Порано со чекови, а сега со кредитни картички. Но како и да е, пари има помалку, поради што и летото е некако пократко. Тоа ги принуди и туристичките агенции да го намалат времетраењето на аранжманите на 7 дена.
Едни со доза на прекор, други со доза на изненаденост, трети со доза на издишка ги изброија Македонците, над 25.000, кои последниот продолжен викенд ја преминаа македонско-грчката граница со намера и во овие тешки времиња да помирисаат море. Оние првите се прашуваа зошто таму наместо во Охрид, оние другите имаат јасни одговори зошто.
„Охрид е прескап, не нудат никакви услови.“
„Охрид само така, да речам на еден ден. Еве сега бевме пред некој ден, туристи нема воопшто, градот е мртов.“
„Во Охрид не значи дека е малку поевтино, иако сме да речеме во рамките на нашата држава и не сме на море, туку сме на езеро“, велат анкетираните граѓани.
Најголем број од Македонците и во остатокот од летото ќе заминуваат во соседна Грција, потврдуваат туристичките агенции кои се веќе добро запознаени со побарувачката на туристите за ова лето. Граѓаните отфрлаат секакво ставање на нивниот одмор во политички контекст. Велат на личен и семеен план нема да водат политика, туку ќе се раководат според пресметката - каде добиваат најмногу за најниска цена.
„Најверојатно Албанија или Грција.“
„Турција.“
„Најверојатно Грција.“
РСЕ: Подалеку не можете?
„Засега не, за две-три години може, ама две-три години да не одам на одмор за да заштедам за подалеку“, велат граѓаните.
Близината на дестинацијата и цените се пресудни. Грција нуди опции за сечиј џеб, велат од агенциите.
„Ја бираат Грција затоа што во предсезона има доста евтини цени, има организиран превоз. На пример првите тури, овие што почнуваат од мај, па и почетокот на јуни, цените се движат од 50, 55 до 70 евра со организиран превоз за седум ноќевања по лице, што е достапно за сечиј џеб. Плус тоа одат во апартмани, знаете како е сместувањето, апартмани со комплет опремена кујна. Сега не е за да каже човек, си носат јадење од овде, велат истите пари ќе ги потрошам и овде“, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елида турс“ од Охрид.
Различни понуди во однос на сместувањето, различни форми да се протуркаат барем неколку дена. Пресметките се практични.
„Убаво е, блиску е, најблиско и убаво море“, велат граѓаните.
Во Охрид еден одмор би чинел исто, тврдат граѓаните, а за истата цена може да бидат на море. Домашните туристички дестинации сè уште се во мирување. До овој период од сезоната тие се неатрактивни, особено за домашните туристи, а се очекува да се зголеми интересот за нив дури можеби наредниот месец. Годинава домашни туристи во Охрид има дури и помалку од минатата година, велат од агенциите, но таа бројка е секогаш тешко да се измери затоа што не е познато каде точно се сместуваат и на кој начин. Познато е дека најголем број од пристигнатите во Охрид, барем засега, се сместени во сопствени станови и викендички, а се очекува дека и во текот на летото најбројни ќе бидат овие туристи.
Филип Мишевски, заменик директор на Метропол - Езерски комплекс Охрид, вели дека во однос на најуспешната сезона во изминативе 20 години, 2008 година, бројот на домашни туристи во Охрид е намален за дури 50 проценти.
„Ако имало 1,2 милиони ноќевања, сега има максимум 600 илјади регистрирани ноќевања во Охрид. Одиме на комбинација од спортски туризам, овој период има спортски кампови, комбинација од семинарски туризам, комбинација од странски гости, претежно од Холандија и тоа е туризмот кај нас“, вели Мишевски.
Она што ќе ги спаси агенциите и граѓаните се платежните картички и можноста одморот да се плаќа и откако ќе биде заборавен. Најмалку 30 проценти од граѓаните ќе одат на одмор на кредит.
