Последните средби со европските претставници покажуваат дека земјава се наоѓа во ќорсокак, велат аналитичарите.
Од една страна истите забелешки, од друга, истите оправдувања. Ваква, според аналитичарите, е сликата по вчерашните средби на министерот Никола Попоски и вицепремиерот Фатмир Бесими со европските дипломати во Брисел. Средбите, пак, не се ништо друго освен дел од кампањската дипломатија на оваа Влада, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.
„Ние секогаш правиме некои кампањски обиди пред некои големи одлуки, а сега знаеме дека е онаа финална фаза на подготовка на годишниот извештај што ќе излезе во октомври, така што сите овие обиди се на некој начин покажување дека Македонија прави сè што може“, вели Маричиќ.
Последните средби со европските претставници покажуваат дека земјава се наоѓа во ќорсокак. Спроведување на мартовскиот договор, слобода на медиумите, добрососедски односи, тоа се истите забелешки кои веќе ги имавме, а што само докажуваат дека прашањата не сме ги решиле, туку само површно сме ги разгледале, вели политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани од институтот Нисма.
„Од друга страна, наместо покажување на волја и преземање политичка иницијатива за можните решенија, нашите функционери гледаме дека се зафатени само со образложенија и оправдувања и и најновото, потрагата по сеништа“, вели Рамадани.
Она што е клучно за напредок на полето на евроинтеграциите се сериозна политичка волја и сериозни дела, вели Маричиќ. Пораките од литванскиот амбасадор во земјава Ренатас Јушка, кој вчера јасно ни порача дека не гледаат напредок во многу области, треба да нè отрезнат. Долго време го гледаме истиот филм и се однесуваме на начин кој може само да ни ги влоши односите со Европската унија до крајот на годината, порачува Маричиќ.
„За жал, ние не се занимаваме со преговори со ЕУ за да работиме на подобрување на овие области, туку сè уште се вртиме во истиот круг. Најлогична последица може да биде влошување на односите со ЕУ до крајот на годинава, дали тоа ќе биде во форма на замрзнување на препораката за почеток на преговори, дали во форма на некој друг вид на опоменување, тоа сега уште не може да се знае, но може да се насети“, вели Маричиќ.
Речиси истиот став го дели и Рамадани. Укажува дека наместо празни оправдувања, надлежните треба да покажат вистинска политичка волја и конкретна работа ако сакаме да постигнеме некаков напредок на полето на евроинтеграциите.
„Ние само по прашањето на името преземавме некои политички чекори сега, во последно време, но во однос на другите прашања сè уште назадуваме“, изјави Рамадани.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вчера изјави дека Македонија полага големи надежи во литванското претседателство, бидејќи по Литванија со ЕУ ќе претседава Грција. Тој побара од Литванија и од институциите на ЕУ да се направат напори Грција да биде мотивирана да седне на маса со Македонија и да го отвори дијалогот кој веќе две децении не е решен.
За жал, ние не се занимаваме со преговори со ЕУ за да работиме на подобрување на овие области, туку сè уште се вртиме во истиот круг. Најлогична последица може да биде влошување на односите со ЕУ до крајот на годинава, дали тоа ќе биде во форма на замрзнување на препораката за почеток на преговори, дали во форма на некој друг вид на опоменување, тоа сега уште не може да се знае, но може да се насети.Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование.
„Ние секогаш правиме некои кампањски обиди пред некои големи одлуки, а сега знаеме дека е онаа финална фаза на подготовка на годишниот извештај што ќе излезе во октомври, така што сите овие обиди се на некој начин покажување дека Македонија прави сè што може“, вели Маричиќ.
Последните средби со европските претставници покажуваат дека земјава се наоѓа во ќорсокак. Спроведување на мартовскиот договор, слобода на медиумите, добрососедски односи, тоа се истите забелешки кои веќе ги имавме, а што само докажуваат дека прашањата не сме ги решиле, туку само површно сме ги разгледале, вели политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани од институтот Нисма.
„Од друга страна, наместо покажување на волја и преземање политичка иницијатива за можните решенија, нашите функционери гледаме дека се зафатени само со образложенија и оправдувања и и најновото, потрагата по сеништа“, вели Рамадани.
Ние само по прашањето на името преземавме некои политички чекори сега, во последно време, но во однос на другите прашања сè уште назадуваме.Рамадан Рамадани, политички аналитичар.