Чукна часот студентите во Р. Македонија да се обединат, но не затоа што исто размислуваме, туку напротив затоа што сме различни, не затоа што некој треба да не раководи, туку поради потребата од заедничко делување во земјатаи надвор од неа, пишува за Радио Слободна Европа, Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Почитувани колеги, ете изминуваат 4 години како се занимавам со студентско организирање. Не се срамам од тоа да кажам дека на почетокот бев теренец, потоа станав дел од наставно-научен совет и поради моите јавно искажани ставови бев отповикан, а сега сум претседател на СПУКМ.
Во оние моменти кога сработеното ти се руши, а твојата иднина на факултет е загрозена, ја сфаќаш потребата за истрајност и борба, но преку институционален пат. Зошто прво институционален, а не на улица? Прво затоа што е демократски и правилно, а второ затоа што секој интелектуалец така би постапил. Искуството е сила како што е и самото знаење, можеби и поголема и поважна. Моето искуство ме научи каде се слабостите и каде треба да се поработи за да се зајакнат предностите на нашата организација.
СПУКМ, поранешен ССУКМ е дом на врвни интелектуалци, низ неговите редови поминале граѓани кои се дел од македонската општествена елита (професори, доктори, политичари, музичари, итн) и како таков е чест и задоволство, па барем и на 2 години да бидеш домаќин на ова големо семејство. Капацитетот и искуството на нашите претходници, е нешто кое ние не планираме да го занемариме или заборавиме, туку напротив планираме да го искористиме. Охрабрен од бившите членови, студентите и сопственото убедување се решив да одам чекор понатаму, да научам да слушам пред да почнам да зборувам, да научам да соработувам пред да почнам да критикувам и пред се да им дишам во врат на институциите на системот и да ги потсетувам дека тие секогаш можат да направат нешто повеќе за студентите.
Реновиравме читална во студентски дом, за да ги потсетиме дека треба домот да се реновира, ги поттикнавме студентите дека треба да се обратат до нас, за да ги потсетиме надлежните дека преку 50% од случаите за корупција се решаваат и тоа со посредство на нашата студентска организација, започнавме кампања за поевтин и подостапен јавен превоз за студенти како што беше ветено, за да потсетиме дека има начин тоа да се случи, што ќе биде од сето тоа остануваме да видиме. Исто така неколку работи сакам да напоменам, и тоа дека НЕ се плашиме од нетранспарентност, бидејќи web страната е во завршна фаза, а нашата програма за работа и финансискиот извештај се точки од дневниот ред на Сенатот на најстариот и најголем Универзитет во Р. Македонија и НЕ се плашиме од нелегитимност, затоа што преку 8.500 студенти излегоа да гласаат на изборите за СПУКМ (за разлика од оние 8.000 на минатите избори кога УКИМ имаше повеќе запишани студенти).
Тука не застануваме, сметаме дека фалат уште две круцијални целини за да биле цело кога има се. Следејќи ги трендовите на развојот на технологијата, потребата од информирање, истражување и потрага по јавен став, сметаме дека на македонската јавна сцена и е потребен нов студентски интернет медиум, кој ќе служи како телевизиски информативен сервис на студентите. Овој проект е обемен и е во почетна фаза, но сепак ентузијазмот и одлучноста на иницијаторите дава додатна енергија и сигурност дека сме на работ на една нова успешна приказна.
Според мене, како легитимен застапник на студентите, најомилено ми е ова последното-ОБЕДИНУВАЊЕТО! Секогаш е лесно, нешто да уништиш, по нешто да плукнеш и нешто да искритикуваш, но да создадеш и обединиш е тежок и макотрпен процес. Чукна часот студентите во Р. Македонија да се обединат, но не затоа што исто размислуваме, туку напротив затоа што сме различни, не затоа што некој треба да не раководи, туку поради потребата од заедничко делување во земјатаи надвор од неа.
Од иста причина е потребна целосна реконструкција на НСУМ(Националната студентска Унија на Македонија), потребна е нова свежина и енергија, нови идеи и начини на делување. Истата е оформена во далечната 1994 година, а денес е рамноправна и призната членка на ЕСУ (Европската Студентска Унија) и има свој член во 10-члениот Извршен одбор. Денес можам гордо да кажам дека македонските студенти се европски студенти, а дека обединувањето ќе не направи силни во очите на македонската и меѓународната јавност. Да живее УКИМ! Да живеат македонските студенти!
Во оние моменти кога сработеното ти се руши, а твојата иднина на факултет е загрозена, ја сфаќаш потребата за истрајност и борба, но преку институционален пат. Зошто прво институционален, а не на улица? Прво затоа што е демократски и правилно, а второ затоа што секој интелектуалец така би постапил.
Во оние моменти кога сработеното ти се руши, а твојата иднина на факултет е загрозена, ја сфаќаш потребата за истрајност и борба, но преку институционален пат. Зошто прво институционален, а не на улица? Прво затоа што е демократски и правилно, а второ затоа што секој интелектуалец така би постапил. Искуството е сила како што е и самото знаење, можеби и поголема и поважна. Моето искуство ме научи каде се слабостите и каде треба да се поработи за да се зајакнат предностите на нашата организација.
СПУКМ, поранешен ССУКМ е дом на врвни интелектуалци, низ неговите редови поминале граѓани кои се дел од македонската општествена елита (професори, доктори, политичари, музичари, итн) и како таков е чест и задоволство, па барем и на 2 години да бидеш домаќин на ова големо семејство. Капацитетот и искуството на нашите претходници, е нешто кое ние не планираме да го занемариме или заборавиме, туку напротив планираме да го искористиме. Охрабрен од бившите членови, студентите и сопственото убедување се решив да одам чекор понатаму, да научам да слушам пред да почнам да зборувам, да научам да соработувам пред да почнам да критикувам и пред се да им дишам во врат на институциите на системот и да ги потсетувам дека тие секогаш можат да направат нешто повеќе за студентите.
Реновиравме читална во студентски дом, за да ги потсетиме дека треба домот да се реновира, ги поттикнавме студентите дека треба да се обратат до нас, за да ги потсетиме надлежните дека преку 50% од случаите за корупција се решаваат и тоа со посредство на нашата студентска организација, започнавме кампања за поевтин и подостапен јавен превоз за студенти како што беше ветено, за да потсетиме дека има начин тоа да се случи, што ќе биде од сето тоа остануваме да видиме. Исто така неколку работи сакам да напоменам, и тоа дека НЕ се плашиме од нетранспарентност, бидејќи web страната е во завршна фаза, а нашата програма за работа и финансискиот извештај се точки од дневниот ред на Сенатот на најстариот и најголем Универзитет во Р. Македонија и НЕ се плашиме од нелегитимност, затоа што преку 8.500 студенти излегоа да гласаат на изборите за СПУКМ (за разлика од оние 8.000 на минатите избори кога УКИМ имаше повеќе запишани студенти).
Тука не застануваме, сметаме дека фалат уште две круцијални целини за да биле цело кога има се. Следејќи ги трендовите на развојот на технологијата, потребата од информирање, истражување и потрага по јавен став, сметаме дека на македонската јавна сцена и е потребен нов студентски интернет медиум, кој ќе служи како телевизиски информативен сервис на студентите. Овој проект е обемен и е во почетна фаза, но сепак ентузијазмот и одлучноста на иницијаторите дава додатна енергија и сигурност дека сме на работ на една нова успешна приказна.
Денес можам гордо да кажам дека македонските студенти се европски студенти, а дека обединувањето ќе не направи силни во очите на македонската и меѓународната јавност. Да живее УКИМ! Да живеат македонските студенти!