„Можност за плаќање ни даваат и банките, и ние им даваме на рати без камата со кредитни платежни картички, што сепак за странката е интересна понуда“, вели Битрак.
„Поминаа чековите, сега дојдоа кредитните картички, така што се користат кредитните картички, веројатно им одговараат условите на тие кои ги користат и на некој начин сите се задоволни“, изјави Миле Спировски, од агенцијата Турист од Битола.
Истото го потврдуваат и анкетираните граѓани.
„Преку кредитни картички, од 6 до 12 рати, зависи.“
„Нормално на рати, инаку кеш нема шанси“, велат граѓаните.
Од друга страна, агенциите тврдат дека ги имаат намалено цените колку што е можно.
„Прилагодени се и нашите понуди на џебот, стандардот на нашите граѓани. Ако некој производ во нашата држава е најевтин, по мое мислење, со пад на цената за истата услуга споредено со од пред пет или десет години, тоа е туристичкиот производ“, вели Спировски.
За граѓаните, пак, цените и натаму се високи, а дел од нив тврдат дека се повисоки од лани.
„За ист хотел, ако направите една анализа за последните пет години, во просек по 120-130 евра од аранжман се поскапени. Претходната година ако било 700 евра, сега истиот аранжман во истиот хотел е 820 евра“, велат граѓаните.
Годинава е особено нагласен трендот на скратување на деновите за одмор, велат од агенциите, па затоа и она што е најмасовна понуда се седумдневните аранжмани. Зафатеноста со работа, но и финансиските можности ги дефинираа ваквите трендови. Оттаму и понудата на агенциите е прилагодена на побарувачката на туристите и тие нудат најчесто ваков тип аранжмани. Агенциите тврдат дека работат за помала заработувачка и дека за сметка на квалитетните и скапи понуди, сметаат на поголем број потрошени аранжмани.
„Нашата заработувачка е минимална, одиме со минимум, но одиме на масовност, пак тука некако се прилагодуваме. Според анализите кои ние, туристичките работници, ги имаме правено, дојдовме до еден заклучок дека повеќе од 7 дена многу ретко има побарување. Затоа можеби 90 отсто од аранжманите, барем во мојата агенција, се за престој од осум дена со седум ноќевања со вклучен или со сопствен превоз. Беше 14 дена едно време, па 10, па 9 дена, сега е веќе донесено до 7“, посочува Спировски.
Побарувачката за подалечните дестинации е во постојано опаѓање, велат туристичките работници. Некои покрај Грција ја споменуваат и Турција, некои и Црна Гора и толку. Италија, Шпанија, Дубаи и нешто слично се сè поретко барани дестинации за летување.
Колку е поголема сиромаштијата, толку туристите се приближуваат кон своето поблиско опкружување, вели професор Науме Мариноски од Факултетот за туризам во Охрид. Тоа сè повеќе може да значи и свртување кон околните излетнички места за најголем дел од популацијата која се вбројува во сиромашна.
„Тоа значи дека намалувањето на материјалните можности директно влијае, како на бројот на ангажирани денови за туристичка активност, така и на општата мобилност. Апсолутно дека тој тренд е во насока на намалување на бројот на туристи, посебно во домашниот сектор. Како што кризата доживува експанзија, така ќе се движи понатаму и овој сектор“, вели Мариноски.
Одморот е сè повеќе потиснат во категоријата луксуз, а тоа значи дека граѓаните се борат да ги задоволат примарните потреби на семејството. Пензионерите и повозрасните одамна заборавиле на ваквиот тип задоволство, но во последниве години и особено годинава, велат одморот станува недостижен и за нивните деца.
„Пет години сум приватник и за прв пат чувствувам дека не можам да одвојам за годишен одмор, а и децата нема да одат.“
„Никаде. Немам работа, немам пари, никаков статус, имам две години до пензија, ни социјално, ништо, ништо, страшно“, велат граѓаните.
