Советниците и градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски на отворена седница го изразија своето незадоволство од сечењето дрвја во паркот спроти хотелот Бристол. На седницата не присуствуваа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците од владејачката ВМРО- ДПМНЕ не присуствуваа на отворената вонредна седница на општина Центар против сечењето на дрвјата и уништувањето на паркот покрај хотелот Бристол каде е предвидена изградба на зграда на советот за радиодифузија.
Седницата на местото на злосторот, како што ја нарече претседателот на советот на општината Мирослав Шиповиќ, е со цел да се информираат граѓаните како се уништува зеленилото во центарот на градот. Според него, ВМРО-ДПМНЕ откако ја загуби власта во Центар со сурова сила спротивно на волјата на граѓаните врши матни работи во урбанизмот. Шиповиќ праша зошто мора зградата на Советот за радиодифузија да биде лоцирана таму.
„Која е таа функција на Советот за радиодифузија што тој мора да биде во најтесниот центар на градот, каде што комуналиите се најскапи? Се чини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги казни граѓаните на Центар што гласаа против нив, од ВМРО-ДПМНЕ се чини дека би биле најсреќни да ги иселат граѓаните на Центар, па затоа до станбена зграда градат административен објект со што администрацијата ќе има директен увид во спалните соби на граѓаните, во нивните кујни, во нивните дневни соби.“
Сечењето на дрвјата е само продолжување на дивеењето на власта, порача советникот на СДСМ Јаван Тагасовски, кој ги повика инвеститорите кои ќе ја градат зградата да се откажат од проектот.
„Дајте и вие инвеститори направете добро и откажете се од локацијата на градба, направете добро дело и вратете го зеленилото тука, почитувајте го народот, почитувајте го барањето на граѓаните на Општина Центар.“
Советничката на СДСМ Саша Сашек Гошева вели дека и покрај сите напори владата останала глува на барањата зеленилото да не биде уништено, бидејќи поважни и се нејзините интереси отколку волјата на граѓаните.
„Дрвјата се исечени, зеленилото е уништено, власта се уште деструктивно владее, но не заборавајте дека дрвјата растат, зеленилото се обновува, а дивеењето на власта наскоро ќе престане.“
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски изјави дека е разочаран поради неприсуството на советниците од ВМРО ДПМНЕ.
Која е таа функција на Советот за радиодифузија што тој мора да биде во најтесниот центар на градот, каде што комуналиите се најскапи? Се чини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги казни граѓаните на Центар што гласаа против нив.Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на Општина Центар.
Седницата на местото на злосторот, како што ја нарече претседателот на советот на општината Мирослав Шиповиќ, е со цел да се информираат граѓаните како се уништува зеленилото во центарот на градот. Според него, ВМРО-ДПМНЕ откако ја загуби власта во Центар со сурова сила спротивно на волјата на граѓаните врши матни работи во урбанизмот. Шиповиќ праша зошто мора зградата на Советот за радиодифузија да биде лоцирана таму.
„Која е таа функција на Советот за радиодифузија што тој мора да биде во најтесниот центар на градот, каде што комуналиите се најскапи? Се чини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги казни граѓаните на Центар што гласаа против нив, од ВМРО-ДПМНЕ се чини дека би биле најсреќни да ги иселат граѓаните на Центар, па затоа до станбена зграда градат административен објект со што администрацијата ќе има директен увид во спалните соби на граѓаните, во нивните кујни, во нивните дневни соби.“
Сечењето на дрвјата е само продолжување на дивеењето на власта, порача советникот на СДСМ Јаван Тагасовски, кој ги повика инвеститорите кои ќе ја градат зградата да се откажат од проектот.
Дрвјата се исечени, зеленилото е уништено, власта се уште деструктивно владее, но не заборавајте дека дрвјата растат, зеленилото се обновува, а дивеењето на власта наскоро ќе престане.Саша Сашек Гошева, советничката од СДСМ.