Повеќе села по долината на реката Радика се повеќе од полупразни, а заживуваат само за време на верските празници. Битуше има 120 куќи, но постојано живот има само во 20-ина од нив, бидејќи миграцијата битушани ги има раселено речиси во сите градови од нашава земја, па и во странство. Прекрасното Битуше е полно со битушани само за Илинден и Водици, велат селаните.
И овој јануари за празникот Водици селото Битуше беше преполно со сегашни и некогашни жители на селото и покрај снегот и ниските температури. За Богојавление битушани каде и да се, се враќаат во своето убаво село.
„Битушани денес живеат во речиси сите градови на Македонија. Има и надвор од границите на нашава земја. Но сите за верските христијански празници се тука. Традицијата се пренесува од колено на колено и никој нема право ниту си дозволува да ја прекине оваа убава традиција. Интересно е тоа што редот на кумството во едно семејство доаѓа на околу 45 години. Имав прилика да бидам кум како дете и пред две години“, истакнува Миле Матески кој постојано живее во ова село.
Меѓу оние кои редовно за време на верските празници доаѓаат овде, се и поранешните битушани кои денес живеат во Скопје. Ратко вели дека е редовен во селото за големиот празник Водици.
„Јас доаѓам од Скопје редовно за Водици во селото на моите родители. Оваа верска традиција е со големи обичаи. Луѓето навистина веруваат во помошта на свети Јован и од бога. Овој празник овде во Битуше се прославува изворно онака како што се прославувало пред повеќе години. Основата на празникот е верска и празнувањето е убавина.“
Кумовите за Водици во Битуше имаат посебно место за време на празникот. Оваа година кумови беа членовите на семејството Смилевски. Перо и Весна со посебно задоволство велат дека е голема почит да се биде кум за Водици во Битуше.
„Годинава ми е прв пат да бидам домаќин-кум. Задоволството е големо и неопишливо. Секој го чека редот да биде кум“, вели Миле Смилевски.
Кумата Весна Смилевска додава:
„Ова е нешто посебно. Крстот доаѓа во куќата. Имаме многу гости. Ние доаѓаме поретко во нашето село, но редовни сме како за Илинден така и за Водици. Водици се посебни овде во Битуше.“
Убавата традиција, убавата селска женска носија, фрлањето на крстот во Битушка река и другите обичаи за овој православен празник, даваат посебна карактеристика на Водици во ова село.
Ова е ретка традиција од верски карактер која ги собира сите битушани во своето село. Повеќе граѓански организации и локалната власт во општина Маврово – Ростуша сметаат дека Водици во Битуше треба да прераснат во голема верска национална манифестација како што е Галичка свадба и други слични манифестации во земјава.
Битушани денес живеат во речиси сите градови на Македонија. Има и надвор од границите на нашава земја. Но сите за верските христијански празници се тука. Традицијата се пренесува од колено на колено и никој нема право ниту си дозволува да ја прекине оваа убава традиција. Интересно е тоа што редот на кумството во едно семејство доаѓа на околу 45 години. Имав прилика да бидам кум како дете и пред две години.Миле Матески, жител на Битуше.
И овој јануари за празникот Водици селото Битуше беше преполно со сегашни и некогашни жители на селото и покрај снегот и ниските температури. За Богојавление битушани каде и да се, се враќаат во своето убаво село.
„Битушани денес живеат во речиси сите градови на Македонија. Има и надвор од границите на нашава земја. Но сите за верските христијански празници се тука. Традицијата се пренесува од колено на колено и никој нема право ниту си дозволува да ја прекине оваа убава традиција. Интересно е тоа што редот на кумството во едно семејство доаѓа на околу 45 години. Имав прилика да бидам кум како дете и пред две години“, истакнува Миле Матески кој постојано живее во ова село.
Меѓу оние кои редовно за време на верските празници доаѓаат овде, се и поранешните битушани кои денес живеат во Скопје. Ратко вели дека е редовен во селото за големиот празник Водици.
Ова е нешто посебно. Крстот доаѓа во куќата. Имаме многу гости. Ние доаѓаме поретко во нашето село, но редовни сме како за Илинден така и за Водици. Водици се посебни овде во Битуше.Весна Смилевска, кума за водиници.