Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија денеска го ослободи од сите обвиненија поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај. Судијата Бакон Молото изјави:
„Нема доказ кој сугерира дека Рамуш Харадинај побарал или инструирал војници на Ослободителната војска на Косово кои со сила ги преместиле Насер Лика и Фадил Фазлиу од Забел да починат вакви акти.“
Харадинај, кој за време на конфликтот во Косово меѓу 1998-1999 година беше еден од командантите на Ослободителната војска на Косово, беше обвинет за воени злосторства и злосторства против човештвото. Ослободени се и неговите соработници Идриз Балај и Лахи Брахимај.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ, пак, оцени денеска дека ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај била очекувана, дека е последна во низата политички, а не правни и праведни пресуди на Трибуналот, но дека Србија, наспроти тоа, ќе ги продолжи преговорите со Приштина, бидејќи тоа е во нејзин интерес. Дачиќ истакна дека и оваа пресуда, како и пресудата на хрватските генерали, ќе го отежне процесот на помирување во регионот.
Обвинителот за воени злосторства на Србија Владимир Вукчевиќ додаде дека ослободителната пресуда на Харадинај е резултат на непрофесионалната заштита на сведоците, но дека треба да се сочуваат студени глави и да ја продолжи соработката во регионот.
Еве, пак, што порача Петер Стано портпаролот на комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе:
„Ние разбираме дека за луѓето кои се погодени од војните им треба време за залекување на раните, но она што сакаме да им го кажеме на лидерите, па и на сите други, е дека треба да се фокусираат на обновата на довербата и добрососедските односи.“
Во април 2008 година Харадинај беше ослободен целосно од Хашкиот трибунал по сите 37 точки од обвинението поради недостиг на докази. Обвинителството на Трибуналот ја обжали пресудата, а во јуни 2010 година Апелацискиот совет делумно ја поништи. Во август 2011 година, Хашкиот трибунал почна повторен судски процес по шест од 37 точки од првичното обвинение. За време на процесот беа сослушани 12 сведоци, а сведочењата на уште 44 лица беа претставени во писмена форма. Харадинај беше премиер на Косово од трети декември 2004 година до осми март 2005 година.
Ние разбираме дека за луѓето кои се погодени од војните им треба време за залекување на раните, но она што сакаме да им го кажеме на лидерите, па и на сите други, е дека треба да се фокусираат на обновата на довербата и добрососедските односи.Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе.