Ксемена Дедух е млада жена од Полска. Таа со своето семејство и едногодишната ќерка допатува во Прилеп да спортува на локалитетот Скаменета Баба. Гранитните карпи кои се распослани во регионот за неа се огромен предизвик.
„Бевме овде минатата година, многу ни се допаѓаат овие карпи, зашто се слични на едно место што го знаеме во Шпанија. Се договоривме со едни пријатели од Америка и се надеваме дека ќе имаме убава забава овде. Ова е голем регион и сè уште не сме го откриле цел. Овде има секако и голем потенцијал за болдерингот“, вели Дедух.
На овој локалитет го затекнавме и Хуан Галера од Шпанија. Тој е восхитен од убавините и атрактивноста на пределот, којшто се наоѓа во близина на вештачкото езеро. Вели освен совладување на карпите, тој се радува и на убавите мигови кои ќе помине со пријателите од многу европски држави.
„Посебноста на болдерингот е тоа што запознаваме многу луѓе, ги делиме карпите и има многу забава за сите нас. Освен тоа разменуваме многу значајни искуства за качувањето по карпите, за начинот на кој најлесно може да се открие пристапот до нив и терените на кои се качуваме“, вели шпанецот Галера.
Многу болдеристи и од Германија, Франција, Италија, Србија, Босна, соседна Албанија, од многу други држави во светот и во текот на целиот летен период ќе доаѓаат во Прилеп, ќе се дружат и спортуваат.
„Овој е спорт што цел живот учиш, колку си повозрасен, толку си поискусен, значи помладите имаат повеќе сила, но тие што се занимаваат долго време имаат повеќе техника, значи тоа не оди со младоста, туку со техниката, а техниката е како мудроста, доаѓа со времето“, вели Михајло Мотески, страстен качувач по карпи од Прилеп.
Тој заедно со своите пријатели изработил мапа за прилепските терени за болдеринг. Вели дека таа може да се најде на интернет, и особено е радосен кога ќе забележи низ градот болдеристи од странство.
„Ние имаме поддршка од локалната заедница, но треба и државата да посвети посебно внимание, да ги поддржи и оние локалитети не се многу во Македонија, еден од нив е и Болдер зона Прилеп, да ги искористиме за развој на туризмот, не се тоа класични туристи, тоа се туристи „глобтротер, за таа цел убаво би било кога нашиот град би собрал сили да направи еден камп“, вели Христо Белакапоски, инструктор на спортско-качувачкиот клуб Златоврв.
Според него, туристичкиот камп ќе го користат и оние кои сакаат да се качуваат, но и оние кои сакаат да патуваат, а немаат доволно пари да плаќаат за хотелско сместување. Од друга страна, на овој начин Прилеп и државата ќе доживее уште поголема промоција на своите природни ресурси и убавини ширум светот, а паралелно и уште повеќе ќе го развива болдерингот како алтернативен туризам за кој очигледно интересот расте од година в година.
Бевме овде минатата година, многу ни се допаѓаат овие карпи, зашто се слични на едно место што го знаеме во Шпанија. Се договоривме со едни пријатели од Америка и се надеваме дека ќе имаме убава забава овде. Ова е голем регион и сè уште не сме го откриле цел. Овде има секако и голем потенцијал за болдерингот.Ксемена Дедух, алпинистка од Полска.
„Бевме овде минатата година, многу ни се допаѓаат овие карпи, зашто се слични на едно место што го знаеме во Шпанија. Се договоривме со едни пријатели од Америка и се надеваме дека ќе имаме убава забава овде. Ова е голем регион и сè уште не сме го откриле цел. Овде има секако и голем потенцијал за болдерингот“, вели Дедух.
На овој локалитет го затекнавме и Хуан Галера од Шпанија. Тој е восхитен од убавините и атрактивноста на пределот, којшто се наоѓа во близина на вештачкото езеро. Вели освен совладување на карпите, тој се радува и на убавите мигови кои ќе помине со пријателите од многу европски држави.
„Посебноста на болдерингот е тоа што запознаваме многу луѓе, ги делиме карпите и има многу забава за сите нас. Освен тоа разменуваме многу значајни искуства за качувањето по карпите, за начинот на кој најлесно може да се открие пристапот до нив и терените на кои се качуваме“, вели шпанецот Галера.
Овој е спорт што цел живот учиш, колку си повозрасен, толку си поискусен, значи помладите имаат повеќе сила, но тие што се занимаваат долго време имаат повеќе техника, значи тоа не оди со младоста, туку со техниката, а техниката е како мудроста, доаѓа со времето.Михајло Мотески, качувач по карпи од Прилеп.