустриска струја и велат дека не се надлежни за изборот на тарифниот модел за електрична енергија. Од тука и прашањето, ако училиштата се претворат во фрижидери, каде ќе се бара одговорноста? Експертот за локална самоуправа Горан Ангелов вели дека главен проблем во целава ситуација е променливоста на цените на струјата.
Станува збор за една работа која законодавецот во тој момент не ја предвидел. Дека може да се случи енергетските ресурси да бидат повеќе пати зголемени и од тие причини се случува тоа што сега се
случува.


„Станува збор за една работа која законодавецот во тој момент не ја предвидел. Дека може да се случи енергетските ресурси да бидат повеќе пати зголемени и од тие причини се случува тоа што сега се случува.“

Одговорноста е на двете страни, и општините и власта треба да се ангажираат за решавање на овој проблем, додава Ангелов и појаснува:

„Мислам дека иднината треба да се бара и во алтернативните извори на енергија и општините и државата треба да размислуваат на училиштата да им овозможат алтернативни видови на енергија кои ќе бидат многу понезависни од централниот систем на топлификација во градот Скопје и во другите училишта.“

Инаку, како што јавија дел од медиумите, Топлификација ќе ги остави без греење повеќето факултети од Универзитетот Кирил и Методиј, студентските домови и дваесетина основни училишта бидејќи не им се платени сметките за април година.
XS
SM
MD
LG