Процентот на сиромаштија во земјава според најновите податоци изнесени во извештајот на Светската Банка изнесува 42 проценти, а 53 проценти од младите на возраст до 24 години се невработени. Истовремено се регистрира и пораст на трошоците на живот и тој индекс во јуни е зголемен за 4,2 отсто во споредба со истиот месец лани. Туристичките работници потврдуваат дека ова се одразува и на можностите на граѓаните да заминат на одмор.
„Имаме најави на почетокот дека продажбата е падната за 20 до 30 отсто во однос на минатата година“, изјави Татјана Перовиќ Митрова од Стопанската комора за туризам на Македонија.
„Помал е бројот на заинтересирани за поскапите дестинации“, посочува Битрак.
За оние кои ги следат состојбите во домашниот туризам, годинава е забележително зголемувањето на бројката на туристи од странство во Македонија.
„Најголем број имаме туристи од Холандија, земјите од Бенелукс, Белгија оваа година се појавува и некаде досега преку 8 илјади туристи има од Турција. Има статистички податоци за до април, бројот на странски туристи е зголемен за околу 10,5 отсто“, вели Перовиќ Митрова.
Годинава, според најавите, тие очекуваат и дополнително зголемување на странските туристи, на што Охрид особено се радува, вели Елида .
„Не само Холанѓани, има и Белијци, Јапонци, Турци, Украинци, Руси гледам, зголемен е бројот, има една фреквенција голема“, вели Битрак.
Охрид нема да може да ја надомести загубата на домашните туристи со новиот интерес на гостите од странство и во градот секако ќе се слеат далеку помалку средства од претходните години, тврдат туристичките работници. Дел од охридските хотелиери, пак, велат дека единствен спас за нив се двата потега на владата за намалување на даноците кон нив и за субвенционирање на странските тур оператори. Тоа, како што вели Мишевски, годинава повторно ќе донесе туристи, најмногу од земјите на Бенелукс.
„Тие намалувања се страшно големи за српски и бугарски гости и за македонски гости, а на таа сметка е зголемен за државите од Бенелукс, и тоа е добар потег на владата. Сè додека се држат субвенциите, тие гости ќе ги имаме тука и добра работа е што од минатата година имаме намалување на данокот за хотелите од 18 на 5 отсто“, вели тој.
Многу работи лежат во свеста на македонските граѓани за своето, побрзо би ги дале парите во странство, вели Мишевски.
„Ние не сме свесни за своето, ние сме свесни само за тоа како надвор да ги потрошиме парите, а не внатре, да го градиме нашиот производ. Тоа е во свеста на една нација, не може менталниот склоп на луѓето да го промениш“, вели Мишевски.
Но не треба и да се споредува езерската понуда со атрактивноста на морето. Сепак додава дека и за тоа постои решение. Македонија, и особено Охрид како најпозната туристичка дестинација, мора да менува нешто во својата понуда, од унифицирани цени почнувајќи од такси превозот до проширување на понудата со бројни други атракции, посочува Мишевски.
„Треба инвестиции, прво патот да се направи и после треба да се направи и зоолошка градина и некој добар аква-парк, и спортска сала, и терени за тенис требаат. Треба да се направи скијачкиот терен, тука има можност да се скија до јуни, конкретно јас скијав на 2 мај горе на Галичица, како алтернатива кажувам. Пешачките патеки да се одбележат, треба да се одбележат велосипедски патеки во градот. Многу работи треба да се средат. Инфраструктурно треба да се подобриме за да имаме добар производ“, вели тој.
Освен тоа, како што додава Мишевски, инфраструктурата битно влијае на работите. Сè уште многу полесно се стасува до Халкидики отколку до Охрид. Среќа што странците слетуваат директно на охридскиот аеродром.
