Кога ќе се постигнете договор за прашањето за името, вие ќе добиети покана, затоа треба да направите напор да најдете решение на тоа прашање, за доброто на државата и на регионот, изјави помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман.
Македонија ќе стане земја членка на НАТО штом се донесе било какво решение за името, изјави помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман, по средбата со Министерот за надворешни работи Никола Попоски.
„Одлуките од нашиот Самит во Букурешт, повторени на нашиот последен Самит во Чикаго остануваат – Кога ќе се постигнете договор за прашањето за името, вие ќе добиети покана, затоа треба да направите напор да најдете решение на тоа прашање, за доброто на државата и на регионот.“
Амбасадорот Бренгелман ја предводи делегацијата на НАТО која е во редовна годишна посета на Македонија. Тој на средбите со државниот врв се запознава со прогресот на земјава во однос на имплементација на реформите кои се во насока за целосно интегрирање во Алијансата.
„Земјите членки на НАТО гледаат на политичкиот процес, тука го напоменавме процесот кој започна на први март. Во општи црти НАТО е најмногу зиантересирано за напредокот кој земјата го постигнува во веќе добро познатите полиња како владеењето на правото, правосудството и состојбата со медиумите, знаеме дека тука постoи една дебата поврзанa со медиумите која никако да престане. Воедно НАТО се залага за целосно имплементирање на Рамковниот договор и за развој на меѓунационалните односи, што е тешко, но е реално и остварливо“, рече Бренгелман.
За власта години наназад стратешка цел е зачленувањето на земјава во НАТО. Според државниот врв, Македонија ги има исполнето условите за да стане членка на НАТО уште во 2008 година, а членството е блокирано поради прашањето со Грција. Министерот за надворешни работи Никола Попоски рече дека се уште не добиле одговор од грчка страна на писмото кое неодамна му го испрати премирот Никола Груевски, на неговиот колега Андонис Самарас.
„Не, нема повратен одговор. Нашата цел е да има определено придвижување, покажуваме проактивност и го потвдуваме оној пристап кој го имаме во последниов период. Мислам дека преголема цена плаќаме од определно ниво на дефокусираност во грчкото политичко водство во однос на ненадминување на проблемот во услови во кои Македонија е блокирана на патот кон членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.“
Македонија иако не е членка на НАТО, активно учествува во нејзините мисии во кризните подрачја. Денеска во Авганистан заминуваат 156 македонски војници.
Делегацијата од НАТО денеска се среќава со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за спроведување на Рамковниот Договор Муса Џафери, како и со министрите за одбрана Талат Џафери и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска
Одлуките од нашиот Самит во Букурешт, повторени на нашиот последен Самит во Чикаго остануваат – Кога ќе се постигнете договор за прашањето за името, вие ќе добиети покана, затоа треба да направите напор да најдете решение на тоа прашање, за доброто на државата и на регионот.Дирк Бренгелман, помошник на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот.
„Одлуките од нашиот Самит во Букурешт, повторени на нашиот последен Самит во Чикаго остануваат – Кога ќе се постигнете договор за прашањето за името, вие ќе добиети покана, затоа треба да направите напор да најдете решение на тоа прашање, за доброто на државата и на регионот.“
Амбасадорот Бренгелман ја предводи делегацијата на НАТО која е во редовна годишна посета на Македонија. Тој на средбите со државниот врв се запознава со прогресот на земјава во однос на имплементација на реформите кои се во насока за целосно интегрирање во Алијансата.
Не, нема повратен одговор. Мислам дека преголема цена плаќаме од определно ниво на дефокусираност во грчкото политичко водство во однос на ненадминување на проблемот во услови во кои Македонија е блокирана на патот кон членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.Никола Попоски ,министер за надворешни работи.