Села - Државата врши притисок врз Струга

Зиадин Села, градоначалник на Струга.

Државните институции и владата имаат „чудни “ одлуки кога е во прашање Струга, вели струшкиот градоначалник Зијадин Села. Тој обвинува дека централната власт го опструира.
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села обвинува за опструкции врз него од страна на централната власт во изминатите три месеци и притисоци врз работењето на локалната самоуправа во Струга. Села вели дека нема да отстапи од она што претходно го ветил, а тоа е од Струга да направи пристојно место за живеење и развиен туристички град. Прашува како е можно на Струга да и бидат одземени 300.000 евра од општинскиот буџет, додека на соседен Охрид да му бидат доделени дополнителни 3 милиони евра.
Резултат од овие три месеци како градоначалник е дека од страна на Министерството за финансии на општина Струга и се земени 300.000 евра, по основ на долгот што Охрид и Струга заедно го имаат за Проаква. На општина Охрид не и е земен ниту еден денар, а плус тоа од централниот буџет и се доделени плус 3 милиони евра.
Зијадин Села, градоначалник на Струга.

„Резултат од овие три месеци како градоначалник е дека од страна на Министерството за финансии на општина Струга и се земени 300.000 евра, по основ на долгот што Охрид и Струга заедно го имаат за Проаква. На општина Охрид не и е земен ниту еден денар, а плус тоа од централниот буџет и се доделени плус 3 милиони евра. Гледате за каква тенденција се работи, и затоа не треба да се дозволат овие работи, бидејќи овие работи се оддалечени само 15 километри“, рече Села.

Совет на општина Струга.


Села порачува дневните политики да се остават за во Влада и за во Собрание. Струшкиот градоначалник обвинува дека државата и комарците ги поделила по етничка основа, па на Струга не и доделила пари за прскање од комарци,и оти во оваа одлука се опфатени Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново и Облешево. Поради тоа општината сама решила да распише тендер за прскање против комарци.

Друг проблем со кој се соочуваме е и панорамскиот автобус. Направив барање како градоначалник да ни се обезбеди панорамски автобус исто како и за Охрид и Скопје, и одговорот беше негативен.
Зијадин Села, градоначалник на Струга.
„Го прашувам министерот за транспорт и врски на кој начин ги имаат поделено комарците. Врз база на етничка или политичка припадност и зошто не се прска и во Струга. Критериумот за прскање биле според посетеноста на градовите од туристи за време на туристичка сезона“, вели Села.

Села зборува и за други, според него, чудни одлуки на државните институции и владата кога е во прашање Струга.

„Се работи за барањето да се работи ревизија на работењето на работењето на претходниот градоначалник од страна на државната ревизија. Одговорот беше дека тоа не е предвидено во програмата таква работа, а имаат во програмата да одат во Охрид и таму да направат ревизија. Друг проблем со кој се соочуваме е и панорамскиот автобус. Направив барање како градоначалник да ни се обезбеди панорамски автобус исто како и за Охрид и Скопје, и одговорот беше негативен“, додава Села.

За да ситуацијата биде уште по иронична владата на Струга и понудила решение панорамскиот автобус од Охрид да го користи и Струга, реагира Села.