Ја бираат Грција затоа што во предсезона има доста евтини цени, има организиран превоз. На пример првите тури, овие што почнуваат од мај, па и почетокот на јуни, цените се движат од 50, 55 до 70 евра со организиран превоз за седум ноќевања по лице, што е достапно за сечиј џеб. Плус тоа одат во апартмани, знаете како е сместувањето, апартмани со комплет опремена кујна. Сега не е за да каже човек, си носат јадење од овде, велат истите пари ќе ги потрошам и овде.Елида Битрак, туристичка агенција „Елида турс“ од Охрид.
„Охрид е прескап, не нудат никакви услови.“
„Охрид само така, да речам на еден ден. Еве сега бевме пред некој ден, туристи нема воопшто, градот е мртов.“
„Во Охрид не значи дека е малку поевтино, иако сме да речеме во рамките на нашата држава и не сме на море, туку сме на езеро“, велат анкетираните граѓани.
Најголем број од Македонците и во остатокот од летото ќе заминуваат во соседна Грција, потврдуваат туристичките агенции кои се веќе добро запознаени со побарувачката на туристите за ова лето. Граѓаните отфрлаат секакво ставање на нивниот одмор во политички контекст. Велат на личен и семеен план нема да водат политика, туку ќе се раководат според пресметката - каде добиваат најмногу за најниска цена.
Ако имало 1,2 милиони ноќевања, сега има максимум 600 илјади регистрирани ноќевања во Охрид. Одиме на комбинација од спортски туризам, овој период има спортски кампови, комбинација од семинарски туризам, комбинација од странски гости, претежно од Холандија и тоа е туризмот кај нас.Филип Мишевски, заменик директор на Метропол - Езерски комплекс Охрид.
„Најверојатно Албанија или Грција.“
„Турција.“
„Најверојатно Грција.“
РСЕ: Подалеку не можете?
„Засега не, за две-три години може, ама две-три години да не одам на одмор за да заштедам за подалеку“, велат граѓаните.
Близината на дестинацијата и цените се пресудни. Грција нуди опции за сечиј џеб, велат од агенциите.
„Ја бираат Грција затоа што во предсезона има доста евтини цени, има организиран превоз. На пример првите тури, овие што почнуваат од мај, па и почетокот на јуни, цените се движат од 50, 55 до 70 евра со организиран превоз за седум ноќевања по лице, што е достапно за сечиј џеб. Плус тоа одат во апартмани, знаете како е сместувањето, апартмани со комплет опремена кујна. Сега не е за да каже човек, си носат јадење од овде, велат истите пари ќе ги потрошам и овде“, вели Елида Битрак од туристичката агенција „Елида турс“ од Охрид.
За ист хотел, ако направите една анализа за последните пет години, во просек по 120-130 евра од аранжман се поскапени. Претходната година ако било 700 евра, сега истиот аранжман во истиот хотел е 820 евра.Анкетиран граѓанин.
Различни понуди во однос на сместувањето, различни форми да се протуркаат барем неколку дена. Пресметките се практични.
„Убаво е, блиску е, најблиско и убаво море“, велат граѓаните.
Во Охрид еден одмор би чинел исто, тврдат граѓаните, а за истата цена може да бидат на море. Домашните туристички дестинации сè уште се во мирување. До овој период од сезоната тие се неатрактивни, особено за домашните туристи, а се очекува да се зголеми интересот за нив дури можеби наредниот месец. Годинава домашни туристи во Охрид има дури и помалку од минатата година, велат од агенциите, но таа бројка е секогаш тешко да се измери затоа што не е познато каде точно се сместуваат и на кој начин. Познато е дека најголем број од пристигнатите во Охрид, барем засега, се сместени во сопствени станови и викендички, а се очекува дека и во текот на летото најбројни ќе бидат овие туристи.
Нашата заработувачка е минимална, одиме со минимум, но одиме на масовност, пак тука некако се прилагодуваме. Според анализите кои ние, туристичките работници, ги имаме правено, дојдовме до еден заклучок дека повеќе од 7 дена многу ретко има побарување. Затоа можеби 90 отсто од аранжманите, барем во мојата агенција, се за престој од осум дена со седум ноќевања со вклучен или со сопствен превоз. Беше 14 дена едно време, па 10, па 9 дена, сега е веќе донесено до 7.Миле Спировски, туристичка агенција Турист од Битола.
