Најдобриот македонски пливачки маратонец во моментов, Евгениј Поп Ацев, имаше успешен старт на новата сезона во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Тој освои 13 бодови на трите маратони од турнејата во Аргентина (Росарио, Санта Фе и Хернандариас), а највисокиот пласман го оствари на најдолгата и најтешка трка, Хернандаријас - Парана (88 километри), каде што го освои четвртото место. За големината на успехот говори и фактот што низ целта мина само 86 стотинки зад победникот Лучијано Рубио, што е дополнителна потврда за добрата форма, која според него е резултат на тренингот најмногу.
„Оваа есен тренирав доста многу, се подготвував и исто така настапував на многу трки во летото и имам поголемо искуство од претходната година“, изјави Поп Ацев, кој сезонава на Светската ранг листа го брани најголемиот успех на нашето маратонско пливање, третото место освоено лани.
Тој резултат изненади многумина, но 24-годишниот Евгениј, на турнејата низ Јужна Америка, по која е петти на годинашната ранг- листа (со 17 бода помалkу од лидерот Симоне Ерколи од Италија), уште еднаш потврди дека не се работи за случајност. Затоа и порачува дека сезонава ќе атакува на уште поголем подвиг.
„Тешко е да се предвиди. Има уште многу до главните трки што се во лето. Сега доаѓа тешкиот период, многу тренинзи пролетва и потоа ќе видиме за 4-5 месеци. Но, јас се надевам на повторување на резултатот и на подобар резултат“, додаде дипломираниот стоматолог, за кого најголем проблем во остварувањето на целта му се финансиите.
Ова поради тоа што стипендистот од меѓународна категорија на Агенцијата за млади и спорт, со исклучок на повремените спонзорства за некои натпревари, самиот го покрива најголемиот дел од патните трошоци. Затоа и не може да учествува на сите Гран при трки, а на прашањето дали се живее од маратонското пливање, одговара:
„Се живее од задоволството! Инаку, вака нешто многу пари да се заработат - тешко. Сега зависи, ако имате добри пласмани се заработуваат пари од трките. Пристојни пари, ако немаш големи очекувања“, вели Поп Ацев, за кого тоа, сепак, не е причина (како многумина во минатото), да размислува за повлекување од спортот.
„Ќе останам јас во маратонското пливање, затоа што навистина сакам тоа да го работам. Па ќе видиме, јас секогаш се надевам на подобро. Тоа е и целта на спортот. Секоја година се подобро и подобро и на спортски план и паралелно на финансиски план“, истакна на крајот Евгениј Поп Ацев.
Инаку, следниот од преостанатите 6 маратони годинава е на 20-ти април во Канкун (Мексико), а Гран при серијата завршува со трката Капри Наполи (Италија) на 1-ви септември. За една недела претходно, како претпоследен во календарот, закажан е Охридскиот маратон.
Кога се во прашање другите наши претставници во маратонско пливање, по турнејата во Аргентина, Томи Стефановски е 11-ти на ранг - листата на ФИНА (со 6 бодови), а Дејан Младеновски се наоѓа на 14-тата позиција (со 4 бода) меѓу 27 маратонци.
Оваа есен тренирав доста многу, се подготвував и исто така настапував на многу трки во летото и имам поголемо искуство од претходната година.Евгениј Поп Ацев, пливачки маратонец.
„Оваа есен тренирав доста многу, се подготвував и исто така настапував на многу трки во летото и имам поголемо искуство од претходната година“, изјави Поп Ацев, кој сезонава на Светската ранг листа го брани најголемиот успех на нашето маратонско пливање, третото место освоено лани.
Тој резултат изненади многумина, но 24-годишниот Евгениј, на турнејата низ Јужна Америка, по која е петти на годинашната ранг- листа (со 17 бода помалkу од лидерот Симоне Ерколи од Италија), уште еднаш потврди дека не се работи за случајност. Затоа и порачува дека сезонава ќе атакува на уште поголем подвиг.
Се живее од задоволството! Инаку, вака нешто многу пари да се заработат - тешко. Сега зависи, ако имате добри пласмани се заработуваат пари од трките. Пристојни пари, ако немаш големи очекувања.Евгениј Поп Ацев.