Законот за прекинување на бременоста во колизија со меѓународните принципи за човекови права

Даниел Калајџиески, Програмски координатор во ХЕРА.

Македонија како земја ги има потпишано и ратификувано најголемиот дел од Меѓународните договори кои се однесуваат на заштита на правата на жените. Токму тоа ја прави нашата земја одговорна не само пред македонските граѓани, туку и пред овие меѓународни инструменти и институции, пишува за Радио Слободна Европа, Даниел Калајџиески, Програмски координатор во ХЕРА.
Целата постапка за донесување на законот за прекинување на бременоста ни покажа едно – како функционира демократијата во Македонија. Тоа ни повеќе ни помалку е отсликано во нашата поговорка – кучињата лаат, караванот поминува. Се разбира не треба дополнително објаснување кој е кој во ситуацијата.
Додека најголемиот дел од земјите во светот работата на подобрување на состојбите во своите земји, вклучително и оние кои се однесуваат на правата на жените, во Македонија се случува нешто друго.

Од моментот на поднесување на законот во Собрание до моментот на потпишување на указот за прогласување на законот од страна на Претседателот поминаа само три недели. Законот беше доставен на 28 мај, а указот беше потпишан на 17-ти јуни. Во овие 21 ден, беа организирани три протести пред Собранието, беа испратени писма до сите релевантни фактори, 71 македонска и 91 организација од целиот свет ја поддржа иницијативата која укажуваше дека законот е на штета на правата на жените, беше одржана една јавна расправа, а активистите за човекови права поминаа многу часови во подготовка на акциите кои значеа одбрана на правата на жените. Кон ова се приклучија и пратеници од Европскиот парламент, како и Парламентарното собрание на Советот на Европа со декларација. Исходот го знаеме сите.

Ако сево ова не многу влијаеше на содржината на законот, тоа не значи дека законот е во согласност со меѓународните практики. Република Македонија како земја ги има потпишано и ратификувано најголемиот дел од Меѓународните договори кои се однесуваат на заштита на правата на жените. Токму тоа ја прави нашата земја одговорна не само пред македонските граѓани, туку и пред овие меѓународни инструменти и институции.

Во тој контекст на кратко ќе ги спомене кои се главните аспекти од ново донесениот закон, а кој што се директно спротивни на меѓународните стандарди, практики и права.

Додека најголемиот дел од земјите во светот работата на подобрување на состојбите во своите земји, вклучително и оние кои се однесуваат на правата на жените, во Македонија се случува нешто друго. Од 1994 година кога се донесе Програмата за акција на Меѓународната конфренција за развој и население, повеќе од 30 земји ги либерализирале законите за абортус, се со цел подобар пристап до услугите за абортус, а чија крајна цел е подобрување на здравјето на жените. Во периодот кога светот ги ревидира успесите и предизвиците од оваа програма, Македонија го прави токму спротивното.
Задолжителното чекање од три дена покрај тоа што е спротивно на стандардите, тоа истовремено е во колизија со препораките на Конференцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жената. Во истата ситуација во Унгарија, Комитетот и укажа „да обезбеди безбеден абортус за жените без тие да бидат подложени на задолжително советување и медицински непотребниот период за чекање, како што препорачува и СЗО“. После Унгарија и Македонија е следна на ред со вакви препораки во светскте извештаи.

Клучните аспекти од законот кој што се спротивни на меѓународните практики:

1. Задолжително преглед со ултразвук и советување
2. Задолжителен период на чекање
3. Писмено барање за добивање на услугата за абортус
4. Вклучување на трети страни во крајната одлука за извршување на абортусот

Светската здравствена организација во насоките од 2012 година наведува дека, ултразвучниот преглед не треба да биде задолжителен за извршување на абортус. Покрај тоа овие меѓународните стандарди на СЗО наведуваат дека: „најголемиот дел од жените кои што бараат извршување на абортус својата одлука ја донеле пред да се упатат на истиот, па поради тоа одлуката на жената треба да се почитува, без да и се наметнува на жената задолжително советување“. Се разбира овие стандради не се инкорпорирани во новиот закон. Сите процедури се задолжително без жената да има избор да одлучи дали ќе го стори тоа или не.