Филип Мишевски, заменик директор на Метропол - Езерски комплекс Охрид, вели дека во однос на најуспешната сезона во изминативе 20 години, 2008 година, бројот на домашни туристи во Охрид е намален за дури 50 проценти.
„Ако имало 1,2 милиони ноќевања, сега има максимум 600 илјади регистрирани ноќевања во Охрид. Одиме на комбинација од спортски туризам, овој период има спортски кампови, комбинација од семинарски туризам, комбинација од странски гости, претежно од Холандија и тоа е туризмот кај нас“, вели Мишевски.
Она што ќе ги спаси агенциите и граѓаните се платежните картички и можноста одморот да се плаќа и откако ќе биде заборавен. Најмалку 30 проценти од граѓаните ќе одат на одмор на кредит.
„Можност за плаќање ни даваат и банките, и ние им даваме на рати без камата со кредитни платежни картички, што сепак за странката е интересна понуда“, вели Битрак.
Тоа значи дека намалувањето на материјалните можности директно влијае, како на бројот на ангажирани денови за туристичка активност, така и на општата мобилност. Апсолутно дека тој тренд е во насока на намалување на бројот на туристи, посебно во домашниот сектор. Како што кризата доживува експанзија, така ќе се движи понатаму и овој сектор.Науме Мариноски, универзитетски професор на Факултетот за туризам во Охрид.
„Поминаа чековите, сега дојдоа кредитните картички, така што се користат кредитните картички, веројатно им одговараат условите на тие кои ги користат и на некој начин сите се задоволни“, изјави Миле Спировски, од агенцијата Турист од Битола.
Истото го потврдуваат и анкетираните граѓани.
„Преку кредитни картички, од 6 до 12 рати, зависи.“
„Нормално на рати, инаку кеш нема шанси“, велат граѓаните.
Од друга страна, агенциите тврдат дека ги имаат намалено цените колку што е можно.
„Прилагодени се и нашите понуди на џебот, стандардот на нашите граѓани. Ако некој производ во нашата држава е најевтин, по мое мислење, со пад на цената за истата услуга споредено со од пред пет или десет години, тоа е туристичкиот производ“, вели Спировски.
Имаме најави на почетокот дека продажбата е падната за 20 до 30 отсто во однос на минатата година.Татјана Перовиќ Митрова, Стопанска комора за туризам на Македонија.
За граѓаните, пак, цените и натаму се високи, а дел од нив тврдат дека се повисоки од лани.
„За ист хотел, ако направите една анализа за последните пет години, во просек по 120-130 евра од аранжман се поскапени. Претходната година ако било 700 евра, сега истиот аранжман во истиот хотел е 820 евра“, велат граѓаните.
Годинава е особено нагласен трендот на скратување на деновите за одмор, велат од агенциите, па затоа и она што е најмасовна понуда се седумдневните аранжмани. Зафатеноста со работа, но и финансиските можности ги дефинираа ваквите трендови. Оттаму и понудата на агенциите е прилагодена на побарувачката на туристите и тие нудат најчесто ваков тип аранжмани. Агенциите тврдат дека работат за помала заработувачка и дека за сметка на квалитетните и скапи понуди, сметаат на поголем број потрошени аранжмани.
Треба инвестиции, прво патот да се направи и после треба да се направи и зоолошка градина и некој добар аква-парк, и спортска сала, и терени за тенис требаат. Треба да се направи скијачкиот терен, тука има можност да се скија до јуни, конкретно јас скијав на 2 мај горе на Галичица, како алтернатива кажувам. Пешачките патеки да се одбележат, треба да се одбележат велосипедски патеки во градот. Многу работи треба да се средат. Инфраструктурно треба да се подобриме за да имаме добар производ.Филип Мишевски, заменик директор на Метропол - Езерски комплекс Охрид.