Достапни линкови

Охрид се подготвува за Водици


Архивска фотографија: Водици во Охрид.
Архивска фотографија: Водици во Охрид.

Туристичите капацитети за Нова Година и за Божиќ се веќе пополнети. Охрид на големо се подготвува за празнувањето на Водици на 19 јануари.

Охрид, балканскиот и македонски Ерусалим, кој зимската туристичка сезона ја започна со грчките туристи кои на ривиерата го слават Божиќ, што ќе подолжи со новогодишното празнување, на големо се подготвува за чествувањето на Богојавление, празникот на Исусовото крштевање, во народот познат како Водици, кој се слави на 19-ти јануари.

Последните триесет години со семејството ги минувам годишен одмор или Нова Година, Велигден или Први Мај во Охрид, така што се чувтсвувам половина охриѓанец. Последните две години се фрлав по крстот за Водици на 19 јануари.
Ванчо Чифлиганец, кум на манифестацијата Водици во Охрид.
Празникот, кој освен црковната има и масовна граѓанска димензија, со присуство на десеттици илјади верници и гости, што со посебен пиетет и традиција учествуваат во спектаклот на фрлањето на светиот крст кај градското пристаниште, по кој скокаат илјада капачи, годинава за прв пат има кум кој не е од Охрид. Познатиот стопанственик Ванчо Чифлиганец од Радовиш, вели дека е особено почестен со кумството за што беше избран од здружението Богојавление, кое веќе десет години учествува во организацијата на прославата.
Водици во Охрид.
Водици во Охрид.

„Последните триесет години со семејството ги минувам годишен одмор или Нова Година, Велигден или Први Мај во Охрид, така што се чувтсвувам половина охриѓанец. Последните две години се фрлав по крстот за Водици на 19 јануари, за мое и здравје на целиот христијански свет, за сите граѓани на Македонија и за охриѓаните. Сега сум и еден скромен инвеститор во Охрид, градам 90 елитни станови, па на некој начин сакам да му се оддолжам на градот. За она што е предвидено со обичаите на празнувањето, како дарувањето на фаќачот на крстот и слично, јас како кум гарантирам дека чесно, коректно и искрено според потребите и традицијата ќе се оддолжам. Новина е што ќе стипендирам двајца најдобри ученици од охридската гимназија со едногодишни студентски стипендии, а ќе поделам и 50 хуманитарни пакети на социјално загрозени и повеќедетни семејства, како и на лица со посебни потреби, за и тие да ја почувствуваат радоста на празнувањето. Покрај тоа, сакам да приредам и едно пријатно изненадување, да оставам еден траен белег и по моето кумство во 2012-та година, што со децении и столетија ќе постои во Охрид покрај Охридското Езеро“, вели бизнисменот Ванчо Чифлиганец, кум на Водици Охрид 2012.
Со цел да се привлечат што поголем број гости од државата и од странство, годинава 20-тина хотели понудија дампинг цени од 10 евра за ноќевање, а охридските угостители ќе даваат до 30 проценти попуст на своите услуги во трите празнични дена.
Димитри Пендовски, охридски угостител.

Од Богојавление најавуваат богата програма со познатиот оперски пејач Борис Трајанов, со тезги со греана ракија, симоболично пуштање на гулаби над езерото и попуст за гостите на оваа верско-туристичка атракција.

„Со цел да се привлечат што поголем број гости од државата и од странство, годинава 20-тина хотели понудија дампинг цени од 10 евра за ноќевање, а охридските угостители ќе даваат до 30 проценти попуст на своите услуги во трите празнични дена. Минатата годна имаме околу 600 гости од надвор кои беа специјално дојдени за Водици, а сега со оваа промоција што ќе ја направиме и со задоволството на досегашните гости, овој пат сметам дека ќе ја надминеме бројката од илјада и две илјади гости кои за празникот ќе дојдат во Охрид од другите градови и соседните држави“, вели Димитри Пендовски, угостител од здружението Богојавление.

Тие сакаат прославата на Водици во Охрид заедно со манифестацијата Ден на рибарите на 20-ти јануари, со масовното зимско капење и рибарските атракции, да прерасне во централна прослава на Балканот и овој дел од православниот свет.
XS
SM
MD
LG