Задолжителното чекање од три дена покрај тоа што е спротивно на стандардите, тоа истовремено е во колизија со препораките на Конференцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жената. Во истата ситуација во Унгарија, Комитетот и укажа „да обезбеди безбеден абортус за жените без тие да бидат подложени на задолжително советување и медицински непотребниот период за чекање, како што препорачува и СЗО“. После Унгарија и Македонија е следна на ред со вакви препораки во светскте извештаи. За задолжителниот период на чекање и специјалниот известувач за здравство на Обединетите нации, Ананд Грувер во својот извештај јасно потврдува дека „задолжителното чекање и советување го прави абортусот недостапен, а со тоа се прекршуваат меѓународните норми за човекови права“.

Иако абортусот е мошне безбедна процедура, компликациите и ризиците се зголемуваат со одминувањето на бременоста. Па токму поради тоа, сите овие процедури кои се задолжителни, наместо да го заштитат здравјето на жените (како што вели Министерот Тодоров), директно влијаат на зголемување на здравствените ризици кај жените.

И токму, каков што е донесен законот содржи низа на одредби, кои претставуваат директна полова дискриминација врз жените. Процедуралните бариери кои се наметнуваат со законот,а со кој што се ограничуваат пристапот до сервиси за репродуктивно здравје кои што им се потребни само на жените, преставува директна дискриминација. Комитетот на Конвенцијата за елиминација на сите форми на насилство врз жената ја дефинира половата дискриминација како: „различен третман експлицитно на основа на пол и родови карактеристики“.
Кога Министерството за здравство ќе сфати дека овој закон е штетен? Кога ќе биде загрозени здравјето на жените? Кога жените ќе ги почувствуваат негативните ефекти од овој закон на своја кожа?

Покрај тоа со овој закон дополнително се зголемуваат и дискриминаторските стереотипи кон жените и нивната способност да донесат сами рационална одлука за своето репродуктивно здравје. Со наметнувањето на задолжителни процедури се претпоставува дека сите жени немаат доволно информации или пак знаења за да може да ја донесат таа одлука. Со тоа сите жени директно се ставаат во подредена ситуација. Исто така со наметнувањето на сите административни процедури се создава слика дека жените кои што правата абортус, прават нешто лошо. Создавањето на вакви стереотипи само ќе ја зголеми дискриминацијата кон жените и нивната сексуалност, а со тоа ќе влијае на влошување на здравјето.

Овој закон многу поголемо негативно влијание ќе има врз жените кои се ранливи и маргинализирани. Наместо државата да им помогне на овие жени го прави токму спротивното. Задолжителните постапки ги зголемува трошоците кои што жената ги има за да ја добие таа услуга. Некои жени ќе треба да патуваат два пати и по стотици километри, тоа би бил дополнителен финансиски издаток за нив, се разбира доколку тие тоа може да си го дозволат.

Специјалниот известувач за правото на здравје на ОН недвосмислено нагласува „законските ограничувања кои допринесуваат абортусот да биде недостапен, како што е вклучување на трети страни (во смисла на воведување на комисии за абортус во трет триместар) го прават безбедниот абортус и пост-абортус грижата недостапна, особено за сиромашните, раселените и младите жени“. Ваквите одредби од законот се во спротивност и на препораките на Комитетот за Економски, социјални и културни права за Македонија од 2008 година во кои се посочува од потребата за зголемување на напорите за подобрување на услугите за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи гинеколошки и услуги за советување, особено за оние во руралните области, како и во заедниците каде што живеат Роми и други припадници на маргинализирани лица.

Сите погоре наведени споредби, препораки, декларации се само дел од целосната слика за неусогласеноста на овој закон со меѓународните стандарди.
Овие, но и многу други ќе бидат основа за поднесување на преставката до Уставниот суд на Република Македонија.

Само на крајот останува едно прашање да биде одговорено. Кога Министерството за здравство ќе сфати дека овој закон е штетен? Кога ќе биде загрозени здравјето на жените? Кога жените ќе ги почувствуваат негативните ефекти од овој закон на своја кожа?