20-тина учесници, машки и и женски пливачи од повеќе земји во светот и Македонија, маратонци на возраст од 15 до 40 години, ќе си ги одмерат силите на патеката долга 30 километри од Свети Наум до градското пристаниште кај централниот кеј во Охрид. Како и секоја година, и оваа имаше проблеми со финансиите, но средствата се обезбедени, наградниот фонд за пливачите е 25 илјади американски долари, и благодарение на упорноста на пливачкиот клуб „Охридски бранови“, недоразбирањата со пливачката федерација се надминати и маратонот заплива во мирни води.
„Патека што го носи името на нашиот легендарен маратoнец од Охрид Климе Савин, се плива низ девет контролни точки. Овој маратон е специфичен по тоа што кога ги правиме техничките состаноци со учесниците и кога има кажуваме дека водата е во категорија за пиење, за пливачите е несекојдневно и неверејатно, но кога почнуваат да пливаат од изворите на Црн Дрим кај Свети Наум низ езерото, се до Охрид, тие се воодушевени. За безбедност на пливачите, ние обезбедуваме пет медицински екипи, во вода и на суво, кои го прати целиот тек на трката на суво, имаме обезбедени простории во Медицинскиот центар, така да ризикот за случување на инцидент го имаме сведено на минимум“, вели Кочо Паскали, претседател на организацискиот одбор за техничкиот дел на маратонот и на пливачкиот клуб „Охридски бранови“.
Клубот кој егзистира осум децении, во договор со ФИНА и според нејзините стандарди е технички организатор на маратонот, кого го следат над 60 кајчиња, седум брзи глисери, бродови и 100-тина луѓе, со што сликата на целото крајбрежје е вистинска атракција за граѓаните и туристите.
„Пред неколку години почнаа да се фаворизираат трки на 10 километри, наместо трки со голема должина како оваа во Охрид што е со 30 километри од причина затоа што дисциплината маратонско пливање на 10 километри стана олимписка дисциплина и како таква е многу попопуларна и поатрактивна и се повеќе и се повеќе младите пливачи се одлучуваат неа да ја пливаат бидејќи на секој спортист му е императив да учествува на една олимпијада и на таков начин трките со поголеми должини условно кажано стануваат загрoзени, односно за неколку години постои опасност целосно да исчезнат. Свесни за сето ова, бордот кој ја води Светската пливачка федерација во ФИНА, одлучија да заземат посебен однос и став кон ова и овие трки да бидат заштитени со посебна уредба, како трки со најдолга традиција, кои го отсликуваат вистинскиот спортски дух на маратонското пливање, затоа што е потребно надчовечки, врвни напори за да се исплива една ваква патека“, вели Стефан Пулејковски, генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија.
Маратонот кој започна во 70-тите, а е возобновен во 90-тите години под покровителство на претседателот на државата, е заштитен знак на Охридското Езеро, но за да се родат нови познати маратонски имиња потребно е градот да има покриен зимски базен за постојан тренинг на пливачите.
„Охрид и Македонија во светот нашите пливачи ги прославија преку маратоните во Капри во 1962 година, на кој најдобар беше Дики Бојаџи, каде Атина Бојаџи во 1963 година беше прва, во Саид Бејрут Атина беше прва жена во шест години што го преплива тој маратон за 16 часа и 53 минути. Нико Нестор и Атина Бојаџи го препливаа каналот Ла Манш, Александар Маленко беше Европски првак на 200 метри делфин, а добри резултати има и Томи Стефаноски“, вели познатиот пливач и тренер од Охрид Александар-Леко Радич. Фаворит на 25-тиот Охридски пливачки маратон е деветкратниот шампион Петар Стојчев од Бугарија, кој го држи рекордот од 5 и пол часа и годинава како првопласиран на светската ранг листа на оваа последна трка во годинашната гран при серија, ќе учествува по 11 пат.
Пред неколку години почнаа да се фаворизираат трки на 10 километри, наместо трки со голема должина како оваа во Охрид што е со 30 километри од причина затоа што дисциплината маратонско пливање на 10 километри стана олимписка дисциплина и како таква е многу попопуларна и поатрактивна.
„Патека што го носи името на нашиот легендарен маратoнец од Охрид Климе Савин, се плива низ девет контролни точки. Овој маратон е специфичен по тоа што кога ги правиме техничките состаноци со учесниците и кога има кажуваме дека водата е во категорија за пиење, за пливачите е несекојдневно и неверејатно, но кога почнуваат да пливаат од изворите на Црн Дрим кај Свети Наум низ езерото, се до Охрид, тие се воодушевени. За безбедност на пливачите, ние обезбедуваме пет медицински екипи, во вода и на суво, кои го прати целиот тек на трката на суво, имаме обезбедени простории во Медицинскиот центар, така да ризикот за случување на инцидент го имаме сведено на минимум“, вели Кочо Паскали, претседател на организацискиот одбор за техничкиот дел на маратонот и на пливачкиот клуб „Охридски бранови“.
Клубот кој егзистира осум децении, во договор со ФИНА и според нејзините стандарди е технички организатор на маратонот, кого го следат над 60 кајчиња, седум брзи глисери, бродови и 100-тина луѓе, со што сликата на целото крајбрежје е вистинска атракција за граѓаните и туристите.
„Пред неколку години почнаа да се фаворизираат трки на 10 километри, наместо трки со голема должина како оваа во Охрид што е со 30 километри од причина затоа што дисциплината маратонско пливање на 10 километри стана олимписка дисциплина и како таква е многу попопуларна и поатрактивна и се повеќе и се повеќе младите пливачи се одлучуваат неа да ја пливаат бидејќи на секој спортист му е императив да учествува на една олимпијада и на таков начин трките со поголеми должини условно кажано стануваат загрoзени, односно за неколку години постои опасност целосно да исчезнат. Свесни за сето ова, бордот кој ја води Светската пливачка федерација во ФИНА, одлучија да заземат посебен однос и став кон ова и овие трки да бидат заштитени со посебна уредба, како трки со најдолга традиција, кои го отсликуваат вистинскиот спортски дух на маратонското пливање, затоа што е потребно надчовечки, врвни напори за да се исплива една ваква патека“, вели Стефан Пулејковски, генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија.
Овој маратон е специфичен по тоа што кога ги правиме техничките состаноци со учесниците и кога има кажуваме дека водата е во категорија за пиење, за пливачите е несекојдневно и неверејатно.