Достапни линкови

На Илинден да има државнички, а не партиски говори


Претседателто Ѓорге Иванов пред споменикот на Ченто во Скопје за Илинден 2011.
Претседателто Ѓорге Иванов пред споменикот на Ченто во Скопје за Илинден 2011.

Илинден ќе биде традиционално прославен на Мечкин камен во Крушево, во Пелинце и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје.Во манастирот Прохор Пчињски и овој пат нема да присуствува македонска делегација. Според историчарите втори август е датум кој има за цел да ги обедини сите кои живеат на оваа територија.

Премиерот Никола Груевски за Илинден ќе биде на традиционалната прослава на Мечкин камен во Крушево, претседателот Ѓорге Иванов во Пелинце, додека претседателот на Собранието Трајко Вељановски ќе се обрати пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје. Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски ќе бидат на прославата во Пелинце, додека своја делегација СДСМ ќе има во Крушево.
Тоа се празници кои со достоинство треба да ги прославуваат сите граѓани во Република Македонија, за да се покаже единството и на политиката и на граѓаните дека се единствени во пораките коишто ги носат тие настани.
Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.

Во манастирот Прохор Пчињски и овој пат нема да присуствува македонска делегација. Поради негативните одговори што редовно ги добиваше изминатите години, годинава нашата Влада не ни побарала од Српската православна црква да дозволи одбележување на историскиот ден таму. Иако минатата есен македонската Влада и дозволи на Србија со највисоки почести да ја прослави годишнината од битката кај Зебрњак, од српската православна црква не сакаат да
ги отворат вратите од манастирот за официјални гости од Македонија. Иако и српскиот претседател Томислав Николиќ тогаш се заложи дека ќе посредува за решавање на спорот меѓу двете цркви, работите останаа непроменети како и пред големата прослава.
Бидејќи и во Македонија и во Србија на сила е уставниот принцип на одвоеност на црквата и државата, политичарите не можат секогаш да направат нешто суштинско во однос на овој спор, иако некогаш волјата може да постои.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Професорот Здравко Савески вели дека дури и да имаат доволно волја политичарите не секогаш можат да направат суштински поместувања за решавање на ова отворено прашање.

„Бидејќи и во Македонија и во Србија на сила е уставниот принцип на одвоеност на црквата и државата, политичарите не можат секогаш да направат нешто суштинско во однос на овој спор, иако некогаш волјата може да постои.“

Според историчарите втори август е датум кој е запишан во колективната меморија на македонскиот народ и истиот има за цел да ги обедини сите кои живеат на оваа територија, вели директорот на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов.

„Пораките од Илинденското востание кои ни се испраќаат зборуваат дека само единствени можеме да ја постигнеме посакуваната цел. Делбите само можат да не воведат во сосема друг правец. Поделбите создаваат поделби меѓу самите граѓани.“

Чепреганов се надева дека пораките од Илинденското востание допираат до актуелните политички структури. Порачува дека националните празници не смеат да се поистоветуваат со партиските.

„Тоа се празници кои со достоинство треба да ги прославуваат сите граѓани во Република Македонија, за да се покаже единството и на политиката и на граѓаните дека се единствени во пораките коишто ги носат тие настани.“
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG