Носењето на законот за прекинување на бременост треба да ги образложи вистинските намери за потребата од негово донесување, вели пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети Деваја. Сè уште не знам дали како жена пратеник ќе го поддржам предложеното законско решение, посочува Мехмети, образложувајќи ги своите лични дилеми околу спорниот закон.
„Мој впечаток е дека вистинската причина за носењето на тој закон не е заштитата на здравјето на жената, туку напротив, на тоа се гледа како на некој вид на интервентна мерка во демографските политики на најголемата партија на власт и од тие причини мислам дека законот носи во себе доста контровезии“, вели Мехмети Деваја.
Пратеничката Лилјана Поповска од Демократската обнова за Македонија е оптимист дека јавната расправа може да ги промени работите во корист на жената. Таа смета дека законот ги допира основните права на жената и како таков не смее да биде донесен.
„Најсериозната пречка за овој закон да се донесе во оваа форма е во членот 10, каде што се предвидува бремената жена заедно со својот брачен другар да оди на првостепена комисија. Ова е директно ограничување на правата и слободите на жените самите да одлучуваат за своето тело“, вели Поповска.
Од невладиниот сектор апелираат законот да не се носи по итна постапка. Со овој закон се повредуваат основните човекови права и слободи, вели директорот на невладината Хера, Бојан Јовановски. Воведувањето на низата бирократски процедури кои дополнително ќе го ограничат правото на избор, воведувањето на високи парични казни и мерката затвор која се предвидува со предложеното законско решение, централизирањето на моќта на првиот човек во здравството, се само дел од аргументите против донесување на предложениот закон, вели Јовановски.
„Министерството за здравство треба да даде можеби во овој закон само препорака до медицинските институции, тие сами да донесат свои протоколи со останатите професионални органи, лекарски здруженија, меѓутоа не директно да се вмешува во нивната работа“, вели Јовановски.
Веќе за утре најавени се нови протести на невладиниот сектор против ова законско решение. Од Хера очекуваат дека ќе ја добијат битката, а тоа е повлекување на законот. Информираат дека Министерството за здравство не ги контактирало, а нивните аргументи ги слушнале само неколку пратеници.
„Од Министерството за здравство не добивме никаков повик да се состанеме, да се видиме и да дискутираме за сите овие проблеми и последици коишто носењето на овој закон може да ги предизвика“, вели Јовановски.
Невладините сметаат дека е спорно и тоа што мерките не се во согласност со научни сознанија, медицина базирана на докази, ниту пак, со насоките на Светската здравствена организација. Дополнителен проблем е зголемувањето на ингеренциите на министерот Никола Тодоров во носењето одлуки за прекин на бременоста.
Според министерот за здравство, пак, со Предлог-законот за прекинување на бременост воопшто не се забранува абортусот во Македонија, ниту на кој било начин се ограничува правото на избор на жената, туку само се менуваат некои идеолошки одредби. Според Тодоров, законот е еден од најлибералните во Европа.
Во предлогот, меѓу другото, се определува жената што сака да абортира задолжително да поднесе писмено барање, чија форма и содржина треба да ја определи министерот за здравство, дека пред прекинување на бременоста докторот е должен да изврши советување на бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста, како и за ризиците при спроведување.
Мој впечаток е дека вистинската причина за носењето на тој закон не е заштитата на здравјето на жената, туку напротив, на тоа се гледа како на некој вид на интервентна мерка во демографските политики на најголемата партија на власт и од тие причини мислам дека законот носи во себе доста контровезии.Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.
„Мој впечаток е дека вистинската причина за носењето на тој закон не е заштитата на здравјето на жената, туку напротив, на тоа се гледа како на некој вид на интервентна мерка во демографските политики на најголемата партија на власт и од тие причини мислам дека законот носи во себе доста контровезии“, вели Мехмети Деваја.
Пратеничката Лилјана Поповска од Демократската обнова за Македонија е оптимист дека јавната расправа може да ги промени работите во корист на жената. Таа смета дека законот ги допира основните права на жената и како таков не смее да биде донесен.
Најсериозната пречка за овој закон да се донесе во оваа форма е во членот 10, каде што се предвидува бремената жена заедно со својот брачен другар да оди на првостепена комисија. Ова е директно ограничување на правата и слободите на жените самите да одлучуваат за своето тело.Лилјана Поповска од ДОМ.