Маратонецот Томи Стефановски е првиот Македонец кој триумфирал на една трка од светската серија во маратонско пливање. Пред две недели, 42-годишниот Стефановски победи на 32-километарската трка на канадското езеро Сен Жан.
Томи Стефановски стана првиот Македонец кој триумфирал на една трка од светската серија во маратонско пливање. Овој подвиг, 42-годишниот Стефановски го постигна пред две недели откако најбрзо ги преплива 32-та километри на канадското езеро Сен Жан. Со тоа тој го забележа најголемиот успех во кариерата, а задоволството го зголемува фактот што истиот е постигнат на неговата омилена патека.
„Ја темпирав формата баш за Канада, бидејќи е трка која што ми одговара, бидејќи таму имав два пиедестала во последните две години. Бев трети во 2011-та, втор во 20012-та и оваа година застанав на првото место и мислам дека е голема разлика. Сум бил досега два пати на второто место, меѓутоа првото место е голема разлика, особено кога ќе се дигне твоето знаме и кога ќе ја слушнеш химната. Тоа не се опишува со зборови“, изјави најстариот победник на натпревар од Гран при серијата.
Со овој успех, но и со солидните настапи на претходните трки, Томи Стефановски, заедно со вториот наш претставник Евгениј Поп Ацев, се искачи на третото место на годинашната светска ранг листа (двајцата имаат по 43 бодови), каде што има само еден бод помалку од Италијанецот Симон Ерколи (44 бодови) и 12 бодови помалку од лидерот, Аргентинецот Дамјан Блаум (55 бодови).
Ова ги зголеми очекувањата на домашната јавност, која верува дека тој во преостанатите две трки, во Охрид (на 24-ти август) и во Капри (Италија, 1-ви септември) може да се избори за нов историски успех на македонското маратонско пливање. Стефановски е свесен за тоа и ветува давање на максимумот, но и не пропушта да каже дека тоа не е гаранција за висок пласман.
„Многу е несериозно да прогнозираш, особено што во Охрид и во Капри ќе има 10 маратонци од кои секој може да застане на пиедесталот. Знам дека ќе дадам 100 проценти. Меѓутоа, колку ќе биде тоа 100 проценти, тоа се гледа после 3-4 часа. Бидејќи на такви трки по 3-4 часа, кога ќе почне да се решаваат работите, ако сум свеж тогаш може да се надеваме на пиедестал“, додаде пливачот кој пред 4 години (на 14-ти август 2009-та година) стана третиот Македонец (по Нико Нестор и Атина Бојаџи), што го препливал каналот Ла Манш.
По тој подвиг, Стефановски објави крај на кариерата, за само една година подоцна да се врати во спортот, во кој планира да остане уште 12 месеци.
„Следната година мислам дека ќе биде последна, бидејќи овие долги трки сепак се напорни, тренирањето е доста напорно, а јас сум тотален аматер, само што максимално професионално тренирам. И сега следната година ја зацртав бидејќи ќе има многу јубилеи. Ќе ми биде 10-ти маратон во Сен Жан, а нивен 60-ти, ќе ми биде 15-ти Охридски маратон, а и 30 години од првото препливување на еден маратон во Дојран. Така што, може следната година да ставиме крај“, истакна на крајот Томи Стефановски.
Ја темпирав формата баш за Канада, бидејќи е трка која што ми одговара, бидејќи таму имав два пиедестала во последните две години. Бев трети во 2011-та, втор во 20012-та и оваа година застанав на првото место и мислам дека е голема разлика. Сум бил досега два пати на второто место, меѓутоа првото место е голема разлика, особено кога ќе се дигне твоето знаме и кога ќе ја слушнеш химната. Тоа не се опишува со зборови.Томи Стефановски, маратонец.
„Ја темпирав формата баш за Канада, бидејќи е трка која што ми одговара, бидејќи таму имав два пиедестала во последните две години. Бев трети во 2011-та, втор во 20012-та и оваа година застанав на првото место и мислам дека е голема разлика. Сум бил досега два пати на второто место, меѓутоа првото место е голема разлика, особено кога ќе се дигне твоето знаме и кога ќе ја слушнеш химната. Тоа не се опишува со зборови“, изјави најстариот победник на натпревар од Гран при серијата.
Со овој успех, но и со солидните настапи на претходните трки, Томи Стефановски, заедно со вториот наш претставник Евгениј Поп Ацев, се искачи на третото место на годинашната светска ранг листа (двајцата имаат по 43 бодови), каде што има само еден бод помалку од Италијанецот Симон Ерколи (44 бодови) и 12 бодови помалку од лидерот, Аргентинецот Дамјан Блаум (55 бодови).
Многу е несериозно да прогнозираш, особено што во Охрид и во Капри ќе има 10 маратонци од кои секој може да застане на пиедесталот. Знам дека ќе дадам 100 проценти.Томи Стефановски, маратонец.