Груевски сугерира готовност за компромис

Средба на премиерот Никола Груевски со заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер. На средбата присуствуваа и министерот за надворшени работи Никола Попоски и американскиот амбасадор Пол Волерс. 17 јуни 2013 година во Скопје.

Писмото со кое премиерот Никола Груевски бара итна средба со неговиот грчки колега, за СДСМ е позитивен исчекор во функција на разрешување на спорот за името, но истовремено е и сигнал дека премиерот не се согласува со ставот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Писмото со кое премиерот Никола Груевски бара итна средба со неговиот грчки колега, за СДСМ е позитивен исчекор во функција на разрешување на спорот за името, но истовремено е и сигнал дека премиерот не се согласува со ставот на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој, пак, според социјалдемократите нè оддалечува од какво било решение.
Премиерот потврдува дека не е на иста линија со ставот на претседателот Ѓорге Иванов кој што секако, на сите им е јасно, дека нема да доведе до компромис или изнаоѓање решение за овој горлив проблем за Република Македонија.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Премиерот потврдува дека не е на иста линија со ставот на претседателот Ѓорге Иванов кој што секако, на сите им е јасно, дека нема да доведе до компромис или изнаоѓање решение за овој горлив проблем за Република Македонија“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.


Од владејачката Демократска унија за интеграција велат дека средбата ќе придонесе за создавање на меѓусебната доверба меѓу двете засегнати страни. Искрено се надеваме дека ваквата иницијатива на Груевски ја покажува неговата подготвеност за поголем исчекор во преговорите, велат од оваа партија.
Тоа всушност е еден потег којшто, ако ништо друго, има за цел уште еднаш да демонстрира подготвеност од страна на Република Македонија за решавање на спорот и ние се надеваме дека тоа всушност е вистинската и искрена цел и намера за оваа покана.
Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.

„Тоа всушност е еден потег којшто, ако ништо друго, има за цел уште еднаш да демонстрира подготвеност од страна на Република Македонија за решавање на спорот и ние се надеваме дека тоа всушност е вистинската и искрена цел и намера за оваа покана“, изјави Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.

За Тито Петковски од НСДП, реакцијата на Груевски не значи попусливост и подготвеност за отстапки, туку маркетинг за домашна употреба.

„Народот вели, ако нема дожд, добар е и градот, ако нема ништо конкретно, добро е и симулирање на некои активности, барем нашите партнери од Брисел да почувствуваат дека нешто Македонија чини на тој план“, вели Петковски.

Лидерот на СДСМ се воздржува од натамошни коментари по ова прашање, оти, како што посочува опозицијата, нема никакви информации или детали за последните предлози на медијаторот Метју Нимиц и за тоа како македонската страна се изјаснила по нив.

„Ние навистина не знаеме што се случува, ниту, пак, некој нè информирал за деталите што тоа Нимиц последно предлага, па двете страни, вклучително и нашата, последно дала согласност или не“, вели Заев.

Во писмото кое Груевски го испратил до Самарас, македонскиот премиер повикува на средба уште оваа недела, а според пишувањата на медиумите дава и предлог за разрешување на спорот меѓу двете земји, кој како што истакнал е многу посуштински од тоа што било разговарано на средбите меѓу премиерите на двете држави во минатото. Македонскиот премиер предложил создавање тимови на чело со премиерите, кои директно би разговарале за решавање на спорот и побарал поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.