Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија Серж Брамерц во интервју за Радио Слободна Европа вели дека му се нејасни образложувањата на некои последни пресуди на судиите. Сепак, според него, обвинителството мора да продолжи да бара одговорност за извршените злосторствата, бидејќи тоа е дел од помирувањето во поранешна Југославија.
Треба да се соочиме со критиките и да разговараме за работата на Трибуналот, вели главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц во разговор со дописникот на Радио Слободна Европа Рикард Јозвиак, на прашањето дали контроверзните одлуки во случаите со Перишиќ, Станишиќ, Маркач и Готовина го уриваат легитимитетот на Трибуналот.
„Факт е дека Трибуналот подигна обвиненија против 161 лице и повеќето од овие процеси се завршени. Сметам дека се донесени значителен број пресуди. Сега никој не може да негира дека некои последни одлуки го потресоа Трибуналот, за што веќе неколку пати говорев. Како страна во случајот мораме да ги прифаќаме одлуките што доаѓаат од судиите. Но, ние јасно рековме дека сметаме оти тие одлуки не се исправни и не ги претставуваат доказите“, вели тој.
Брамерц додава дека обвинителството моментално е фокусирано врз неколку жалбени процеси, односно како дошло до ослободителната пресуда во случајот со Момчило Перишиќ и на изнаоѓање начини тоа да биде изменето.
Тој потсетува дека на Трибуналот му остануваат уште три важни судења во случаите со лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, и со хрватскиот воен лидер Горан Хаџиќ.
На прашањето дали мисли дека Хашкиот трибунал ќе може да ја постигне целта за која е формиран, да придонесе за мирот и помирувањето во Западен Балкан Брамерц вели:
„Земете ги на пример последните пресуди за Станишиќ и Симатовиќ. Јасно е дека жртвите не можат да бидат задоволни бидејќи судиите ја потврдија нивната одговорност дека формирале единици, но се ослободени затоа што не давале директна поддршка во вршењето злосторства. Тоа жртвите тешко го сфаќаат. Во изминативе години многу се соочував со прашањето која е мојата улога во процесот на помирување. Она што го научив е дека дека обвинителството мора да бара одговорност за злосторствата за да почне процесот на помирување. Ослободувачките пресуди не помагаат во тој процес.“
Сепак, според Брамерц, помирувањето треба да почне во самото општество, за што е потребно да се решат многу проблеми и да се совладаат многу пречки на просторот на поранешна Југославија.
Запрашан дали за време на неговата работа се соочил со политички притисоци тој одговора:
„Не. Често пати го кажувам тоа. Јас сум обвинител повеќе од 20 години. Никогаш не се чувстував независен во моите претходни функции. Од перспектива на обвинтел ова е многу независна позиција иако не е воопшто едноствана, бидејќи морате да донесувате важни одлуки за тоа против кого ќе покренете обвинување. Но, на односот со меѓународната заедница секогаш гледав како на поддршка, а не како на притисок. Мислам дека без поддршка и притисок од меѓународната заедница, посебно Европската унија, ние се уште ќе ги баравме бегалците.“
Брамерц вели дека не знае кога Хашкиот трибунал ќе ја заврши работата, но тоа би можело да се случи по 2015 година.
„Не знам каде ќе завршат судските архиви, но лично сметам дека тоа би требало да биде во Обедиентите нации или во Хаг, но за тоа одлука треба да донесе Светската организација, бидејќи тоа е нејзина сопственост„ наведува главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц во интервју за Радио Слободна Европа.
Факт е дека Трибуналот подигна обвиненија против 161 лице и повеќето од овие процеси се завршени. Сметам дека се донесени значителен број пресуди. Сега никој не може да негира дека некои последни одлуки го потресоа Трибуналот, за што веќе неколку пати говорев.
„Факт е дека Трибуналот подигна обвиненија против 161 лице и повеќето од овие процеси се завршени. Сметам дека се донесени значителен број пресуди. Сега никој не може да негира дека некои последни одлуки го потресоа Трибуналот, за што веќе неколку пати говорев. Како страна во случајот мораме да ги прифаќаме одлуките што доаѓаат од судиите. Но, ние јасно рековме дека сметаме оти тие одлуки не се исправни и не ги претставуваат доказите“, вели тој.
Брамерц додава дека обвинителството моментално е фокусирано врз неколку жалбени процеси, односно како дошло до ослободителната пресуда во случајот со Момчило Перишиќ и на изнаоѓање начини тоа да биде изменето.
Тој потсетува дека на Трибуналот му остануваат уште три важни судења во случаите со лидерите на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, и со хрватскиот воен лидер Горан Хаџиќ.
На прашањето дали мисли дека Хашкиот трибунал ќе може да ја постигне целта за која е формиран, да придонесе за мирот и помирувањето во Западен Балкан Брамерц вели:
Никој не може да негира дека некои последни одлуки не го потресоа Трибуналот, за што веќе неколку пати говорев. Како страна во случајот мораме да ги прифаќаме одлуките што доаѓаат од судиите. Но, ние јасно рековме дека сметаме оти тие одлуки не се исправни и не ги претставуваат доказите.