Пораки за единство, за подобро утре, како и за зачувување на македонскиот идентитет и остварување на зацртаните цели, упатија лидерите на земјата по повод одбележувањето на 110 годишнината на Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ.
Пораки за единство, за подобро утре, како и за зачувување на македонскиот идентитет и остварување на зацртаните цели, упатија лидерите на земјата по повод одбележувањето на 110 годишнината на Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ. Премиерот Никола Груевски, вели дека пред земјата е голема пречка, спорот со името со Грција, кој ги блокира евроатланската интеграција на Македонија. Според него, разговорите со Грција се во ќор сокак.
„Како да решиме спор ако не разговараме? Како да решиме спор ако како одговор постојано добиваме клише реакции и веќе видени тези? Како да решиме спор ако никој, буквално никој освен нас не е директно мотивиран или храбар да придонесе овој спор да се реши? Како да го решиме спорот ако на конкретни инцијативи се одговара тотално незаинтересирано? Ајде да седнеме и да разговараме.“
Груевски порача дека ќе побара од ОН измена на форматот на преговорите и носители на одговорните тимови да бидат премиерите на двете земји за да дојдат до прифатливо решение, а крајниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.
Претседателот Ѓорѓе Иванов порача дека остануваат посветени на стратешките цели, но се свесни оти на патот кон ЕУ и НАТО е испречено апсурдно барање, откажување од сопственото име и идентитет.
„Името и идентитетот се дел од нас и ние сме дел од нив. Името и идентитетот се како река што тече со векови, со нас или без нас. Да се откажеме од идентитетот е како да се бара да ја исушиме реката чија вода ја пиеме, чии плодови ги јадеме, река од која живееме и ние, како што живееле и нашите предци пред нас, како што треба да живеат и нашите потомци по нас.“
Сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО, но одиме натаму како што Илинден не научи да одиме, порача претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
„Тоа е цврсто, гордо, чесно и одговорно. Без самопочит вредноста на секое остварување е значително намалена, ќе продолжиме по правецот кој сме го зацртале, но без притоа да заборавиме дека Македонија е една и неделива. Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел, тоа им го должиме на нашите предци, на нашата иднина, на нашите деца, на нашите поколенија.“
Иванов порачаа дека кога станува збор за државните интереси и за иднината на Македонија, сите мора да бидат обединети.
„Да се биде Македонец и граѓанин на Република Македонија значи да се почитува и да се прифаќа културата, верата и обичаите на другиот. Да се негува различноста што сите нас нè прави побогати, обединети и единствени. Република Македонија ни припаѓа на сите нам, независно од етничката, верската или која било друга припадност.“
Според Груевски патот до успехот не е лесен и едноставен, но мора да биде изоден.
Како да решиме спор ако не разговараме? Како да решиме спор ако како одговор постојано добиваме клише реакции и веќе видени тези? Како да решиме спор ако никој, буквално никој освен нас не е директно мотивиран или храбар да придонесе овој спор да се реши? Како да го решиме спорот ако на конкретни инцијативи се одговара тотално незаинтересирано? Ајде да седнеме и да разговараме.Никола Груевски, премиер на Македонија.
„Како да решиме спор ако не разговараме? Како да решиме спор ако како одговор постојано добиваме клише реакции и веќе видени тези? Како да решиме спор ако никој, буквално никој освен нас не е директно мотивиран или храбар да придонесе овој спор да се реши? Како да го решиме спорот ако на конкретни инцијативи се одговара тотално незаинтересирано? Ајде да седнеме и да разговараме.“
Груевски порача дека ќе побара од ОН измена на форматот на преговорите и носители на одговорните тимови да бидат премиерите на двете земји за да дојдат до прифатливо решение, а крајниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.
Претседателот Ѓорѓе Иванов порача дека остануваат посветени на стратешките цели, но се свесни оти на патот кон ЕУ и НАТО е испречено апсурдно барање, откажување од сопственото име и идентитет.
„Името и идентитетот се дел од нас и ние сме дел од нив. Името и идентитетот се како река што тече со векови, со нас или без нас. Да се откажеме од идентитетот е како да се бара да ја исушиме реката чија вода ја пиеме, чии плодови ги јадеме, река од која живееме и ние, како што живееле и нашите предци пред нас, како што треба да живеат и нашите потомци по нас.“
Името и идентитетот се дел од нас и ние сме дел од нив. Името и идентитетот се како река што тече со векови, со нас или без нас. Да се откажеме од идентитетот е како да се бара да ја исушиме реката чија вода ја пиеме, чии плодови ги јадеме, река од која живееме и ние, како што живееле и нашите предци пред нас, како што треба да живеат и нашите потомци по нас.Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.
Сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО, но одиме натаму како што Илинден не научи да одиме, порача претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
„Тоа е цврсто, гордо, чесно и одговорно. Без самопочит вредноста на секое остварување е значително намалена, ќе продолжиме по правецот кој сме го зацртале, но без притоа да заборавиме дека Македонија е една и неделива. Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел, тоа им го должиме на нашите предци, на нашата иднина, на нашите деца, на нашите поколенија.“
Иванов порачаа дека кога станува збор за државните интереси и за иднината на Македонија, сите мора да бидат обединети.
„Да се биде Македонец и граѓанин на Република Македонија значи да се почитува и да се прифаќа културата, верата и обичаите на другиот. Да се негува различноста што сите нас нè прави побогати, обединети и единствени. Република Македонија ни припаѓа на сите нам, независно од етничката, верската или која било друга припадност.“
Според Груевски патот до успехот не е лесен и едноставен, но мора да биде изоден.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5