Пратениците и пратеничките го изгласаат законот за прекин на бременоста. За законот гласаа 62 пратеници, немаше воздржани, а единствено пратеникот Ивон Величковски од опозициската Либерална партија беше против. Пратениците од СДСМ не учествуваа на расправата по законот, со образложение дека законот не е во интерес на македонските граѓани.
Величковски беше единствениот пратеник кој беше против законот, а особено му пречеше тоа што закон кој длабоко задира во човековите права се носи по скратена постапка.
„Што сакате да направите? Со административни мерки, со пролонгирани постапки да кроите популациона политика, се обидовте да ја вплеткате тука и црквата и верските заедници и ќе ви кажам и вам и на сите ваши поддржувачи, оваа држава ќе биде силна онолку колку што ќе ја браниме меѓу другото и нејзината секуларност.“
На Величковски му реплицираа и министерот за здравство Никола Тодоров и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тодоров вели дека Величковски сам си создава фиктивни проблеми, а потоа жестоко ги брани. Според министерот, новините кој ги предвидува законот се во полза на жените.
„Задолжителното советување, точно, јавно кажав дека е дел од новиот концепт и ви кажав зошто е, не за да се предомислува жената, туку, ако се двоуми, да и ги дадеме вистинските информации, а ако одлучила, да и помогнеме да го помине тој постабортивен период во функција на заштита на здравјето на жената“, вели Тодоров.
Величковски вели дека со овој закон единствено што ќе придонесе власта е тоа абортуси да се прават по подруми, гаражи или надвор од земјата.
Пратеничката Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го запраша Величковски зошто го презеде товарот на опозиција во Собранието. Според неа, тоа е преголем залак за него. Кузмановска вели дека овој закон
нема да придонесе до тоа абортуси да се прават по подруми, туку ќе овозможи целосна здравствена заштита на жените.
„Оттука, немојте да не понижувате сите коишто припаѓаме на ова мнозинство, бидејќи крајно сериозно му пристапивме на овој закон и ако беше во кој било сегмент штетен за жените во оваа држава, ние немаше да го поддржиме“, вели Кузмановска.
Пратеникот Драгиша Милетиќ од опозициската Српска напредна странка го поддржа законот.
„Го поддржувам овој закон затоа што е доста абротуси по тајни ординации. Многу девојки и жени настрадаа. Сигруни посоти и статискита колку од нив останаа стерилни. Нема ништо лошо во тоа да им се дадат три дена жените да размислат добро.“
Величковски пред гласањето им упати последен апел да не го гласаат, но беше единствен во борбата против законот.
„Секој што ќе гласа за овој закон за прекинување на бременоста гласа за поттикнување на абортус туризмот од Република Македонија. Жално и срамота!“
За време на седницата, пред Собранието протестираа невладините организации кои се против законот.
„Ние не застануваме тука. Наши наредни мерки се да побараме од претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише самиот закон за прекинување на пременоста, а исто така понатаму ќе гледаме и да го оспориме овој закон пред Уставниот суд“, изјави Бојан Јовановски од Хера.
Секој што ќе гласа за овој закон за прекинување на бременоста гласа за поттикнување на абортус туризмот од Република Македонија. Жално и срамота!Ивон Величковски, Либерална партија.
Величковски беше единствениот пратеник кој беше против законот, а особено му пречеше тоа што закон кој длабоко задира во човековите права се носи по скратена постапка.
„Што сакате да направите? Со административни мерки, со пролонгирани постапки да кроите популациона политика, се обидовте да ја вплеткате тука и црквата и верските заедници и ќе ви кажам и вам и на сите ваши поддржувачи, оваа држава ќе биде силна онолку колку што ќе ја браниме меѓу другото и нејзината секуларност.“
Задолжителното советување, точно, јавно кажав дека е дел од новиот концепт и ви кажав зошто е, не за да се предомислува жената, туку, ако се двоуми, да и ги дадеме вистинските информации.Никола Тодоров, министер за здравство.
На Величковски му реплицираа и министерот за здравство Никола Тодоров и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тодоров вели дека Величковски сам си создава фиктивни проблеми, а потоа жестоко ги брани. Според министерот, новините кој ги предвидува законот се во полза на жените.
„Задолжителното советување, точно, јавно кажав дека е дел од новиот концепт и ви кажав зошто е, не за да се предомислува жената, туку, ако се двоуми, да и ги дадеме вистинските информации, а ако одлучила, да и помогнеме да го помине тој постабортивен период во функција на заштита на здравјето на жената“, вели Тодоров.
Величковски вели дека со овој закон единствено што ќе придонесе власта е тоа абортуси да се прават по подруми, гаражи или надвор од земјата.
Пратеничката Бети Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го запраша Величковски зошто го презеде товарот на опозиција во Собранието. Според неа, тоа е преголем залак за него. Кузмановска вели дека овој закон
Наши наредни мерки се да побараме од претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише самиот закон за прекинување на пременоста, а исто така понатаму ќе гледаме и да го оспориме овој закон пред Уставниот суд.Бојан Јовановски, Хера.