Невладините организации и денеска се најдоа пред Собранието додека внатре течеше продолжението од 62-та седница на која на дневен ред се наоѓа и законот за прекин на бременоста.
„Ова е последен обид да се спречи силеџиството во целата постапка на донесувањето на законот и се надеваме дека овој парламент ќе не заштити од заштитата која ни ја демонстрира Министерот за здравство“, изјави Марија Савовска од Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска.
Неда Коруновска од невладината „Реактор“ вели:
„Да апелираме до сите пратеници да не го гласаат предлог законот којшто е денеска повторно ставен на седница. Особено апелираме до пратеничките од сите политички партии доколку изгласаат ваков закон ќе ги држиме до одговорност и ќе бараме укинување на квотите во Република Македонија и отворени листи.“
Надлежните до сега не најавија никаква отстапка поради сите овие рекации кои беа доставени и во писмена форма до пратениците, а министерот Тодоров излезе со објаснување дека законот само го регулира абортусот.
Бојан Јовановски од нервладината Хера рече дека препораките до Министерот за здравство се упатени од 72 граѓански организации, стручните здруженија на гинеколози и 91 меѓународна организација не се прифатени, а не е прифатена ниту понудената помош од Светската здравствена организација.
„Министерот и Министерството за здравство во изминатите десет дена користеја парцијални аргументи, користеја докази кои не се релевантни во однос на социо- културолошкиот контекст на оваа држава која фаворизираше здруженија и религиски претставници кои имаат ставови со кои се руши секуларноста на Македонија. На крајот започнаа и да делигитимира, да стигматизира, да потценува и да дисциплинира“, изјави Јовановски.
Тој денеска апелираше дека и со дополнителните амандмани новиот закон го ограничува слободниот избор за прекинување на бременоста во Македонија поради предвидувањето да се достави писмено барање од жената, задолжително како што нагласува пристрасно советување во кое се вклучени предности од продолжувањетро на бременоста, 3 дена чекање по задолжителнотот советување, писмена согласност како и предлогот за нови центри на општинско ниво за советување на бремените жени кои ќе се бават со советување за штетноста од прекинување на бременоста и формирањето второстепена комисија од страна на министерот. Тој додаде и дека граѓанскиот сектор ќе продолжи со преставки за стопирање на законот пред институциите Претседател и Уставен суд и дека ќе се залагаат за нов закон.
Да апелираме до сите пратеници да не го гласаат предлог законот којшто денеска е повторно ставен на седница. Особено апелираме до пратеничките од сите политички партии доколку изгласаат ваков закон ќе ги држиме до одговорност и ќе бараме укинување на квотите во Република Македонија и отворени листи.“Неда Коруновска, „Реактор“.
„Ова е последен обид да се спречи силеџиството во целата постапка на донесувањето на законот и се надеваме дека овој парламент ќе не заштити од заштитата која ни ја демонстрира Министерот за здравство“, изјави Марија Савовска од Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска.
Неда Коруновска од невладината „Реактор“ вели:
„Да апелираме до сите пратеници да не го гласаат предлог законот којшто е денеска повторно ставен на седница. Особено апелираме до пратеничките од сите политички партии доколку изгласаат ваков закон ќе ги држиме до одговорност и ќе бараме укинување на квотите во Република Македонија и отворени листи.“
Министерот и Министерството за здравство во изминатите десет дена користеја парцијални аргументи, користеја докази кои не се релевантни во однос на социо- културолошкиот контекст на оваа држава која фаворизираше здруженија и религиски претставници кои имаат ставови со кои се руши секуларноста на Македонија.Бојан Јовановски, Хера.